ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

Јагоди - вистински подарок од природата


Дивите јагоди се распространети по целата површина на земјата и се карактеризира со ситен плод и интензивнен вкус на домашна јагода.


Луѓето јагодите почнале да ги одгледуваат пред Христијанството, биле многу скапи во Стариот Рим , но после нивниот пад на нашиот простор биле заборавени.

Така се до средниот век кога повторно дошле во преден план но повеќе им е даден медецински него ли преграмбено значење. Тие не биле толку убави како денес. Заслугата за крупни , мирисни јагоди на нашата трпеза има францускиот инжењер кој на задача бил испратен во Чиле и Перу и таму ги видел овие крупни сорти па со себе донел и семе , и од тогаш почнува во Европа да се одгледуваат. Денес се најпопуларни трите врсти : асиета, најрана сорта слатка и ароматична , асиропа која зрее подоцна и плодот е цврст , месест и покрупна е , и селигра која е крупна со просечна тежина 100 гр. и по големина е како мандарината.

Јагодите содржат околу 80 % вода , што значи дека енергетската вредност е околу 25 kcal и има јаглено хидрати - глукоза, сахароза и фруктоза. Има малку целулоза и така е лесно сварлива. Содржи витамин Ц , витамините Б5, Б6, К, магнезиум , манган, како и бета каротен што ги чини делотворни во заштита на мекото ткиво од дегенерација , артритис и одржување на општото здравје на организмот. Пигментите антоцијан се благотворни во превенција на лечење на анемија.

Неодамна во Америка е направено истражување на антиоксидансните својства на храната и јагодите го завземаат 27 место на табелата. А што се однесува на овошјата е 4 одма после капините, боровницата и малината. Бета каротинот и феноли се моќен антиоксиданс. Калиумот помага во намалување на крвниот притисок. Јагодите делуваат превентивно при заболувања на болести на бубрезите, недостаток на витамини, хемороиди, рани знаци на артериосклероза, кожни заболувања, чир на желудник, малаксаност , слабокрвност, висок крвен притисок, нервна напнатост, крварење од матката, лошо варење на храната. Најновите истражувања покажале дека помагаат и при намалување на нивото на шекер во крвта и кај намалување на телесната температура.


Она на што треба да внимаваме е како да го складираме ова овошно богатство .Анализите покажуваат дека после берењето овошјето го губи најмногу витаминот Ц и антиоксидансите. Се препорачува складирање во затворени фолии.

Некои занимливости...

  • Индијанците ги познавале јагодите и пред доаѓањето на колонизаторите , ги мешале со леб.
  • Не растат во тропски краеви.
  • Шекспир ги опишал во Отело ...
  • Ана Болен втората жена на Хенри VIII имала на врвот на вратот белег во облик на јагодка, па затоа ја прогласиле за вештерка.
  • Во Белгија постои музеј за јагоди.

 

Неколку препораки и едноставни кулинарски експерименти со јагодите ...

  • Исецкајте ги и додадете ги во зелена салата.
  • Исецкајте ги и ставете дел од нив во чаша додадете дел боровница , прелијте ги со јогурт и ќе добиете одличен десерт.
  • Исецкајте ги јагодите и додадете цимет и сок од лимон и сируп од јавор , добиената смеса може да ви послужи за прелив за палачинки.

Јагодите се најомиленото овошје на многу луѓе. Нивната сезона е од април па се до крајот на јули кога се највкусни. Затоа уживајте во ова богатство...



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.