ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Тони Самара - Како здраво да се храните

   

 

Toni Samara

Toni Samara

Одличен начин за да се одржи и / или потикне поголема рамнотежа и мир во животот на секој поединец е свеснота за важноста на храната : нејзината суптилна енергиа како и начините на кои храната влијае на нас на физичко , ментално и емоционално ниво.

На пример , исхраната претежно со тешка храна може да влијае да се чувствуваме – физички и психички – тешко , додека исхраната со едноставни и лесни намирници не потикнува да се чувствуваме едноставно и лесно !

Генерално , секојдневниот живот ќе ни биде многу полесен кога телото го снабдуваме со оптимална храна која бара минимален напор за варење а истовремено дава потребна количина хранливи материи и животна енергиа.

Оптимална храна

  • Се свежо, зрело овошје и зеленчук ( идеално е наобработено и локално одгледу –
    вано .)
  • Семќи ,житарќи и махунки ( на примeр семки од сончоглед , мунго грав ).
  • Морски зеленчук ( алги: спирулина ,вакаме , нори )
  • Суперхрана ( разни бобинки ,рибизли, пшенична трава )
  • Храна направена со помош на , за нашиот огранизам ,корисни култури ( на пр.
    кисела зелка, темпех , кефир ...)

Едноставни сугестии за вашата исхрана

  • Тргнете го месото од вашата исхрана.
  • Заменете ги пијалоците со кофеин со растителни чаеви или обична чиста вода.
    Водата е важна за нашето тело , ѓи чисти токсините од крвта , ја балансира
    сувата храна внесена преку денот и го хидрира телото.
  • Пробајте да ги замените производите од кравјо млеко со овчји или козји млечни производи.Вашиот желудец по лесно ѓи вари овие намирници.Соино или оризово млеко се исто така вкусни алтернативи.Секако , избегнувајте је генет – ски модифицираната соја затоа што таа нема исти ефекти како “ обичната “ соја .
  • Варењето на брашното од пшеница за многумина представува оптеретување на желудецот , затоа пробајте го лебот од р’ ж или од пченка па дури и од оризово брашно.Ако не можете без пшеница – јадете ја варена во зрно.
  • Пробајте да го замените рафинираниот шеќер со мед, јаворов сируп или слад од
    јачмен.Храната со шеќер има тенденција да го преоптерети телото.Слаткото ,
    зрело овошје често ја намалува секоја желба за слатки.
  • Мудро е да се слуша сопствениот желудник ! Ако јадете кога сте стварно гладни
    тоа ќе го подобри варењето и генерално ќе ви го подигне нивото на енергиа.
    Јадете ја само онаа количина храна која е доволна да престанете да чувствувате
    глад и сте го решиле проблемот со преобилни оброци.
  • Секогаш одвојте доволно време за својот оброк.Обидете се да јадете кога сте
    опуштени уживјте во секој залак ,вкусот и изгледот на храната.
  • Мешањето на намирниците и правењето на напитоци и течни каши е одличен начин да се јаде повеќе во помалку време.Исто така , овака приготвените оброци се корисни за желудникот , затоа што повеќето од работата што требало да се направи – веќе е направена.Експериментирајте со разни намирници , ако е потребно додадете вода ,овошен сок или соино млеко.Пример за одлична комбинација е банана и авокадо или банана и соино млеко а тешко дека ќе можете да одолеете и на добро измиксаното оризово млеко и малини / капини. Во секој случај експериментирјате !


Детоксикација и пост

После многу години нездрава исхрана – земјаќи во предвид дека неквалитетната храна ја “ јаде “ и нашата емоционална состојба – нашите тела акумулираат физички и емоционални токсини кои може да го спречат користењето на нашата полна животна сила, а со самото тоа да ги променат емоциите па дури да го намалат нашето чувство на среќа.Постојат многу едноставни и пријатни начини на кои можеме да ги исфрлиме овие ограничувачки отрови од организмот и да го вратиме ентузијазмот и виталноста – што е , во стварност , наша природна состојба.


Едноставни сугестии за детоксикација

Нека ви биде прва работа наутро да испиете чаша топла вода со сок од лимон.
Додадете лажичка мед доколку оваа комбинација за вас е премногу кисела.Овој
напиток ги измива токсините ослободени во текот на ноќта и го балансира телото.

Одберете еден ден во неделата кога на својот желудник ќе му го дадете толку
потребниот одмор.Тој ден јадете само миксувана храна или свежи сокови а иделано
би било да пиете само доста течност ( вода ).

Јадете свежа храна која содржи доста течност – поготово воденасти , сочни плодови.Оваа храна ќе изврши природна детоксикација на организмот а ако не ви
оди од рака да подготвувате само свежа храна – обидете се да ја воведете барем два
дена во неделата ( најдобро преку викенд ).

Сауните и парните купатила потикнуваат исфрлање на отпадните материи од
организмот и затоа се многу препорачливи.Сепак , бидете нежни кон себе и немојте
да претерувате – обидете се да ја пронајдете сопствената граница на пријатноста.

Конечно , опуштајте се што е можно повеќе затоа што опуштањето му помага на телото при детоксикацијата .Избањајте се , прошетајте се или едноставно дишете правете го она што ве враќа во опуштена состојба.Опуштањето на умот и телото е клуч за среќата и здравјето.Обидете се да бидете опуштени од утро до вечер. Во почеток нема да биде лесно , но како времето одминува и детоксикацијата одминува се повеќе ќе уживате во мирот на умот ,телото и духот.

Toni Samara

"Тони подучува на духовит , понизен и бескрајно стрплив начин , јакнејќи ја личноста со храброст, со поверението и со внатрешната сила како би продолжила по патот кои води кон вистинска слобода.

Тони Самара го нагласува практичниот внатрешен ред и ослободување.Тој подучува со личен пример и упатсвата ,водејќи го трагачот во остварување на блаженството овде и сега, низ растот на духовната свесност а не низ менатален напор.

Еден дел од неговото учење не подсетува дека храната и навиките се темелни за нашата вантрешна добробит и за физичкото здравје. На многу свои програми тој објаснува дека нашето тело е храм и дека храната која ја јадеме помага да креираме јак темел што дозволува да внатре- шниот ред и трансформацијата се случат.Исто така објаснува дека храната не е само физичка супстанца која го негува духот и телото туку истовремено содржи и дуовна и емоционална енергиа.Од тоа произлегува колку е важно да бидеме свесни и присатни додека јадеме како и да станеме осетливи на тоа што го храни нашето тело,нашиот храм, а не да јадеме само она што го сакаме.

Тони исто така ја охрабрува урамнотеженената вегетаријанска исхрана која вклучува органски производи исполнети со животна сила."

Книгата на Тони Самара “ Mудроста на Шаманите “ може да ја погледате и нарачате ОВДЕ

 





 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.