ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Исхрана кај младите

 

Исхрана во пубертет

Исхраната во пубертетот мора да биде комплетна,богата со протеини и калории кои се неопходни за нормален раст и развој.Исто така е многу важно внесување на витамини и минерали.Девојчињата треба да внесуваат повеќе намирници кои се богати со железо која е важна состојка во крвта,и која се губи при менструација треба да се има во предвид дека на почетокот таа може да биде многу обилна.Заради тоа исхраната треба да има што повеќе намирници како црн дроб,јајца,свеж зеленчук и овожје.За да ги задоволиме потребите со хранливите состојки младите во пубертетот треба да внесуваат:

  • 500 gr млеко или кисело млеко или јогурт
  • 40 gr сирење
  • 100 gr месо
  • 100 gr тестенини
  • 200 gr леб
  • 200 gr компир
  • 300 gr зеленчук
  • 300 gr овошје
  • 30 gr масло од маслинки или маргарин
  • 30 gr мед.

Поред тоа и важно е и како се јаде.Денот треба да почне со обилен доручек кој ќе обезбеди доволно енергија за дневните активности.Ако го прескокнете доручекот во текот на попладнето се јавува умор,изнемоштеност и намалена концентрација.За време на ручекот и вечерата треба да додадете ужина која содржи колачи,кекс и овошни сокови.

Некои девојки се жалат дека не можат да се здебелат.Причина за слабеењето може да биде менструацијата која може да биде честа и обилна и ако тоа е причината треба да се обрати на лекар.Друга причина може да биде диетата што може да биде опасно по здравјето,но има и оние кои здраво се хранат а сепак не можат да ја поминат границата.Обично по престанокот на диетата престанува и слабиот изглед така да од тоа не треба да правиме проблем посебно ако општата здравствена состојба е во ред.

Од друга страна имаме и друга ситуација - некои девојки се жалат дека имаат повеќе килограми .Оние кои треба да скинат 5 килограми најдобро е да се обратат на лекар кој ќе им препише диета т.е програм на правилна исхрана која одговара на годините и физичката конституција.ДИЕТА БЕЗ ВЕЖБИ НЕ Е ПОЖЕЛНА!!!Ако диетата се држи без вежби поред масните ткива ќе се изгубат и мускулните влакна,а причината е што мускулите согоруваат калории побрзо него масти.Мускулите се движат и се активни а салото само си седи.Губитокот на мускулите е практично покана за килограмите да се вратат,кога ќе се вратат масата доаѓа во масти и се добива што поголема тежина него ли претходно.

Еден од начините со промена на режим на исхраната и избегнување на поедини состојки па во оваа прилика ви предложуваме да пробате да ги отргнете мастите од исхраната.Лекарите ја предложуваат оваа диета без масти.

"Предлози " за време на диетата се следни:
Конзумирајте храна која е само на листата и не конзумирајте повеќе од 15-15 гр.масти дневно:

  • ОВОШЈЕ - јаболки,банани,дињи,капини,грејпфрут,грозје,портокал,праска,
    круши,ананас,сливи,малини,јагоди и лубеница.
  • ЗЕЛЕНЧУК - грав,зелка,морков,карфиол,целер,краставица,зелена салата,печурки,лук,пиперка,домат,ротквица,кисела зелка,спанаќ,компир.
  • ТЕСТЕНИНИ - житарици,крекери,леб,ориз.
  • МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ - обезмастено млеко и јогурт.

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.