ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Хормонска диета

 

Hormonska dijeta

Причината зашто оваа диета се наоѓа во рубриката здравје е многу едноставна - спаѓа во листата на диети кои не само што помагаат во губење на килограми туку и позитивно влијаат на здравствената состојба на целиот организам.

Хормонската диета ја направил Мајкл Азис, кој 8 години се занимава со научно истражувачка дејност пред да ја направи и опише оваа диета во книгата со наслов и поднаслов Диета на совршени 10 или 10 клучни хормони кои ја кријат тајната на брзото губење на килограми и помага одлично да се чуствувате....инспиративно зар не?

Самата книга ни носи важна порака дека популарните диети во кои има малку ( ни малку) маснотии и јагленохидрати ги вознемируваат хормоните и дека не се соодветни за одржување на тежината на подолг времеснки период.Др.Азис ни укажува на драматична промена и балансирање на хормоните со помош на одредена храна.

Др.Азис кажува дека најновите медицински истражувања покажале дека хормоните се клуч во губењето на килограмите и дека нивното доведување до оптимално ниво доаѓа до значително зголемување на енергијата,губиток на тежината и подобрување не само на физичкото туку и на психичкото здравје.Најновите истражувања покажале дека со примена на оваа диета се губи околу 7 килограми за 3 недели без чуство за глад, а исто така доаѓа до процес на подмладување така да доколку се решите за оваа диета можете да изгледате помлади.

Хормонска диета - основи

Др.Азис во својата книга наведува 10 величенствени хормони и нивната улога во организмот и како секој поединечно влијае на губењето на килограмите и на целокупното здравје.Потоа следи интересниот дел каде објаснува како храната која ја конзумираме влијае на хормоналниот баланс и наведува кои нутритиви се неопходни за организмот да да го доведе нивото на хормоните на оптимално ниво.По него вистинската причина за дебелеење лежи во рафинираните хидрати а не во мастите и затоа хормонската диета ги исфрлува од исхраната:

  • рафинираниот шеќер како и прозиводите кои содржат,
  • процесирана храна и
  • храна со префикс диетална

Пожелна храна се:

  • јајца
  • полномасни сирења
  • морски плодови
  • животинско месо
  • интегрални житарици
  • овошје со низок гликемичен индекс
  • големи количини на зеленчук

Самата хормонска диета има три фази:

Фаза 1
Иницијална фаза за брзо губење на килограмите.Оваа фаза трае три недели и опфаќа конзумирање на намирници со малку јагленохидрати и потполно елиминирање на житарици и алкохол.

Фаза 2
Трае се додека не се постигне саканата тежина а се конзумираат горе наведените намирници и тука дозволени се мали количини на интегрални житарки и мали количини на алкохол .

Фаза 3
Оваа фаза прераснува во животен стил и подразбира зголемена количина на житарки како и повремено благо .


Хормонска диета -пример за еднодневно мени

Кога малку подобро ќе се види менито не изгледа толку страшно дека некој ќе биде многу гладен,дозволени се варијации во посакувањето на храната.

Доручек:

  • органски јогурт со шумски плодови
  • каша од овес

    Ручек:

  • риба на скара
  • 2 лажици варен интегрален ориз
  • салата од свеж интегрален зеленчук

    Ужина:

  • портокал
  • парче колач со ораси

    Вечера:

  • pečena čureća prsa
  • velika salata od mešanog sezonskog povrća


Препораки за вежбање

Вежбањето е многу важна компонента на оваа диета и се препорачува секојдневно едночасовно шетање.Доколку сакате побрзи резултати потребно е да ги вклучите вежбите за сила и аеробик со времетрање од 45 минути три пати неделно.


Хормонска диета -причини зошто да ?

  • Се залага за внес на непроцесирана и органска храна
  • Се залага за внес на интегрални житарици и јагленохидрати со низок гликемичен индекс
  • Прави разлика помеѓу здравите и нездравите маснотии
  • Ги разоткрива митовите за држењето на диети
  • Го намалува ризокот од појава на зголемен холестерол,срцеви заболувања,хипертензија и рак.
  • Може да се користи како животен стил

Лоши страни на хормонската диета

  • На вегетаријанците може да им биде тешка диета
  • Кај поедини личности може да постигне нереални очекувања на бројот на изгубените килограми
  • Поединци може да почуствуваат малаксаност во првите денови бидејќи се намалува внесот на јагленохидрати.


Заклучок

Иако хормонската диета во книгата во која е објаснета и на прв поглед личи на слични диети кај кои се намалува внесот на јагленохидрати ,може да се рече дека е многу повеќе: дава информации за влијалието на хормоните за губењето на килограмите,метаболизмот и здравјето.Посебно е интересен делот како влијае внесот на намалените јагленохидрати и пореметувањата на тироидната жлезда како и намалувања на хормонот на раст.

За сите што сакаат да извлечат максимална корист од една диета (слабеење,подмладување,лечење) хормонската диета е вистински избор.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.