ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Како да се “ преживеат “ празниците



Празничните денови се зад нас а спомените на нив ни остануваат во облик на 2 -3 кг лошо варење , нечиста кожа...Немојте да кажете дека не сте јаделе и пиеле повеќе отколку што треба и дека не сте го “ заработиле “ она после празнично чуство на кривица кое сега треба да се елиминира.

Следуваат десет совети какао брзо да се вратите во “ нормала “ односно да ги неутрализирате деновите на претерување во храна и неактивност.

1. Пијте полно вода во текот на денот за да ја елиминирате дехидрираноста .Конзу – мирањето на алкохол, масната храна, и недостатокот на вода се некои од главните причини зошто луѓето се чувстваат дека се прејадени и дека се тешки , по празниците.Дури и клетките во вашето тело имаат потреба од соодветна вода за добро да функционираат така да треба да пиете најмалку 2 литри вода за да ѓи исфрлите маснотијата и токсините.

2. Земете квалитетни суплементи Б комплекс витамини и витамин Ц затоа што тие се губат при стрес и конзумирање на алкохол а веројатно двата фактори се присатни за време на празниците.

3. Јадете овошје наутро, на празен стомак – овошјето е најдобра храна која го чисти лимфниот систем и овозможува лимфата нормално да се движи.Лимфниот систем е она што се нарекува “ телесна верзија на перач на улиците “ – тој ѓи исфрла токсините ,маснотиите и продуктите на метаболизмот, ја намалува болката, воспа – ленијата, го намалува целулитот .

4. Јадете големи количини зелена салата за ручек и вечера, ако вечерате дома.Ако не можете два пати да јадете зелена салата ,може да ја замените со домати и краста – вици или некоја комбинација на зеленчук кој е достапен во сезоната( иако , со напредокот на производтсвото , скоро да нема више зеленчук кои што не може да се најде во било кој дел од годината ):На сето тоа додадете уште малку морска сол и малку исецкани свежи феферони и ќе имате вкусно јадење на брзина.

5. Секој два часа јадете по малку здрави грицки за да го стабилизирате шеќерот во крвта.Големите осцилации на шеќерот во крвта може да ви ја одземат енергијата , да причинат зголемување на телесната тежина, да ја јакнат желбата за храна и да го ослабат вашиот имунолошки систем што ќе овозможи да полесно добите грип или настинки во зимските месеци.Одлична варијанта е свеж .несолен бадем – има многу калциум, влакна кои го стабилизиарат шеќерот во крвта и протеини.Изедете 10 – 12 парчнња , помеѓу оброците , како грицки.

6. Избегнувајте да јадете слатќи , или храна засладена со вештачки засладувачи. Наместо тоа , земете овошје или растителен чај засладен со неколку капки стевиа- растение кое содржи природна супстанца која е 1000 пати по слатка од шеќерот а нема лоши ефекти на нивото на шеќерот во крвта.

7. Вклучете вежабање во вашиот дневен распоред.Минимум 20 минути интензивно вежбање ќе ви ја збрзаат циркулацијата на лимфата во телото ,ќе ви ја зголемат енергијата и ќе му помогнат на телото да ги согори насобраните калории во текот празниците .Ако е премногу ладно надвор, работете интензивни вежби дома. Тоа е еден од најдобрите начини да се потикне лимфата и да се елиминираат наслагите на целулит во вашето тело.

8. Избегнувајте маргарин и хидрогенизирана храна како и храна со транс масни киселини.Оваа токсична храна го успорува работењето на вашите органи за деток – сикација , како што е црниот дроб.Исто така овие супстанци бараат голема количина енергиоја за да се сварат.Влијаат на дебелеењето и се подлога за многу други здравствени проблеми.

9. Избегнувајте ја храната која содржи вештачки бои , адитиви и конзерванси. “Ако не можете да ја прочитате содржината ,немојте тоа да го јадете”. Со избегнување на оваква храна му давате можност на вашиот црн дроб да се одмори така да може да ја усмери енергијата кон согорување на маснотиите.

10. Вклучете го гравот во вашата исхрана ,додавајте го во супи ,салати и во други јадења.Махунките најчесто се забораваат како здрава храна иако се богати со протеини и диетни влакна и со сложени јаглено хидрати и ги чистат вашите црева , го стабилизираат шеќерот во крвта и ве држат сити со часови.Ако имате проблеми со варењето на махунките , земете ензими кои содржат целулоза и тоа ќе го подобри варењето на махунките.

Со овие неколку совети , можете да го почнете денот после било кои празници – по здрави , со повеќе енергиа и во комплетно подобра состојба.




 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.