ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Кефир ...подготовка на кефирот ...

Pravljenje Kefira

...и негово значење за добро здравје и витка линија!

Што е кефир?

Накратко речено кефирот претставува ферментирано млеко кое многу наликува на јогурт но содржи многу значајни пробиотски култури неопходни за добро здравје пред се за цревата па потоа и за целиот организам.Кефирот исто така прави млекото побрзо да се вари бидејќи ја намалува лактозата при ферментацијата.Може да се купи во продавница или да се направи во домашни услови со помош на кеферни зрнца /кристали што е многу подобра и поздрава опција а и поефтина опција особено ако вашиот избор за намалување на килограмите е со помош на кефир диетата.

Како да направите кефир?
Измиени зрнца од кефир /една супена лажица ги преливате со 250 мл. млеко, се остава во стаклен сад да отстои 24 часа па потоа млекото го процедувате низ пластична цедалка,вака процеденото млеко е готово за конзумирање.Кефирните зрнца кои се останати во цедалката се мијат со чиста вода ..иако оваа постапка можете да ја прескокнете бидејќи со секое миење се губи јачината на кефираните зрнца ..и повторно ги преливате со млеко.Постапката секојдневно ја повторувате и за 10 дена ќе имате многу повеќе зрнца што значи дека ке можете да подготвувате поголеми количини на кефир,после 10 дена вишокот на зрнца ќе можете да го поклоните или да го додадете во некој овошен шејк или едноставно да го изедете.

Кефрините зрнца претставуваат жива култура надворешо се бели а изгледаат како мали цветови на карфиол.Доколку немате а сакате да набавите кеферини зрнца можете да нарачате и да пуштите email на sgkozmetika@gmail.com

Постапка за подготовка на кефир со слики и зборови

Ставете лажица кефирни зрнца во стаклена тегла или шоља.Додадете најмалку шоља млеко и прекријте го со газа затоа што воздухот треба да циркулира а воедно спречува инсектите и мравките да навлезат во садот а истовремено оставаме кефирот да дише.

Оставете ја теглата во кујната на собна температура ,после 24 часа млекото треба да биде густо понекогаш може да дојде до одвојување на течноста ама тоа е нормално, само промешајте го и прецедете го.


Користете исклучиво пластична цедалка и платична лажица,поставете ја цедалката над стаклената тегла и ставете го млекото од кефир во неа,користете пластична лажица и пополека мешајте се додека кефирот не помине низ цедалката и останат само зрнцата.

Измите ги зрнцата кефир под млаз ладна вода и ставете ги во нова тегла за наредната подготовка на кефир.Кога ќе завршите ќе имате чаша густ кефир и тегла со кефирни зрнца спремни за да им се додаде млеко,со ова произвотство ќе имате доволно за секој ден.


Работи на кои мора да внимавате!!!

  • Не користете метален прибор,цедалки,лажички бидејќи можете да ги оштетите зрнцата кефир и да бидат некористливи.
  • Možete da fermentišete u frižideru, ali će za to biti potrebno nekoliko dana.
    Ako želite da napravite pauzu ili idete na put, možete da stavite zrna sa mlekom u frižider, i ona mogu tako da stoje nedelju i više dana.
  • Можете да ферментирате во фрижидер ама за тоа ќе ви биде потребно некоку дена Ако сакате да направите пауза или доколку одите на пат ,можете да ги ставите зрнцата кефир во фрижидер и така да стојат десетина дена.
  • Кефирините зрнца со тек на времето растат.После десет дена ќе имате доволно за да направите дупла доза или ќе можете да дадете на некого кој сака да приготвува кефир.
  • Можете да користите кравјо млеко,козјо млеко,сирово млеко,обично или органско млеко,менувајте ги млеката но сепак чувајте го керфирот во кравјо млеко.

Лековити својства

Кефирините зрнца или тибетанските печурки се употребуваат за подготовка на кефир кој е како природен лек против зголемен холестерол во крвта,камен во жолчката,за сите кардиоваскуларни болести,за регулација на крвниот притисок,смирува воспалителни процеси во организмот,поволно делува на работата на бубрезите и моkрачните канали.Особено е важно да се напомене дека е потврдено тибетанската печурка во својот состав има многу витамини неопходни за човечкиот организам,го намалува стареењето,го отстранува уморот а воедно и претставува и природно средство за потенција кај мажите и кај жените.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.