ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

IP šejk dijeta

 

Напомена:Да нема забуна – диетата за која станува збор на оваа страница НЕ Е Ideal
Protein diet
, која се темели на протеински шејкови и навлегување во кетоза туку станува збор за Интегрален ориз шејк диета каде за подготовка на шејковите се користи интегрален ориз.

. . . . .

Како здраво да ослабнете 4 кг за 5 дена !

Дали ви е потребно брзо пролетно – есенско – зимско чистење, намалување на неколку вишок килограми и при тоа помош во јакнењето на органите за варење и црниот дроб?А заедно со сето тоа ,подготовката на оброците да не ви одзема повеќе од неколку минути , да е крајно едноставна и секако не чини многу пари.Долколку одговорот е ДА тогаш за вас е диетата со шејкови која на брз и ефикасен начин ќе ви помогне за само неколку дена да се чувствувате полесно, по свежо и кожата да ви добива младешки сјај.Одлична диета пред значајни настани и летувања во кои треба да покажете дека сте во форма без вообичаениот “ уморен “ изглед кои го оставаат другите диети.


Запознајте ја ИП шејк диетата

Главна состојка на оваа диета е интегралниот ориз ( по почетните букви и го добила името ) и тој се конзумира во вид на оризово млеко ( рецепт на дното од страната ) кое се комбинира со други намирници ( воглавно овошје и зеленчук).Овакви комбинации даваат лесно сварлив оброк кој е сепак заситен и организмот го снабдува со сите нутритиви а истовремено остава простор да направи “ поправки “ каде што е неопходно и да намали дел од вишокот на килограми.


Диетата се држи пет дена и во тој период можно е да се изгубат до 4 килограми и тоа без
гладување.После пауза од пет дена – диетата може да се повтори.Доколку правите пауза помеѓу два циклуси на диета - водете сметка оброците во тој меѓупериод да ви бидат помали отколку пред диетата и избегнувајте шеќер и масна храна.Причината за ова предупредување е едноставна : после пет дена диета вашиот организам – верувале или не – не е подготвен повторно да прима прости шеќери и маснотии во количини во кои сте ги внесувале пред диетата па може и бурно да реагира ( почести посети на тоалетот, блага гадливост и сл.)


Диетен план

Сите оброци се исти за сите 5 дена на диетата.Задолжителни се 4 шејка дневно а ваш избор е дали ќе бидат од овошје,зеленчук или основни.Сепак шејкот од зеленчук е задолжителен еднаш дневно.
Додатни напомени :

  • Овошните/зеленчуковите шејкови би требало да се пијат веднаш по подготовката
    додека основниот може да стои и до 8 часови во посебен сад ( термос ).
  • Доколку сте запослени основниот шејк ви е иделано решение бидејќи можете да го
    ставите во термос и да го испиете према распоредот.
  • Количината која ќе ја испиете не е точно одредена – најдобро е првиот ден малку да експериментирате бидејќи желбата за храна зависи од вашите предходни прехрамбени навики,тежината и чувството на глад.
  • Ако при подготовката користите замрзнат зеленчук/овошје предходно одмрзнете го бидејќи шејкот при конзумирањето треба да биде пријатно топол никако ладен.


Пример na распоред на шејковите за еден ден

Утрински шејк (се пие во периодот 7 – 9 часот)
Шејк од овошје
Начин на подготовка :Направете шејк од ½ литар оризово млеко и 8о гр со едно од следните овошја (свежо или смрзнато): јагоди, капини, малини, вишни, цреши.

Пладневен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 12 – 14 часот)
Шејк од зеленчук
Начин на подготовка : исто како и овошниот шејк само што се користи зеленчук по избор и тоа до 80 гр : парени цветови од брокули,парен морков,парена блитва или спанаќ. Доколку користите блитва и спанаќ додадете сок од четвртина лимон за да ја неутрализира оксалната киселина које ја содржи овој зеленчук.

Попладневен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 16 – 18 часот )
Исто како и за ручек со тоа што може да додатете патлиџан или 100мл пасиран патлиџан

Вечерен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 19 и 21 часот):
Шејк од оризово млеко и 1 банана.

Никако немојте да заборавите –на оваа диета никогаш не би требало да бидете гладни. Доколку почуствувате глад - тука секогаш е основниот шејк кој што може да го пиете во неограничени количини.


Како се прави млеко од интегрален ориз

Потребно е :

  • 1 шоља интегрален ориз
  • 20 шољи вода

Исчистен и измиен ориз пропржете го во сува тава додека не добије златно-темна боја.Мешајте често со дрвена лажица за да не загори.Ставете го во соодветен сад (лонец),додајте вода и на врвот на ножот сол.Варете го два часа и процедете го низ поголемо парче газа.Добивте оризово млеко и тоа е основа за сите шејкови.Доколку користите експрес лонец за да добиете оризово млеко намалете ја должината на варењето ( кога ќе порасне притисокот) на еден час и количината на вода се намалува на 10 шољи.Млекото може да стои до 3 дена во фрижидер.

 

Цедење на варениот интегрален ориз преку газа
  Оризово млеко

Основен шеик

Ставете половина литар млеко во блендерот,додајте лажица јачменов слад (или мед ) и сето тоа провртете го 60 секунди или додека да стане пенасто.Доколку не сте љубител на слатко – тогаш доволно е наместо слад или мед да додадете третина лажичка цимет и повторете ја истата постапка:Ванила во прав е исто така одличен избор.

Шејк со овошје / зеленчук

Слична постапка како и со основниот шеик само што има додатни напомени:

  • количината на овошје/зеленчук е максимално 1/6 од количината на млеко ( значи,на половина литар млеко може да додадете најмногу 80 гр јагоди).
  • зеленчукот можете да го направите неколку минути пред ставање во блендер и можете да го посолите по вкус.
  • доколку масата е многу густа – слободно додајте чиста вода но не повеќе од 2 дцл.
  • шејкот секогаш треба да е пенаст и да нема делови од овошјето/зеленчукот во себе.
  • шејкот треба да биде вкусен.Затоа зачинете го со сол,пипер и ароматични травки.
    Избегнувајте готови подобрувачи на вкусот!

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.