ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Исхрана кај децата

 

Основи на исхрана кај децата

Зеленчук

Поголемиот број на родители знаат дека зеленчукот е многу важен дел од исхраната на децата бидејќи е добар извор на витамини , минерали и диетни влакна. На жалост многу родители има на кои им е многу тешко да ги натераат децата да сакаат зеленчук и редовно да го конзумираат.

Колку зеленчук би требало децата да конзумираат ?

Постои генерално правило дека е доволно 3-5 порции зеленчук дневно, но во основа на пирамидата на здравата исхрана стручнаците даваат прецизна препорака кои се базираат на староста и полот на вашето дете .

  • 2 – 3 години – 1 чаша зеленчук дневно
  • 4-8 години – 1-1/2 чаша зеленчук дневно
  • 9-13 години – девојчиња – 2 чаши
  • 9-13 години – машки – 2- 1/2 чаша дневно
  • 14 – 18 години девојчиња - 2 1/2 чаша
  • 14 – 18 години машки 3 чаши зеленчук секој ден

*Напоменуваме дека една мера за една чаша е 250 dcl. Тежината во грамови варира во однос на волуменот на зеленчукот кое го собира со една чаша, со тоа што под една чаша зелен зеленчук се подразбира количина која ќе ја собере во две чаши.

Доколку сакате да броите во оброци а не во чаши запамтите дека еден оброк е еднаков на 1/2 чаша свежо или варен зеленчук , една чаша лиснат или зелен или 1/2 чаша конзервирано или сварено . Оброкот за малите деца е сеуште мал па оброкот за двегодишните деца е еднаков отприлика на половина од возрасните .

Децата треба секогаш да јадат разноврсен зеленчук : темно зелено – брокула, зелка , спанаќ, зелена салата, портокалово – морков, тиква , зрнест зеленчук , пченка , грашок, грав како и карфиол, целер , краставица , домати , тиквици.

Како да ги натерате вашите деца да јадат зеленчук ?

Поголемиот број на стручнаци препорачуваат да се започне рано така што на детето ќе му се понуди широк избор на зеленчук и овошје . Од голема помош ќе биде ако :

  • Дадете добар пример со тоа што и вие ќе конзумирате зеленчук
  • Заедно со зеленчукот ќе понудите и ниско калорични преливи и намази
  • Ако ги додадете во храната која ја сака на пример во пицата , во сосот во шпагетите .
  • Ги мотивирате на начин сами да засадат зеленчук доколку можете или сами да одлучат и да пазарат .
  • Свежиот зеленчук понудете го како замена за грицки , на пример млад морков
  • Дајте им на децата можност да бираат . Во почетокот понудете им мали оброци и имајте на ум дека малите нема да пробаат нов зеленчук се додека не го видат најмалку 10 пати во својата чинија.

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.