ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Краставица диета

 

Krastavac dijeta
Диетата со крставици е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диетa затоа што диетниот план е многу едноставен: постојат само неколку
намирници кои се конзумираат,а самата диета се спроведува десет дена.Постои и продолжена
варијанта од 14 дена каде се забележани навистина одлични резултати: губиток од 7 килограми –
секако во зависниост од нивото на физичката активност.

Како практично изгледа краставица диетата ?

Основата на оваа диета е салатата од краставици коja може да се конзумира во неограничени
количини секогаш кога ќе се почувствува глад.Салатата е богата со нутритиви и не мора да се грижите дека нешто ќе ви недостасува во текот на десетодневниот режим.Останатите намирници кои се јадат во текот на денот се:

  • 2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од масло или 150 гр бело месо на скара.
  • 2 поголеми варени компири(може да се варат,печат во рерна но да не се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб.;
  • 500 грама свежо локално одгледувано овошје.

Од течности се пие обична вода ,чај а дозволено е и кафето (без шеќер).Строго се забранети газирани пијалоци,алкохол и слатки.

Со секој оброк како и помеѓу оброците –може да се јадат неограничени количини салати од краставици( погледни го рецептот доле ) или да се пие шејк од краставица-значи кога ќе ве нападне гладта слободно навалете на салата или шејк (види го рецептот при дното на страната)

Пример на мени :

Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставици;

Ужина:5 сливи или едно поглемо јаболко или праска...или некое друго сезонско овошје во вкупна тежина до 200 гр.;

Ручек: Тостиран интегрален леб+ чинија салата од краставица;

Ужина: Шејк од краставица (види го рецептот на крајот од текстот);

Вечера: Овошје по избор (до 300 гр )

Не заборавајте: Ако сте гладни помеѓу оброците (па дури и помеѓу ужината и оброкот)
може да конзумирате неограничени количини салата од краставици.


Како се подготвува салатата од краставици

Салатата се подготвува брзо и многу е едноставна.Потребните намирници се :

  • окулу 400 гр краставици;
  • 2 дцл кисело млеко или јогурт(кој има домашен кефир може да го употреби-варењето ќе му биде повеќе од благодарно);
  • ол и доколку сакате,млад кромид.

Начин на подготовка:

Излупете и исецкајте ги краставиците на сосема мали парчиња.Посолете ги,лесно промешајте за да правилно се распоредат и прелијте ги со кисело млеко,јогурт или кефир па повторно промешајте. По желба и вкус додајте ситно исецкан млад кромид и ...веднаш сервирајте.


Шејк од краставици

Во блендер ставете : една млада краставица (заедно со кората-секако добро измиена), една рака добро измиен спанаќ,едно кисело јаболко.По желба додадете малку изрендан свеж ѓумбир или ѓумбир во прав.Добро изблендирајте го ,налите го во чаша и одозгора посипете со парченца ореви или бадеми. Полека пијте додека е свежо затоа што ако стои подолго – губи хранливи материи.


Овој напиток ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали,а посебно со витамин А и К.Напитокот е исто така богат со влакна,магнезиум,железо,витамини Ц,Е и Б како и калциум и калиум.Цел спектар на сето она што ни е потребно и сето тоа во една чаша.

Додатни напомени

Иако ова е многу едноставна диета ,потребно е да обрнете внимание на квалитетот на намирниците - користете само свеж зеленчук и овошје од проверен снабдувач.
Умерената физичка активност е битна работа кај секоја диета па и кај оваа,па получасовното брзо шетање (тоа е она шетање кога почнувате да се потите )-значајно ќе помогне во губењето на вишокот килограми.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.