ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Како “ добрите “ јаглено хидрати го помагаат слабеењето



Дали почна да се разоткрива митот дека јаглено хидратите се главните кривци за вишокот на килограми и сите невољи што тоа ги носи ? Или е во прашање лоша информираност и неразбирање дека постојат разни врсти на јаглено хидрати и дека во зависност од нивното комбинирање , ние едноставно бираме дали ќе бидеме по дебели и троми или вити и полни со енергија.Прочитајте го долниот текст и сами донесете заклучок!

Сложени јаглено хидрати и вита линија

онзумирање на оброци со добро одбрани врсти на јаглено хидрати е малку позната тајна за вита линија.

Кога зборуваме за правата врста на јаглено хидрати , мислиме на сложени јаглено хидрати. Стотици истражувања спроведени на признаени универзитети и во центрите за истражувања покажале дека сложените јаглено хидрати како што се   интегралните житарќи ,гравот и махунките помагаат да јадете по малку ,да согорите повеќе калории ,да имате повеќе енергиа , да сте по отпорни на стрес и да го одржувате здравото ниво на холестерол.

Звучи премногу добро за да биде вистинито.Следуваат осум проверени причини поради кои треба да ѓи вратите сложените јаглено хидрати во вашиот живот ако сакате да го постигнете посакуваниот виток изглед.


Конзумирањето на сложени јаглено хидрати ве прави вити

Неодамнешното истржаување покажало дека најслабите луѓе конзумирале најмногу јаглено хидрати и дека оние буцмастите конзумирале најмалку јаглено хидрати. Истражувачите заклучиле дека вашиот труд да станете и останете вити е најефикасен кога 64 % од вашиот вкупен внес го сочинуваат јаглено хидратите, или 361 грам.

Тоа е еквивалент од неколку печени компири ( се кладиме дека тоа е храна која со децении сте избегнувале да ја јадете ).Повеќето диети со мал внес на јаглено хидрати биле ограничени на 30% од вкупниот калориски внес, понекогаш овие диети содржеле едвај 30 грама јаглени хидрати дневно.


Сложените јаглено хидрати даваат чуство на ситост.

Многу врсти на храна богати со сложени јаглено хидрати делуваат како моќни блокатори на апетитот – многу подобри од протеините и маснотиите.Овие посебни јаглено хидрати ви даваат енергиа затоа што по споро се варат од останатите врсти намирници придвижувајќи го чуството на ситост во мозокот и стомакот.Истражу – вањата спроведени во Велика Британија , потврдуваат дека конзумирањето на сложени јагленохидрати во едне оброк , е причина за 10 % помал калориски внес ( што е отприлика 150 – 200 калории за жени) во текот на следниот ден, затоа што чувствуваат помала глад .



Сложените јаглено хидрати ја ограничуваат гладта

Према тврдењата на истражувачите , кога испитаниците се прфрлат од ниско јагленохидратна диета на диета богата со влакна и сложени јаглено хидрати, се случува нешто непредвидливо.Во рок од два дена , желбата за конзумирање на големи количини храна се губи.Влакната и и сложените јагленохидрати ѓи задово – луваат нивните потреби и истовремено дозволуваат да јадат од онаа храна која ја сакаат.Овие јаглено хидрати исто така го подигаат нивото на хормоните за ситост кои на мозокот му испраќаат сигнал да го исклучи прекинувачот за глад а да го покрене метаболизамот.


Сложените јаглено хидрати го контролираат нивото на шеќерот во крвта и дијабетесот.

Добрата мешавина на јаглено хидрати е најдобар начин да се контролира нивото на шеќерот во крвта и така да се спречи дијабетесот.Истражувањата покажуваат дека учесниците кои што конзумирале намирници богати со сложени јаглено хидрати го снижувале нивото на шеќерот во крвта после оброкот и инсулинскиот одговор до 38 %.Јадете сложени јаглено хидрати кои ѓи сакате но комбинирајте ѓи така да не прават “ испади “ на нивото на шеќерот во крвта.Наместо да јадете бел ориз, земете интегрален и комбинирајте го грав, пченка или со други сложени јаглено хидрати кои ќе го одржат подобро балансиран нивото на шеќерот во крвта отколку ниска јагленохидратна диета.


Јаглено хидратите го забрзуваат метаболизамот

Сложените јаглено хидрати го забрзуваат вашиот метаболизам и останатите телесни механизми за согорување на мастите.Бидејќи сложените јаглено хидрати се движат низ дигестивниот систем, се ослободуваат масните кислеини кои потикнуваат согорување на маснотиите, посебно на вашиот стомак.Овие масни киселини помагаат во зачувувањето на мускулната маса што го потикнува вашиот метаболизам помагајќи ви побрзо да ослабнете.Истражувачите поставиле две групи на глувци на програма за гоење , и едната група ја хранеле со храна која имала низок ниво на сложени јаглено хидрати.Другата група ја хранеле со храна богата со прости јаглено хидрати.Глувците од првата група, кои се хранеле со храна со низок ниво на сложени јаглено хидрати , се гоеле и истовремено губеле од мускулната маса. Глувците од втората група , кои се хранети со оброци кои содржат висок процент сложени јаглени хидрати ја потикнувале мускулната маса и го одржувале метаболизмот.


Сложените јаглено хидрати ги раствораат мастите на вашиот абдомен

Јаглено хидратите ви помагаат да ја елиминирате маснотијата на вашиот абдомен побрзо од останата храна , дури и кога внесете иста количина калории.Кога научни- ците ги хранеле глувците со храна богата сложени јаглени хидрати , тоа ја зголе – мувало активноста на ензимите за согорување на маснотиите а ја намалувало активноста на ензимите за таложење на маснотии во телото.Ова значи дека масните клетки на абдоменот помалку упивале и таложеле калории како маснотија.


Сложените јаглено хидрати влијаат да се чувствувате задоволно

Јаглено хидратите ве држат подолг временски период задоволни од другите врсти на храна.Еве зошто : вашите мозочни клетки функционираат како компјутеризиран мерач на потрошувачка на гориво кои ве упатува да го дополните кога ќе забележи дека резервоарот за гориво ( стомакот ) е празен.

Храната богата со сложени јаглено хидрати го придвижува чувството на ситост во телото.Таа ослободува хормони на ситост во цревата и ѓи прави вашите клетки осетливи на инсулин.

Со зголемување на конзумирањето на заситна храна и со ослободувањето на хормонот на ситост , ќе ја намалите вашата глад и желбата за храна на минимум.


Сложените јаглено хидрати прават да се чувствувате добро сами со себе

Оние кои се придржуваат кон оваа диета со сложени јаглено хидрати се чувствуваат зајакнато кога ќе ослабат благодарејќи на јаглено хидратите.Ова е можеби единствен начин да се ослабе , да се чувствува добро а истовремено да не се исфрлаат цели групи на намирници. Одлично ,зарем не !



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.