ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Дебелината може да се победи

   




slika 1: individualni trening

Со дијагностика и специјален тренинг до здравје и совршен изглед на секоја личност


Разговаравме со Марко Александриќ , дипломиран професор по спорт и физичко воспитување , кој се наоѓа на чело на тимот во “ Центарот за превенција на дебелината и оптимизирање на функционирањето на човечкиот организам “

Како ја објаснувате епидемијата на дебелеење ?
- Разни фактори влијаат на ваквата состојба.Храната е со лош квалитет ,со многу адитиви. Луѓето немаат време да се занимаваат со физичка активност ,работниот ден е долг.Човекот ја изгубил навиката да се движи.Телото е создадено за движење а не за седечки начин на живеење.Модерното доба носи со себе одредени проклет - ства.Дебелината е секако едно од нив.Кога знаеме дека денес преку 50 % од децата на училишна возраст се дебели или на граница да бидат ,тогаш не е тешко да се предвиди каква ќе биде состојбата за 10 – 15 години.

Дали постои начин да се спречи дебелината ?
- Ако проблемот го согледуваме индивидуално , решение постои.Водечките центри во светот кои се занимаваат со овој проблем , развиле специфични видови на тренинг прилагодени за оваа популација.Тие се покажале како сосема доволни да на подполно здрав и природен начин го решат проблемот на вишокот на телесната тежина. Накратко , во работата се користат разни техники на брзо одење, додека вежбите се изведуваат на принципот на хидраулика и отпор , за кои што може да се каже дека представуваат техника на иднината.Искуството покажало дека со овој вид на тренинг успехот е загарантиаран.



slika 2: individualni trening

Зошто и покрај овие сознанија, слабеењето оди тешко ?
-Јас сум убеден дека причината лежи во фактот дека луѓето сакааат резултати преку ноќ. Тоа е невозможна мисија. Со разни сомнителни препарати не само што нема да имаат успех туку може и да си го нарушат здравјето. Мој совет на сите кои имаат проблеми со дебелината е да одвојат време за негово решавање на природен начин, да го изменат пристапот и навиките и да имаат трпение.

Какви се вашите искуства во сите овие години на применување на ваков начин на работа, од аспект на резултати после ваквите методи на тренирање ?
-Може слободно да кажам дека резултатите се фантастични, а посебно ме импресионира желбата за работа и енергијата која полека се буди кај клиентите кои имаат вишок на килограми. Кога нивниот тренинг ќе го споредам со тренингот на рекреативците кои ја одржуваат телесната тежина, паѓа во очи дека после два-три месеца на работа тие имаат дури и подобри резултати, кога го имаме во предвид интензитетот, траењето, зачестеноста па и самата работна енергија. Изгледа дека таа енергија само чекала некој да и даде шанса за вистинска експанзија, а со ваква концепција на тренингот тоа ние дефинитивно и го правиме. Кога станува збор конкретно за резултатите успеавме да ги регулираме проблемите на вишокот од дури 60 килограми. На месечно ниво редукцијата е неретко од 7 до 12 килограми. Тоа што е најбитно е дека ние со искуството дојдовме до позиција да на клиентите им гарантираме трајна редукција на телесната тежина, без оглед дали е во прашање вишок од 10, 20 или 60 килограми.

Колкав е тој вишок на килограми кој почнува негативно да влијае на нашиот организам ?
- Дури и умерено или мало дебелеење треба да се лечи ако абдоминалното ткиво е богато со масти, затоа што зголемениот број и големината на масните клетки е здружена со нивната зголемена метаболичка активност. Од ова ткиво се ослободуваат масни киселини кои по пат на порте вената заминуваат во црниот дроб каде се синтетизираат триглицериди што доведува до инсулинска резистенција.



slika 3: merenje hipertenzivne reakcije na
napor nakon testa opterećenja

Дали е дебелината наследна ?
- Постојат повеќе наследни фактори но тоа не значи дека лицата кои ги имаат безусловно мораат да бидат дебели. Гените кои ги наследуваме се само плодно тло за развивање на дебелината доколку не водиме сметка за начинот на живеење. На дебелината може превентивно да се делува. Единствена разлика помеѓу поединците е начинот на кој нивните ткива реагираат на импулсите кои организмот ги прима во текот на тренингот и физичката активност. Со самото тоа, имаме лица на кои им е доволно само 3-4 месеци континуирана работа за совршен успех, додека на другите им е потребно и до 6 месеци. Бремето кое го носат лицата со наследени гени за дебелина значи дека нив им е потребно малку повеќе време за да ја оптимализираат телесната тежина.

Кои се фазите што лицето треба да ги помине за време на тренирењето ?
- Пред секое започнување на континуирана физичка активност секое лице би требало да изврши низа функционални тестирања со кои егзактно ќе се процени неговиот физички статус.Со помош на таква дијагностика се добиваат суштински информации и параметри кои служат во конципирањето на тренинзите до аспект на интензитетот ,трењето и зачестеноста на физичкото вежбање , како и основните превентивно – тераписки мерки , и во индивидуалното планирање на редукцијата на калорискиот внес.

Комплексот на тестови во ординацијата која је специјализирана за таква дијагнос – тика содржи:

- пополнување на медицинскиот формулар и анамнеза
- физикален наод и ЕКГ во мирување
- антропометриски мерења
- ергоспирометрија
- крај на тестот и мерења после напорот

Комплетна анализа на крвната слика , како и лабораториските анализи на уринот се исто така составен дел на целокупниот процес на тестирање и диајгностика.Овие резултати ја надополнуваат севкупната слика на физичката состојба на лицето кое решило да ги промени лошите животни навики и нас да ни довери да се грижиме за нејзиното здравје и физичкиот изглед.

Потоа следува фазата на подготовки на зглобовите и на локомоторниот апарат.Целта на оваа фаза е оптеретувањето постепено да се дозира.Со сет на специфични вежби се создаваат оптимални услови за работа.Се случуваат првите субјективни промени кај вежбачите , се создава чуство на моќ.Карактеристика на оваа фаза е јавување на некои попатни појави како реакции на организмот на специфичаната работа.Мали боцкања , крцкање во зглобовите ,болки во мускулите се фин показател дека телото се буди.После 20 – 30 денови на оваков вид на подготовки се отпочнува со фазата на топење.Организмот веќе се адаптирал на новите услови и високиот интензитет на вежбање. Сега доаѓа до израз стручноста.Важно е да се одреди односот на вкупната количина на работа и на одмор ,изборот на вежбите , брзината на изведување на движењата , бројот на сериите , избор на типот на паузата и на нејзината должина.

Последната фаза е одржување на достигнатите резултати.Лицата , после неколку месеци на тренирање стекнуваат навики за здрав начин на живеење.Полека се откриваат сите пријатности и благодети на физичкото вежбање и се воведува физичката активност како интегрален дел на живоотот.Исто така се случуваат пластични промени во ткивата кои стануваат по отпорни на повторното депонирање на мастите во организмот.



slika 4: monitor na kome se prati pravilnost srčanog rada na testu opterećenja

Што е потребно лицето да направи за да полесно се придржува кон програмата и за да постигне успех ?

  • Да пронајде мотив и да си постави јасна цел.
  • Да ги смени навиките.
  • Да научи да ги препознае знаците на успех (тонус на мускулите , губење на заморот, промена на конституцијата ).
  • Да има континуитет во работата, да биде стрплив и верува во себе.

Покрај превенцијата и третманот на дебелеењето уште кои програми се при-менуваат во пракса во Вашиот центар ?
- Ние исто така применуваме превентивни мерки во работата со рековаленсцентите, диајбетичарите, астматичарите ,спортистите и рекреативната популација.Тука се и секогаш популарните постпородилните програми ,корективната гимнастика и работата на правилниот развој на децата со посебно внимание на периодот на пубертетот.

Повеќе информации за сите програми ,дијагностиката и тестирањат вашите читатели може да добијат од презенатцијата на нашиот сајт.

www.centarzagojaznost.com

 




 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.