ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Убави нозе-трикови и совети

 

Lepe noge

Убави и долги нозе во денешно време се желба на секоја жена. Но како тие да ги добиеме ? Што ако природата баш и не била дарежлива према нас и ни “ поклонила “ кратки и дебели нозе ? Па , не ни преостанува ништо друго освен напорно да работиме и да го “ извлечеме “ тоа што е најдобро од нашата анатомија. Всушност , кога се ќе се собере и не е толку тешко да се имаат убави нозе : малку вежби , правилна исхрана и добра козметика подполно ќе ја исполнат оваа задача. Еве неколку едноставни совети кои ќе ги препородат вашите нозе и ќе ги покажат во поубава и позгодна светлина :


Убави нозе и тесни чевли

Чевли во кои се чувствуваме непријатно се најлошата работа која може да им се случи на вашите нозе. Ако вашите нозе се чувствуваат не пријатно во чевлите тоа може да доведе до создавање на болни црвени точки , задебелувања на кожата па и до брадавици.

Затоа :

  • Носете високи подпетици само во специјални прилики.Честото користење на високи подпетици може да ги оштети вашите нозе но и држењето.Високи- те подпетици можат да ги скратат мускулите окулу зглобот и да направат вашите нозе да изгледаат натечено.
  • Доколку е потребно , користете ортопедски влошки.


Нозете не ви се вити ? Време да примените некои визулени трикови ...

  • Ако имате дебели нозе , најдете згодни , удобни чевли со нешто повисоки клинести подпетици – тие ќе направат вашите нозе да изгледаат потенки и поженствени
  • Да живеат хулахопките !!! Ништо така не ги прави дебелите нозе по вити како црните , непрозирни хулахопки ! Ако сакате да ги “ продолжите “ нозете ,одберете црни хулахопки со вертикални пруги. Заборавете ѓи хулахопките со светли нијанси – во нив вашите нозе ќе изгледаат баш онакви какви се ( а можеби и по дебели )


Козметичка рутина за вашите нови , убави нозе .

  • Редовно масирајте ѓи стапалата! За масажа користете што и да сакате : креми за стапала , етерични масла или нешто трето.
  • Редовно одстранувајте ги слоевите на мртва кожа од стапалата.Тоа се прави лесно : Десетина минути потопете ги нозете во млака вода ( за да мртвата кожа омекне ) а потоа со турпија за петици или со камен одстранете ја мртвата кожа. Потоа употребете крема за нега на стапалата која ќе направи тие да бидат меки и свиленкасти.Со еден збор вашите убави нозе ќе блеснат !
  • Не заборавајте дека мртвата кожа се наоѓа по целите нозе и дека нежниот лифтинг не само дека ги одстранува мртвите клетќи туку е и одлична подготов- ка за одстранување на влакната , било која метода да ја изберете.
  • Користете масла за постигнување на благ сјај на нозете.Маслиновото и бадемо – вото масло одлично ќе послужат. Штедливо користете го маслото за да направите фина ,тенка емулзија која ќе помогне вашите нозе и буквално да заблескаат !

Vitke noge i stopala


И уште по некој брз совет ...

  • Притискање на центарот на стапалата со палецот и лесното масирање во траење од 3 минути значително го намалува физичкиот и психичкиот стрес.
  • За освежување на уморните нозе користете памучни доколеници натопени во вода во која се додадени 10 капки лимон или 10 капки етерично масло од мента. Многу бргу ќе почувствувате олеснување и освежување на заморените стопала.
  • Ако сакате убави нозе ,секако дека тоа не можете да го реализирате без веж – бање.Затоа лесните вежби на степерот или дури и танцот – ќе помогнат крвта да проструи , мускулите да се затегнат а вашите нозе да се почуствуваат “живи” Играњето на биљард е една од добрите вежби за затегнување на мускулите на нозете и нивно фино обликување.
  • И на крајот но не и најмалку важно – внимавајте на исхраната! Обидете се да достигнете нормална телесна тежина и водете сметка да ја задржите.Не може да очекувате да имате згодни нозе ако сте претешки.Целото тело треба да е сразмерно:Крупно тело и тенки нозе ( и обратно ) не е она што го посакуваме, зар не ?


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.