ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Joga dijeta - za mršaveljenje i oblikovanje tela

 

Joga dijeta title=

Јога диетата представува збир на правила кои иако се крајно едноставни,даваат одлични
резултати видливи на вагата но и на телесните пропорции.Не мора да вежбате јога
за да ги усвоите долните правила.Ваквата исхрана ве потикнува да ги користите производите кои се корисни за вашето тело и кои релативно лесно се наоѓаат а нивниот извор е – природата.Значи,не мора да користите разни видови на вештачки витамини и хранливи апчиња, затоа што неопходните супстанци секојдневно ги добивате со внесување на квалитетни и добро
избалансирани намирници.

Со јога диетата може да водите здрав и исполнет живот ,истовремено штитејќи го телото од разни заболувања.Оваа диета ја подржува природната рамнотежа на природните сили во телото,збогатувајќи ги органите и ткивата со корисни нутритиви и ја подигнува менталната енергија.Правилата на јога диетата се прилично едноставни и разбирливи.

Основни правила на јога диетата

  • Никогаш не јадете стоејќи;
  • Јадете три оброка дневно;
  • Никогаш не ја подгревајте храната повторно;
  • Пијте 6 – 8 чаши вода дневно.Немојте да ја замените водата со чај,сокови и останати пијалоци;
  • Избегнувајте пржена храна,оваа храна е многу тешка за варење и го иритира желудникот.;
  • Направете ја храната привлечна ,на пример украсете ја со свежи растенија.


Пример на диетен план

Прв појадок: 150 – 200 гр било кое овошје;

Втор појадок:Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл),100 – 150 гр посно варено месо, (телешко,јунешко,риба или пилешко без кожа ),салата од свеж зеленчук без додатоци (можете да ја зачините со сок од лимон).

Ручек:Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл),100 – 150 гр сирење или варено јајце салата од свеж зеленчук без додатоци (освен сок од лимон).

Вечера: 150 – 200 грама било кое овошје.

Може да јадете различна храна.На пример ,денес јадете рибина чорба и риба.Утре јадетепилешка супа и пилешко месо.Може да направите едноставна салата од зелка,цвекло,моркови лук.Варијациите се многубројни а единствено ограничување е вашата фантазија.


Распоредот на оброците со два појадока дава можност оброците да ги распоредите така што нема да гладувате и лесно се прилагодува на било кој дневен ритам.Оброците се со избалансирана исхрана и телото не пати од недостаток на витамини и минерали.

Ефектот на јога диетата може значително да го подобрите со секојдневни физички активности.Иако го носи името во кое се споменува јога – не е неопходно да вежбате јога – доволна е и четириесет минутна брза прошетка,возење велосипед или пливање.Битно е секојдневно да сте во планираното движење.

 

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.