ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ХОРОСКОП ДИЕТА

   

Која е најдобра диета според вашиот хороскопски знак ?

Доколку сте љубител и верувате на астрологијата дознајте како метаболизмот на секој хороскопски знак функционира , во зависнот од тоа под кој знак сте родени мора да се внесуваат различни намирници. Проверете која е иделната исхрана за вашиот хороскопски знак .

Овен
(21. март - 19. април )

Овните се познати по тоа што се енергични и решителни, па секоја диета ќе ја започнат со прецизен план, ентузијазам и одлучност. Бидејќи сакаат брзи резултати, лесно ќе се откажат ако килограмите не почнат веднаш да се топат.Најдобра исхрана за овните ќе биде онаа која ќе им овозможи да јадат зачинета и разновидна храна.

Најдобра диета за припадниците на овој знак е Аткинсонова диета која се состои од риба, морски плодови, свежи салати и овошни сокови (особено јаболко и цитрон) како и големи количини вода. На тој начин ќе го контролираат својот силен „огнен“ метаболизам.

Наш предлог: Често мерење и Аткинсова диета

Разновидноста на храната во диетата и броење на калориите како и неделни состаноци со особи кои исто така се на диета ( групи за подршка и различни форуми на интернет) ќе им помогне да останат подолго и полесно да ја остварат својата цел .

 

Бик
(20. април - 20. мај)

Биковите, моќните земјени знакови, губат тежина тврдоглаво, полека и континуирано. Бидејќи по природа се многу трпеливи, еднаш кога ќе одлучат да бидат на диета, нема да им биде проблем да ги чекаат резултатите на диетата и темелно да се придржуваат на постулатите за здрава исхрана.


Наш предлог: Палео диета

Доколку ја следат оваа диета ќе мора да се откажат од јагленохидратите и житарките. Палео диетата е идеална за оние кои сакаат да уживаат во солените парчиња месо, многу зеленчук и овошје можат да јадат без никакво ограничување и гладување.

 

Близнаци
(21. мај - 21. јуни)

Близнаците сакаат интересни и нови диети. Тие не се пребирливи и склони се на лесно накачување на килограмите и заради тоа потребна им е разновидна исхрана во која секој ден ќе се јаде нешто различно.

Наш предлог: Медитеранска исхрана, Макробиотичка исхрана, Притикинова диета, UN диета

Овој начин на исхрана ќе им овозможи на близнаците да уживаат во интернационалните јадења додека се на овие диети. Медитеранската диета е всушност и здрав начин на исхрана и инспирирана е од традиционалната кујна на Италија, Грција, Мароко и Шпанија.
Макробиотичката исхрана ќе им даде ориентална нота, а Притикиновата ќе ги реши здравствените проблеми поврзани со преосетливоста на нервите.
UN дитата е наменета за близнаците кои имаат вишок килограми ама сепак сакаат и понатаму да уживаат во секојневните промени на јадењата.

 

Рак
(22. јуни - 22. јули )

Раковите имаат тенденција да јадат на емотивна база . Они сакаат сочни , обилни оброци со топли супи и вкусни варива во зима, а лесни освежителни салати во летото .

Наш предлог: Хроно диета


Оваа диета ќе им помогне на раковите да го зацврстат карактерот а во исто време да не ја потрошат својата енергија . Зашто би се жалеле кога сите намирници се дозволени, само битен е временскиот распоред.

 

 

Лав
(23. јули - 22. август )

Лавовите се страствени и уживаат во храната која мора да биде богата и вкусна. На нив им е потребна диета која има многу различни намирници, но исто така има и специфичен распоред кои мораат да го следат . Кога нешто ќе одлучат ништо не може да ги застане!

Наш предлог: Дуканова диета

Дукановата диета е со потекло од Франција и постои повеќе од 10 години . Во првата фаза на оваа диета се фокусираме на чистите протеини, а подоцна се додаваат и другите намирници. За лавовите првата фаза нема да биде воопшто тешка .

 

Девица
(23. август - 22. септември)

Девиците се природни и преферираат едноставен пристап кон храната. Не се љубители на комплицирани диети но сепак може многу лесно да станат жртви на некоја диета . Избегнете го тоа со одбирање на долгорочна и здрава исхрана .

Наш предлог: Вегетаријанство


Вегетаријанството е одлично за девиците . Свежите и интегрални намирници кои обично бараат малку време за припрема ќе им одговара за долготраен начин на исхрана , има многу видови на вегетаријанството но можат да одберат некој што вклучува јајца, млечни производи или риба .

 

Вага
(23. септември - 22. октомври )

Вагите сакаат живот кој е мирен и складен и сакаат доста благо. На вагите им треба исхрана која е складна како нив без да биде премногу строга и со ограничување .

Наш предлог: GI диета

Гликемиски индекс диетата ќе им овозможи на вагите да го задржат нивото на шекер во крвта и ќе ја изгубат желбата да вкусат било која храна која ќе им се појави .

 

Шкорпија
(23. октомври - 21. ноември )

Љубовта на шкорпиите кон храната не е толку голема како кај биковите но сепак е блиску. Додека биковите сакаат богати и разноврсни вкусови, Шкорпиите го имаат она : се или нешто пристап на исхрана и вежбање. Дури ни лавовите не можат да бидат како нив и можат само да им подзавидат кога е волјата во прашање.

Наш предлог: Течна диета

Течната диета е тоа што им треба на шкорпиите. Разноврсна , богата со вкусови и доста свежи намирници .

 

 

Стрелец
(22. ноември - 21. декември )

Стрелецот има слободен дух и ужива во егзотичните вкусови . Азиските вкусови се одлични за стрелците, исхраната која е фокусирана на зачини , кари , морски плодови , зеленчук ќе направат чудо за фигурата на стрелецот .

Наш предлог: Азиска диета

Оваа диета подразбира конзумирање на едноставни оброци со варен зеленчук, многу риба и морски плодови како и ориз . Вкусните сосови и зачинетата храна со кари ќе го заокружат овој начин на исхрана.

 

Јарец
(22. декември - 19. јануари )

Јарците се фокусирани, мирни и сакаат ред . Најдобар начин на исхрана за нив се оние диети кои им дозволуваат да конзумираат храна на која навикнале, многу се истрајни и затоа постигнуваат резултати.

Наш предлог: Следење, мерење на тежината , UN диета


Системот на пратење на тежината им одговара на потребите на Јарците да ја контролираат количината на храната и внесените калории , оваа диета им одговара и они без никаков проблем ќе издржат 3 месеци и нема да се откажат .

 

Водолија
(20. јануари - 18. февруари)

Кога е во прашање храната , Водолиите имаат карактер на бунтовници , они повеќе сакаат да направат сопствен план на оброци кои ќе им овозможи да ја изразат својата индивидуалност , но наоѓање на оваков план на диета која би можеле да ја држат ќе биде многу тешко.

Наш предлог: Диета со броење на калории

Броењето на калориите се идеални за водолиите бидејќи самите ќе можат да најдат комбинација на јадење која им одговара , бидејќи имаат и одредена доза на педантност на нив броењето на калориите ќе им иде многу лесно.

 

Риба
(19. февруари - 20. март )

За рибите храната треба да пријатно и релаксирачко искуство , нивниот план треба да биде без ограничување .

Наш предлог: Азиска диета, Течна диета, Кефир диета

Било која диета да ја одберат ќе им помогне да ја постигнат посакуваната тежина, дополнително може да вежбате.

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.