ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со кисела зелка

 

dijeta sa kiselim kupusom

Додека за многу луѓе киселата зелка претставува асоцијација на обична намирница во исхраната во ладните месеци,научниците работеле многу и донеле заклучок дека не е ни малку едноставна ниту обична ферментирана намирница туку како еден вид на супер исхрана.Киселата зелка го зајакнува имунолошкиот систем,помага во процесот на варењето на храната и како најбитно и најзначајно завзема главна улога во борбата против поедини видови на рак.Веројатно се прашувате какви се предностите на зелката и зашто диетата со киселата зелка се најде во рубриката ЗДРАВЈЕ а не во обичните диети?Па да почнеме .....


Киселата зелка и имунолошки систем....

Не е тајна дека киселата зелка има благотворно дејство на имуниот систем,во својот состав има витамини и минерали(кои исто така се наоѓаат во свежата зелка) , корисни фитохемикалии создадени со ферментација.Редовната исхрана со кисела зелка помага во борба против настинките,ја чисти проблематичната кожа,ја намалува телесната температура и ја прочистува крвта понатака помага во неутрализација на несаканите ефекти кај лошиот имунолошки систем.


Киселата зелка во борба против ракот.....

Последните студии покажале дека конзумирањето на кисела зелка го спречува растот на ракот посебно ракот на дојките,дебелото црево,белите дробиови и црниот дроб.Една студија која е направеа во едно списание за земјоделство и прехрамбена хемија покажува како процесот на ферментација делува во формирање на заштитен материјал кој го инхибира растот на туморот.Друга студија која доаѓа од Америка ни покажува дека конзумацијата на ферментираната зелка е подобра во борбата против ракот одколку да ја јадеме зелката свежа или варена.Како интересен пример се наведува студијата во која научниците ја споредуваат стапката на заболени од рак на жени од полско потекло и жените американки со полско потекло,американките со полско потекло повеќе заболуваат од рак а причината за тоа е дека пољакините јадат повеќе кисела зелка.



Киселата зелка и варењето на храна......

Како и јогуртот така и киселата зелка во својот состав има премногу корисни бактерии кои помагаат во одржувањето на рамнотежата внатре во гастроинтестиналниот тракт.Ферментираната зелка содржи посеби бактерии кои делуваат на имунолошкиот систем кои од друга страна стануваат непремостлива препрека за ( eširihiju koli, salmonela i kandida).Бактериите што се наоѓаат во киселата зелка помагаат во борбата против слободните радикалии ,го забрзуваат варењето на храната,треба да се потсетиме дека со помош на киселата зелка и нашите претци се лечеле и ја регулирале флората во цревниот тракт .


Борец против грипот ....

Птичјиот грип,свинскиот грип,и др .....Живееме во време каде постојат многу грипови и затоа е многу важно да се заштитиме и да превземеме посебни мерки како превентива кои секогаш ќе го одржуваат нашиот имунолошки сиситем во топ форма.За секоја среќа тука е киселата зелка кој се покажа како одличен борец против грипот.Можеби звучи анегдотски но да споменеме дека во Сеул е направен интересен експеримент : научниците хранеле 13 пилиња заразени со грип со екстракт со кисела зелка и 11 од нив потполно оздравеле.Толкувањто било дека со фементацијата значително го зголемува бројот на хранливи и заштитни материи и ја активира одбрамбената моќ на организмот .Последица на ферментацијата е и високото количесто на витамин C а киселата зелка исто така има способност да ја ослеснува разградбата и асимилацијата на протеините.

A сега...

Четиридневна диета со кисела зелка.....

Ако вашиот BMI е поголем од 30,со оваа диета можете да изгубите и 5 килограми за 4 дена.Оние со помалку BMI ќе имаат нешто помали резултати во зависност од високата тежина која ја имаат.Во оваа диета најзастапени се салатите но диетата трае само 4 дена сепак вреди да се проба ...сепак ќе знаете дека сте направиле нешто користно за вашето здравје.

1. ден

  • Доручек: 175 гр.немасно сирење и една кришка интегрален леб
  • Ручек: Вариво направено од 200 гр.кисела зелка и 100 гр.свинско месо и една крушка
  • Вечера: Салата од 150 гр.кисела зелка,4 ротквици,1/2 бели роткви и 1/2 краставица.Салатата прелијте ја со сос од 1 дл јогурт и една лажица мелени ореви

2. ден

  • Доручек: Салата од една банана(исецкана на крукчиња),150гр јогурт со намалена масленост и една лажица преку ноќ натопени овесни снегулки.
  • Ручек: Супа од 200гр.кисела зелка,100мл.чорба од зеленчук и 50 мл.сок од јаболко,додајте две пиперки благи-исцкајте ги на мали парчиња 5 минути пред подготовката на супата
  • Вечера: Салата од 200 гр.кисела зелка и 150гр.барена риба прелиена со лимон

3. ден

  • Доручек: салата од еден портокал и 150 гр.немасно сирење прелиени со семки од сончоглед една лажица.
  • Ручек: 150гр.пржена риба и 150 гр кисела зелка
  • Вечера: Палачинки од интегрално брашно и еден варен компир и салата направена од 100 гр.кисела зелка исечена на коцки и прелиена со лажичка маслиново масло

4. ден

  • Доручек: кришка интегрален леб,50гр.сирење гауда и една јаболка
  • Ручек: 200 гр.на скара печена телешко или мисиркино доколку не сакате телешко и 150гр.кисела зелка лесно динстано и кругови од ананас (2/3).
  • Вечера: салата од домат,100 гр кисела зелка и 125 гр.сланина



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.