ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

КАКО ДО ПО ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ



На денешниот човек ,повеќе од било кога до сега ,му е потребна корекција на ставовите и промена на начинот на живеење.Тоа е промена која не ја менува само периферијата како што повеќето луѓе би сакале, туку навлегува длабоко доле до најтврдокорната само – слика ( его ), застарените верувања и непродуктивние
ментални програми- па и до самиот центар на нашето битие.Како што гледаме тоа е, многу повеќе од обична промена – всушност,тоа е внатрешна револуција.Дури на тоа ниво доаѓа до фундаментална промена во свесноста и , како нуспродукт,до корекција на нашите вкупни ставови.Се помалку од таа револуција не делува, запаметете го тоа.

Пред да успееме да се покренеме во правец на вистинските промени од кои ќе
почне да никнува еден нов,по здрав и просперитетен стил на животот,треба да си
поставиме некои важни прашања ?Пред се , зошто сум дошол на оваа земја? Кој
сум јас ? Што ми зборуваат сопствените проблеми и страдање кои ги доживувам
во животот ? Кое е мојот интерес во незадоволството,бесот, стравот,вечните
оправдувања,болестите,неуспесите и останатите работи кои ме саботираат ? Дали
мојот поглед на животот и изборот кој го правам потекнуваат директно од мене или
само сум така условен од страна на родителите и опшеството? Колку стварно ми
значи начинот на живеење кој моментално го водам?Што ја стварно сакам во
животот,покрај тоа што сум условен да сакам ? Ова се само некои од клучните
прашања кои би можеле да си ги поставиме самите себе.Целта на ова преиспиту-
вање е да станеме свесно свесни,или да ја увидиме од прва рака својата моментална
позиција во однос на самите себе ,просторот ,времето и другите луѓе ,како и да
да го разбудиме внатрешниот импулс за промена и слобода.Без тоа ,ќе чекориме
низ животот како автомати,во неможноста свесно да бираме и го усмеруваме
животот во правец на сеопштото исполнување.

Да предпоставиме дека ние сме некој кој е подготвен на длабоки внатрешни промени ,што треба да направиме?

Прво,треба да избереме некој правец и возило (техника) кои ќе не одведе негде т.е. од каде ќе можеме да го живееме својот живот и да растеме на природен начин.
Потоа,треба да патуваме и да правиме километража за да стекнеме неопходно знаење и искуство кое ќе не оспособи успешно да ракуваме со животните предизвици,од момент во момент.

Денес се популарни многу правци и техники со чија помош можеме да почнеме да ги менуваме работите во животот.Некој од солуциите кои докажано делуваат и кои може да ги користиме во создавање на еден нов,поздрав и просперитетен животен стил се :

Здрава прехрана

Здравата прехрана е прво на што повеќето луѓе помислуваат кога ќе решат да го коригираат својот животен стил во поздрав.

Ако јадеме третирана,рафинирана и мртва храна и комбинираме некомпатибилни врсти на храна,ако се храниме тогаш кога не е време,ако јадеме несвесно,брзо и притоа се прејадуваме,ако ја користиме храната како потискувач на енергијата со која не знаеме што да правиме и на тој начин ја храниме старата личност и емоциите,наместо желудникот, тогаш нашите телесни системи и менталната благосостојба ќе бидат во голема невоља.Здравата исхрана,како што гледаме опфаќа многу повеќе од исфрлување на месото,coca cola,белото брашно и шеќерот од своето мени и воведување на редовно конзумирање на овошје,зеленчук, житарки,комбуха и други нетретирани намирници.

Она што е клучно кога е во прашање храната е :

  1. Разбирање на принципот на хранливост или што ни треба во храната.
    Она што нам ни треба е животна енергија,витамини,минерали и останатите
    есенцијални состојки од храната.Затоа,кога навистина го разбираме принципот на
    “хранливост”,без сомнение ќе знаеме коа храна не е хранлива и таа да ја
    редуцираме на минимум,ако не и потполно да ја исфрлиме од репертоарот на
    она што го јадеме.
  2. Пронаоѓање на сопствен баланс во врска со тоа што,колку и кога да јадеме
    Најлесно е да се застапуваат разни теории (или воопшто да не се размислува за
    тоа што јадеме туку да јадеме што ќе стигнеме),било да се вегетеријански,
    макробиотички,или било кој , и да се мисли дека сме на прав пат.Меѓутоа,да се
    разбуди внатрешната интелигенција на телото и да се пронајде својот сопствен
    баланс во врска со храната не е баш лесно.Како и во јогата,балансирање со тоа
    што,колку и кога да јадеме се случува низ жив процес.Затоа е потребно време и
    истрајно истражување на свој сопствен пример.
  3. Развивање на свесен однос спрема храната која ја јадеме и фактот како нашиот
    организам и ум реагираат на конкретната храна.

    Ако ја подготвуваме храната со внимание,добри мисли,ентузиазам и љубов тоа
    ќе влијае на зголемување на нашата свест како храната делува на нашиот
    организам вклучувајќи ги емоциите и умот.На тој начин,преку feedback на телото
    ќе знаеме која е права храна за нас.
  4. Свесно уживање додека јадеме и благодарност кон земјата што ни дава храна.
    Ова го зголемува дејството на храната која ја јадеме и не задоволува на сите
    нивоа,така да немораме да се прејадуваме кога јадеме рутински од навика,или
    автоматски.Благодарноста кон изворот на храната од која живееме без сомнение
    ни создава сигурност дека секогаш ќе имаме повеќе отколку што е доволно храна
    која ќе ги задоволи потребите на нашето тело и душа.

Ако постои некоја теорија за исхраната,а ги има илјадници,тоа е дека нема универзална теорија,или со други зборови,секој од нас треба друга – сопствена теорија.Ние сме единствени во секој поглед- спрема тоа, ни треба и единствен и посебен третман.

Системи на вежбање како што се јога и таи чи

Ако сакаме да живееме по среќен ,по страстен,по интелегентен и по свесен живот кој
е исполнет со длабока цел или значење,тогаш јогата е секако за нас.Кога ќе научиме како да ја работиме јогата, тогаш таа е многу моќна работа.Јогата магично
делува на сите нивоа на нашето битие истовремено,односно холистички.Бидејќи
јогата значи прогресивен процес на прочистување и развој на нашето тело,умот
и емоциите,мора да бидеме подготвени и бескрајно трпеливи во вркса со траењето
на овој процес,ако треба и цел живот.На јогата затоа треба да и се пристапи како на
нераздвоен дел на остатокот од животот.Затоа,дури тогаш ќе може да изградиме
доволно трпеливост и толеранција за природниот тек на процесот на прочистување
и растење.На јогата треба да и се посветиме редовно,на долги патеќи, за да обереме
златни плодови.Но добра вест е дека јогата делува од самиот старт,само треба да
ја пробаме на прав начин.

Таи чи почива на принципот “ животот е движење” .Ако ја сакаме природата и
движењето,тогаш таи чи е за нас прав избор.Се вели дека само пет минути вежбање
дневно може да ни помогне да го намалиме стресот,го релаксираме умот и телото.
Таи чи е вештина која не доведува до хармонија и баланс на умот,виталната енергиа и физичкото тело.

Vipassana медитација,ослободување на медитацијата, gi gong, хомеопатија

Yogendra Rishi рекол : Vipassana, што значи да се гледаат работите онакви какви
што стварно се, е светска најстара,наједноставна ,но сепак најефективна метода на
медитација.Вистински научна и несекташка , таа е наречена “ универзален лек за
универзални болести “.Ако сме премногу расеани и немирни и си правиме на себе
проблеми таму каде ги нема,тогаш vipassana медитацијата е одличен лек за нас.

Ако сакаме да ја испробаме исцелителната моќ на дишењето,тогаш методата за
ослободување на дишењето qi gong е прав предизвик за нас.Тоа се моќни алатки
за промени.
Qi gong е исцелителна кинеска уметност.Вежбањето на qi gong вклучува комбинација на исправена става,правилно дишење и водење на вниманието.Целта е да се стимулира и балансира текот на животната енергиа низ нашето тело,умот и емоциите.Тоа влијае на ослободување на мускулната тензија,намалување на физичката болка,намалување на заморот,јакнење на имунолошкиот систем и создавање на емотивен баланс и чуство на благосотојба.

Ослободувањето на дишењето е моќна алатка која користи свесно поврзано дишење за исцелување на телото,емоциите и умот од хронични тензии,трауми,стравови,компулзивно
однесување,разни вознемирувања и од фиксираните ментални ставови.

Хомеопатија произлегува од законот “ слично со слично се лекува “.Основниот
принцип на хомеопатијата е третирањето на човекот како целина и како индивидуа.
Хомеоптатската медицина има за цел да ја коригира пореметената животна енергиа
и јакнење на силата на организмот сам да се излечи.Таа има фантастични ефекти,
предизвикува човекот да се сврти кон себе и кон ситуацијата окулу себе.Конечно.
хомеопатијата дозволува на човекот да живее во сегашноста ,што е права мерка
на здравјето..

Да се негува по здрав и по квалитетен животен стил,значи да се вратиме кон
корените кои се наоѓаат во природното и хармонично функционирање во однос
на реалноста.Ова е постепен процес на созревање и разбирање на нашата вкупна
ситуација која ја вклучува сегашноста,минатото и иднината.За да го покренеме
и да го одржиме тој процес на растење и увид во тоа што реално се случува ,треба
да изградиме нервна сила,способност за разликување ( што резултира со деиднти-
фикација од се што мислиме дека сме а не сме ) фокусирање на вниманието,
бескрајно трпение и свесно прифаќање на состојбите низ кои поминуваме.Сите
овие алатќи ,кои горе ги наведовме,може многу да ни помогнат во тоа.Тој што е
подготвен – не прави компромиси- тој бира еден од развојните патишта ,без
калкулации.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.