ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 


Не не убива угоеноста туку недостатокот на физичка активност!


manjak fizicke aktivnosti

Истражувањата покажуваат дека можете да бидете дебели но и во форма.Зошто сме
тогаш толку опседнати со тоа што јадеме , а не колку се движиме ?

Према податоците на бирото за статистика на Европската унија , врз основа на истражувањата за здравствената слика во Европа ,малку помалку од една четвртина на жените и скоро исто толку мажи во Велика Британија се угоени.Во меѓувреме, Dzejmi Oliver продолжува со кампањата за подобрување на исхраната во училиштата , бара од премиерот да овој проблем не се занемарува и повторно истакнува дека стопата на угоеност во Британија вртоглаво расте.

Меѓутоа , суштината на проблемот не е во тоа.Угоеноста не е тоа што ни го уништува здравјето и животот.Врз основа на податоците од истражувањата на
Купер Центарот, научникот Stiven Bler кој ја проучува физичката активност и
неговите колеги , дошле до заклучок дека можете да бидете во форма иако сте дебели.Истражувањата покажале деке во поглед на ризик од смрта , подобро е да
имате вишок килограми и да сте активни отколку да сте со просечна тежина и
неактивни .Bler смета дека физичката неактивност е најголем здравствен проблем
на XXI век.Сепак , наместо да обрнеме внимание на својот неактивен стил на
живеење , ние сме опседнати со дебелината.Едноставно не можеме да се воздржиме
од стоењето на вагата и тоа е основна карактеристика на програмата за слабеење.
Физичката активност е скоро секогаш на второ место , и тоа затоа што само ни
помага да ослабеме.Оваквото гледање на работите додатно го подржуваат медиуми –
те и кампањите, но опседнатоста со тежината и броењето на килограмите кои што
треба да ги изгубиме не ни помага да живееме подолго и по здраво нити ја намалува
оптеретеноста на здравствениот систем.Кампањите , како што е инцијативата Change Life ( Промена за живот ), ги комбинираат советите за исхраната и конзу –
мирањето на алкохолот со предлозите за физичките активности , но пораката мора
да биде многу по директна.Не треба да се прекоруваат младите и старите поради
нивните навики во исхраната и бројките кои ги покажува вагата, туку треба да им
се понудат многу по конкретни решениа кои кажуваат дека физичката активност
е предуслов за подолг и по здрав живот
.

Кога би им понудиле на луѓето лек кои ги дава сите овие предности без пропратни
ефекти ,сите би побрзале да го пробаат.Пилулата која ветува ист ефект , како само
30 минути активности со умерен интензитет би била вест на денот ширум светот. Но , бидејќи нема нов чудесен лек на пазарот и нема митска супер храна , тогаш
нема ни вести.Меѓутоа доказите се тука.Физичката активност може да го намали
ризикот од болестите на срцето , дијабетесот тип 2 и некои типови канцер и дури
да го одложи почетокот на губење на памтењето.Према зборовите на Карим Кан,
уредникот на Британскиот журнал за спортска медицина , за оптимално здравје
потребно е 60 минути активности дневно ( после тоа време здравствениот ефект
опаѓа ).Овде не станува збор за тоа дека секој треба да трча маратон или да одвои
време и пари кои ѓи нема за да оди во теретана секој ден.За многу луѓе , ова се
неостварливи цели кои водат кон чувство на неуспех и не враќаат на погрешен
пат на опседнатост со губење на неколку килограми затоа што задоволителниот
разултат на вагата ни дава чувство на моментално олеснување во поглед на стално
префрлање кое потекнува од нас самите и општеството во целост.Наместо тоа треба
да се вратиме кон физичката активност која модерниот начин на живеење ја
истиснал од нашата секојдневна рутина.Половина час активност бара напор, но
барем може да подели во вежбање од по 10 минути и да стане дел од животот без
пронаоѓање на празнина во дневниот распоред- а што е најважно од се , представува
нешто над што имаме контрола.Позитивната цел ќе биде секогаш далеку по привлечна отколку сталното префрлување кон луѓето поради нивните навики во
исхраната или покажувањето со прст во вишокот на килограми.

Тесното гледање на владите , кампањите и поединците на проблемот на угоеноста
треба да се менува , а ако не можеме да се ослободиме од својата опсесија, барем
качувањето и симнувањето од вагата се смета за активност ако се работи доволно
често.

Овој текст е прeвземен од сајтот на
британскиот весник Gardijan :
www.guardian.co.uk



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.