ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Момчето кое ветува...


...и ги исполнува ветувањата

Разговараме со Милош Љубомировиќ (18 ) од Белград, студент на Вишата хотели- ерска школа во Белград , добитник на повеќе награди и признаниа од областа на готвењето , резбарењето и декорирањето на јадењата.Со готвење се бави – верувале или не – од неговата седма година а стручњаците му предвидуваат многу успешна иднина во готварството !

Што било пресудно да играњето со автобили го замениш со подготовќи на намирници , а резултатите на својата работата односно играњето ,им го понудиш и на другите ?
- Кога бевме помали мајками работеше по цел ден , па моравме јас и брат ми да се
снаоѓаме а јас очигледно сум бил многу по вешт во тоа снаоѓање .

Како го доживуваш готвењето , како вештина ,занает или можеби уметност ?
- Како уметност.Тоа што ќе го направиш не треба да биде запазено само по пат на чулото на вкус туку и преку чулото на видот, затоа како што се вели, гостинот прво јаде со очите.Значи ,сите јадења мора да бидат како некои слики на чинијата и тоа треба да се уметнички дела.

Бидејќи си добитник на повеќе признаниа и нагаради од областа на готварството, можеш ли да ни опишеш како изгледаат наптреварувањата на готвачите и како жирито решава да од многуте разноврсни и вкусни јадења избере едно и баш него го награди со злато ?
-Бидејќи нашето училиште е едно од појаќите во државата и имаме одлични услови за вежбање а дава и доволно финансиски средства за квалитетни намирници – успехот не можеше да изостане.На натпреварувањата , имавме подобри презенатции што е еден од важните критериуми на жирито.Значи , прво жирито го вреднува изгледот – првиот впечаток е како јадењето е представено на чинијата а по тоа е вкусот.Секој член на жирито е должен да го проба јадењето, како и да ѓи следи сите натреварувачи од почетокот на подготовката на јадењето па се до крајот.Се гледа и тоа колку се натпреварувачите економични, дали ја одржуваат хигиената и уште многу ситници кои може да бидат пресудни за првото место.Натпреварувањата најчесто се одржуваат во големите хотели или во ресторани.



Uživanje i za oči i za stomak ili ko kaže da niskokalorična jela nisu ukusna i da ne mogu da izgledaju lepo...

Дали имаш некои идол во готварството ?
- Немам ниту еден идол , но ги сакам италијанските готвачи , ми се допаѓа нивното работење.

А дали би сакал ти да станеш идол на некои идни генерации готвачи ?
- Па не знам , зошто да не ...

Дали мислиш и дали ќе можеш да се бавиш со готвење целиот живот односно дали ќе ја имаш истата желба како и сега ?
Размислував и за тоа , иако готвам од времето кога бев мал сепак би сакал да работам до триесет и некоја година како готвач а потоа да му се посветам на резабарењето на овошјето и зеленчукот како и на декорацијата на јадењата – уште една готварска вештина која исклучително ја сакам..Би сакал резбарењето да го усовршам на некои курсеви ,можеби на Тајван ( бидејќи оваа земја е најпозната по тоа ), што би ми овозможило подоцна професионално да се занимавам само со резбарење , бидејќи е барано во подобрите хотели , на банкетите , во дворците – како додаток при сервирање на јадењата.



Nije sve ni u ukusu ili: "Gost prvo jede očima" . Što se nas tiče mi smo već pojeli :-) ...

Бидејќи веќе спомна дека се занимаваш и со резбарење на зеленчук и со украсување на јадењата, можеш ли да ни кажеш како се родила оваа љубов ?
- Се роди спонтано , при работењето во еден хотел видов една готвачка како прави цветови и други аражмани од зеленчук и тоа ми се допадна на прв поглед.Потоа и самиот пробав раезбарење дома, па пребарував на интернет и така малку по малку одпочнав да се занимавам и со тоа.Иако постојат сетови за професинално резбарење со разни калапи – јас користам само обичен нож – што е потежок начин, но причинува поголемо задоволство.

Колку време ти е потребно за да го изрезбариш некој зеленчук ?
- Па во зависност од големината, по ситниот зеленчук го завршувам за неколку минути, додека нешто по крупно како диња, тиква , лубеница може да трае и по неколку часа.

Да се свртиме кон светските трендови : Дали повеќе сакаш подготвување на поедноставни јадења или посложени и што мислиш за францускиот миминализам, односно три капки ова ,две лажичќи она и уште две – три парченца зеленчук и тоа представува цел оброк ?
- Не правам голема разлика помеѓу тоа, сакам и едноставни јадења затоа што по брзо се подготвуваат, но и комплициарани затоа што во нив уживам подолго додека ѓи приготвувам. Што се однесува до францускиот мимимализам, тоа е принцип на работа каде е 80 % слободен простор на чинијата и поентата е да се ужива во малите залчиња – чист хедонизам. Тоа е OK но јас повеќе сакам да уживам во храната со полна чинија.



Različito povrće i voće (rotkva, šargarepa, praziluk, limun...) u službi umetnosti

Што ти представува поголемо задволство кога подготвуваш некој оброк, дали сам да седнеш и уживаш во него или да го дадеш на некој друг, односно дали сакаш да готвиш за себе или за други ?
- Тоа е како поклон : По драго е да даваш отколку да примаш.Повеќе сакам кога ќе направам нешто и го послужам друг да проба и да ѓи каже своите коменатари на јадењето:Големо задволство ми е да го видам гостинот како ужива во тоа што сум му го подготвил.

Што мислиш за брзата храна ?
-Бидејќи сум од овие простори и јас ги сакам ќевапите, плескавиците и другите специјалитети на скара и за нив немам некои поголеми примедби.Меѓутоа , голем противник сум на инстант јадењата, брзата храна и премногу процесираната храна. Подобро е да се отиде во ресторан , да се земе некое јадење кое подолго и по здраво се подготвувало отколку да се купи нешто во трафика.Брзата храна е пред се богата со маснотии со лош квалитет што негативно влијае на здравјето а и доста здебелува..

А што за тебе значи здравата исхрана ?
-Здрава исхрана е за мене онаа која нема премногу маснотии, тесто а ни зачини. Доста луѓе сакаат премногу зачинета храна но овака приготвена го маскира вкусот на јадењето.



Vredi li dati bilo kakav potpis ispod ove slike? Možda... rotkvice, rotkvice i rotkvice... izrezbarene na mnogo načina

Што би им препорачал на читателите на dieta.net - како да се хранат, како да ја приготвуваат храната ,имаш ли некој совет ?
- Јадењата нека ги приготвуваат на пареа , да јадат што повеќе зеленчук, нека јадат и месо ( секако не масни и со кожичка ), како и доста риба. Сосовите нека не ги приготвуваат во длабока маснотија, туку на други начини и со сето тоа доста зеленчук

Кои се твоите планови за во иднина ?
-Би сакал да го завршам школувањето во странство, стално да се усовршувам- секако работејќи и во некој добар ресторан.

Кога , во овој момент , некој би ти понудил работа во странство , што би направил ?
- Веднаш би заминал , без обзир каде и да е само условите да се пристојни.Мене, желбата ми е да го пропатувам светот така да не би многу избирал.Секое ново искуство во оваа работа за мене е исклучително драгоцено како и запознавањето на кујните на разни народи.



Samo za čitaoce Dijeta.net-a Miloš je izrezbario bundeve za Noć veštica... buuuuuuuuuuaaaaaaaa!

И за крај : Можеж ли за читателите на dieta.net да откриеш некој пикантни и вкусни јадења кои немаат многу калории, затоа што како што можеш и самиот да предпоставиш нашите читатели , имаат одредени проблеми со тежината ?

- Со задоволство.Пријатно

Чорба од тиква   Риба од рерна

- 300 гр кромид
- 2 кг тиква
- 2 л вода
- сол, пипер , мешавина на зачини
мускатно оревче

На плитко масло да се пропржи
кромидот.Кога ќе стане стаклест
додадете рендана тиква.Сето тоа
заедно динстајте окулу 5 минути.


Зачинете.Кога тиквата подполно ќе
омекне испасирајте ја.Проверете гп
вкусот и додадете зачин ако треба.
После пасирањето додадете млеко
0,5 л и 1 /4 неутрална павлака –
растителна или млечна ) а густината
по потреба регулирајте ја со густин.

 

- Пастрмка
- лимон
- Лук
- сол, црн пипер
- бело вино

Исечете алуминиска фолија со го –
лемина на две и пол риби.Рибата
зачинете ја со сецкан лук, кругови
лимон и полијте со бело вино ,не
многу за да не се разлие.Фолијата
пклопете ја ,а потоа ивиците
свиткајте ѓи и се добро затворете
за да не може да влезе воздух.

Печете во рерна на 200 Ц 25 минути

.


Пилешко со ананас   Бела Хуанита ( торта )

- 500 гр пилешко ( бело месо )
- 1/4 неутрална павлака (растителна)
- 300 гр ананас
- 100 гр горгонзола
- сол, црн пипер, мешавина зачини

Пилешкото исечете го на коцкички
и пропржете на плитко масло.
Додатдете ананас на коцкички ( од
конзерва ), а затим налијте со
павлака наредете ја горгонзолата.

Може да се послужи со компири ,
тестенина , ориз со њоки ...



 

- 1 л млеко
- 20 гр желатин
- 15 лажици шеќер
- 400 гр шлаг крем (бел)
- 0,5 – 1 кг овошје ( јагоди ,малини,
Кајсии ,ананас)или чоколадни
Бананчиња.
Во 2 – 3 шолчиња млеко растопете
Желатин, а во останатото млеко
Ставевете шеќер , а потоа ставете го
Да проврие.Додадете разматен
Желатин и оставте да врие уште 5
Минути..Кога млекото ќе се излади
Додавајте една по една лажица шлаг
И матетете 15 минути.Калапот обле-
Пете го со фолија а потоа ставете ја
Полвина маса,потоа овошје па вто-
Рата половина маса.Тортата оладете ја и декорирајте по желба




 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.