ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

44 Лесни начини за да согорите 100 калории

 

Vezbanje

Се што работите ги согорува калориите – дишењето , спиењето ,стоењето , како и сите останати активности кои ги вршите во текот на денот , и во кои помалку или повеќе уживате.Но што е потребно за да се потрошат само 100 калории? Можеби ќе бидете изненадени кога ќе видите колку малку или колку многу активности ви се потребни за да се постигне оваа цел! Во долниот текст ќе видите се : од стан – дардните вежби кои ги работите во теретаната до домашнте активности во кои може да потрошите 100 калории за само неколку минути.

Со долната листа на активности кои трошат 100 калории оди и идејата, дека следниот пат кога ќе посегнете кон вашите омилени грицки и / или слатки едноста – вно погледнете ја етикетата и видете ја нивната енерегетска вредност.Така ќе дојдете до интересни податоци колку време ви е потребно за да калориите од некое, често пати непотребно уживање , ги потрошите.

Значи иако периодите со помалку интезивни активности не се сметаат како класичен тренинг, тие се здравствено корисни и согоруваат додатни калории. Впрочем , колку по малку седите, тоа за вас е подобро.

44 начини за да потрошите 100 калории

(Вредностите се приближни и се дадени врз основа на тежината на лицето од 70 кг- колку сте потешки повеќе трошите калории во активностите.)



Вежбање

  • Велосипедизам : 23 минути необврзувачко возење.
  • Кардио танцување: 15 минути
  • Елиптикал : 8 минути
  • Прескокување јаже : 9 минути со умерен интензитет
  • Подигање на тегови , енергично : 15 минути.
  • Пилатес : 24 минути
  • Машина за веслање : 13 минути
  • Степер : 6 минути
  • Трчање : 9 минути со брзина од 9,7 км / час
  • Пливање : 15 минути со умерен интензитет.
  • Качување по скали : 11 минути
  • Шетање : 20 минути одење со брзина од 4,8 км / час
  • Аеробик на вода : 23 минути.
  • Јога : 20 минути
  • Зумба : 11 минути

 

Спорт и рекреативни активности

  • Кошарка, шутирање на кош : 20 минути
  • Куглање : 30 минути
  • Танцување во дневната соба :20 минути
  • Пикадо :35 минути
  • Лизгање – умерено : 18 минути
  • Фрлање фризби: 30 минути
  • Играње фудбал , лесно : 13 минути
  • Скијање , спуст : 10 минути.
  • Тенис ( дубл ) : 21 минути
  • Тенис ( сингл ) : 15 минути
  • Одбојка рекреативно : 26 минути
  • Скијање на вода : 15 минути

Работење во дворот

  • Косење на тревникот : 20 минути
  • Варосување на куќата : 18 минути
  • Собирање на лисјата : 23 минути
  • Чистење снег : 15 минути
  • Перење на колата : 20 минути
  • Уредување на градината : 18 минути

 

Секојдневни активности

  • Носење на дете : 24 минути
  • Чистење , умерен напор : 26 минути
  • Готвење : 34 минути
  • Миење на садови : 40 минути
  • Бришење на подот : 20 минути
  • Играње со децата : 23 минути
  • Буткање на количка : 35 минути
  • Прередување на намештајот : 14 минути
  • Купување : 38 минути
  • Бришење прашина : 23 минути
  • Шетање на кучето : 26 минути

 

Дали сте изненадени со количината на времето кое е потребно да се согорат 100 калории ? Кои од овие активности можете да ги вклучите во својот живот, за да потрошите 100 калории дневно ? Изберете го начинот кој најдобро се вклопува во вашиот распоред , и придржувајте се кон тоа !

 

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.