ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Хроно диета

 

hrono dijeta

Многумина ни се обратија со прашања врзани за хроно диетата и искуствата со неа.Исто така,
бараа едноставно ,лесно разбирливо прикажување на оваа диета и начини на најзино
спроведување.

Тимот на Диета.Нет-от не бил она што е и да целата диета да ја сведе на најмала можна мерка и,секако да ја тестира на доброволец во периодот од 21 ден. Приказната за успешноста/ неуспешноста на оваа диета е во вториот дел на овој текст- а за почеток еве малку теорија:


Koj ja “ измислил “ хроно диетата

Французот А. Делабос уште во дамнешната 1986 година ги поставил основите на хрононутрицијата а нејзиниот развој тече до денешните денови. А што открил Др-Делабос ? Па едноставно,дека не е секоја храна за секој дел од денот – една врста намирници е погодна за појадок,друга за ручек и вечера....Секако,и ужината има свој посебен “ тајминг “.Звучи интересно... Следната замисла и ветување на истражувачите који ја развивале и подобрувале идејата на нашиот добар доктор Делабос дека диеталците на хроно диетата не само дека трeба брзо да ја намалат тажината туку и
НИКОГАШ да не чуствуваат глад! И како шлаг на тортата – како да сето гореспомнато не е доволно – хрононутриционистите ветуваат и други доблести од оваа диета кои не се мали: генерално подобрување на здравствената состојба,преобликување на телото па дури и ослободување од целулитот (доколку го имате).


Хроно диета – практична примена

Доколку сте љубител на модерната кујна,имате малку знаење за прехрамбените намирници-многу лесно ќе го усвоите (а можеби и засакате) овој начин на исхрана.Основно правило кое треба веднаш да го запамтите е : Јаглено хидратите и протеините ,сем кога е појадокот во прашање, не се јадат во ист оброк.А еве ги и останатите информации што треба да работите кога сте на Хроно диетата:

За појадок:Јадете животински масти и интегрални житарки (интегрален леб,ориз и сл).Према Делабос,нашето тело лачи доволно ензими кои ги разградуваат мастите и протеините кога ќе се разбудиме,па појадокот може да биде богат,масен оброк со леб,путер,јајца,шунка,колбаси и сирење.Обилниот и богат појадок овозможува да сте помалку гладни во текот на денот.Се е дозволено сем шеќер и овошје затоа што многу брзо се разградуваат.

За ручек:Јадете во главно протеини (животински или други),и некој зеленчук,најдобро
подготвен на пареа или како свежа салата.Два пати неделно можете за ручек да јадете и намирници кои содржат јаглено хидрати и тоа со зеленчук.Но,никако протеини и јаглено хидрати во ист оброк!

Попладневна ужина:Јадете мала количина на масти од растително потекло:маслинки,ореви, путер од кикирики,мед или 30 гр темно чоколадо – нешто повеќе од две супени лажици.Или некое овошје со низок гликемиски индекс.

Вечера:Ова е најлесниот оброк во текот на денот кој вклучува риба,посно месо и малку
зеленчук.Или,ако сте сити од останатите оброци,само прескокнете ја!Избегнувајте навечер јаглено хидрати – споро се варат и имаат тенденција да се претвораат во маснотии

.
Во основа,појадувајте како крал,ручајте како принц а вечерајте како сиромав.


Додатни напомени :

  • Појадокот е ОБАВЕЗЕН
  • За појадок никогаш не јадете овошје,
  • Пијте доволно течности ,
  • Не треба да гладувате ниту во еден дел од денот,
  • Пожелно е оброците бидат во исто време секој ден и да растојанието помеѓу оброците биде минимално 4 часа,како би се смирила активноста на панкреасот,
  • Леб,тестените и скробен зелечук (компир) се јадат најдоцна до 15 часот.
  • Протеините од растителните извори можат да ги заменат животинските;
  • Нема грицкање помеѓу оброците! Значи,апсолутно ништо.
  • Млеко не се користи ,само неговите преработки: кисело млеко и сирење.
  • Никогаш не одете на спиење непосредно после оброкот – оставете му на желудникот бар два часа пред спиење да се “ избори “ со храната.

Неслагања

Окулу диеталниот план и цетералната идеја повеќето истражувачи се сложуваат.Меѓутоа,околу некој други работи има полемики.Некои автори наведуавват дека е потребно 4 – 6 недели за да дојде до прерасподелба на маснотиите во организмот,други ја наведуваат интолеранцијата кон намирниците ( се уште не потврдена приказна ),третите можноста за конзумирање на алкохол( во главно вино и шампањско) за време на диетата..Ови работи ќе ги оставиме по страна иако идејата за конзумирање на вино се чини многу примамлива и ,веројатно добриот доктор Делабос сакал малку да и угоди и на психата...

Инаку, истражувањата потврдуваат дека обилниот појадок богат со протеини,масти и јаглено хидрати дава подобри резултати кај диеталците отколку нискокалорискиот и ниско јаглено хидратниот појадок.Во студијата на Вирџинија Комонвелт Универзитетот,жените кои го јаделе својот најголем оброк за појадок,губеле во тежината и следните осум месеци,во споредба со жените на нискомасен појадок со малку јаглено хидрати( кои веднаш по престанокот на експериментот почнале да добиваат на тежината)


Заклучок

Вреди да се проба.На некои оваа диета им го сменила животот,некои не виделе никаква корист а некои дури и назадувале.Како и кај другите диети – пробајте ја и ако ви одговара – продолжете со спроведувањето додека не доједте до посакуваната тежина/ здравствена состојба.Доколку не ви одговара – барем ќе знаете дека не е за вас.


А сега искуствата со хроно диетата

Почитувајќи ѓи гореспомнатите правила авторот на текстот ја држеше оваа диета точно 21 ден.

Резултати:

  • 3,2 кг помалку
  • 4 цм помалку во струкот
  • 8 цм помалку во обемот на колковите
  • намалување на вкупната телесна маснотија за два процента
  • намалување на висцералната маснотија за две единици

Значи,диетата се покажа како успешна.Меѓутоа,( секогаш тоа меѓутоа ) :По завршувањето на диетата,само како експеримент и поради вас драги читатели( да, се жртвував поради вас)
- изедов за ручек еден лошо комбиниран оброк: компир пире ,50 гр месо и зеленчук.За вечера сладолед.И утредента вагата покажа 1,2 кг повеќе.Следниот ден( иако се вратив на хроно диетата вагата покажа уште 300 гр повеќе – значи дека од изгубените 3,2 кг успеав за нешто повеќе од 24 часа да “вратам “ скоро половина.).Да напоменам,нивото на активност беше ист во сите денови ( и на диета и вон неа : окулу 2 часа умерена активност односно потрошени окулу 800 кцал).

Секако , јас не се угоив 1,5 кг туку е во прашање промена на исхраната,течности и слични работи, но мислам да со добра диета и богат појадок – вакви варијации не би требало да се појавуваат.Или оваа диета едноставно не е за мене...Ќе и дадам шанса уште неколку дена а за вас кои сакате ја пробате еве ви матерјал за размислување.И јавувајте се што се случува кај вас.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.