ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

   

За целулитот


 

Предизвик на модерното живеење - Celulit

 

Целулитот се состои од токсини,масти и вода.Процената на стручните лица е дека 85% од женскиот пол добиваат целулит во некој дел од животот,најчесто во периодот кога доаѓа до хормонски осцилации како пубертет или бременост. И тоа без разлика дали спортуваш или во прашање се килограмите.Што е целулит ,кои се неговите предизвикувачии и како може да се неутрализира или да се намали?

Дали целулитот е болест?

Ниту во модерната медицина сеуште не е даден одговор на ова прашање Од една група на лекари е утврдено дека-целулитот е болест на ткивата, меѓутоа безопасна за општото здравје на организмот.Ако го прифатиме ова мислење утешно е тоа дека од целулит не се умира...но сме присилени да живееме со него.

Според мислењето на други лекари,пак целулитот е еден од „нормалните“ начини на распоредување на мастите на женското тело,која допринесува естроген кој со својата особина ја задржува водата во организмот. Поради тоа жените имаат два пати повеќе масно ткиво отколку мажите и со самото тоа имаат подобра „подлога“за настанување на целулит.

Зошто се појавува целулитот?

Кривицата за целулитот покрај одредените генетски фактори(наследна склоност на организмот кон негово создавање)дефинитивно припаѓа на современиот начин на живот.Еден од доказите за тоа е самата појава на овој термин.Всушност,тој прв пат се спомнува во редовите на американските автори во 70-те години во 20-от век...што,ќе признаете,и не е така одамна.

Овие автори го воочуваат како пореметување на внатрешните ткива на нозете(бутовите) и задникот,и е карактеристичен за жени.Интересно е дека стручњаците претпоставуваат дека целулитот во мала мера се јавува и кај мажите,но не се гледа-зошто кожата кај мажите е подебела. Неправедно, зарем не?

Како било нека биде-начинот на кој поголемиот дел од жените денеска живеат и функционираат во секојдневно брзање и растргнати помеѓу големиот број обврски - го прави појавувањето на целулитот неизбежно.Ајде да го образложиме ова тврдење на специфичните фактори и видиме како тече целиот процес:

Главни причинители за појавување на целулит се::

  • Лоша навика во исхраната
  • Недоволно земање вода(минимум 2л. Дневно)
  • Неправилно дишење
  • Отсуство на вежби што одговараат
  • Предолго седење
  • Напнатост
  • Замор
  • Цигари,кафе и алкохол
  • Загаденост на воздухот

Сето ова влијае на задржувањето на токсините,кој органзмот за да ги одалечи од виталните органи,ги сместува на перифиријата на организмот-под површинските слоеви на кожата..

Што да направиме?

Неопходно е да се врати нормалната еластичност и гипкост на врзното ткиво , да се ослободат блокираните состојки и да се отстранат.Ако се одлучите да се ослободите од целулитот со помош на celluessa -антицелулитен масажер од Топ Шоп и со него практикувајте:

Правилна исхрана

Од употреба потполно исфрлете ја храната и пијалокот кои содржат конзерванси и вештачки додатоци,масна храна,јадења со млеко и млечни производи,сосови и преливи,оцет,маргарин,шеќер и благи работи...

Таблети,сол,кафе и алкохол потполно исфрлете ги или намалете што можете повеќе.Конзумирајте немасна храна (пилешко,риба)интегрални житарици,црн леб,варени јајца,обарен и динстан зеленчук,што повеќе свежо овошје и тоа на празен стомак(ако можете конзумирајте овошје до ручек)и три часа после оброкот и обавезно земете свеж зеленчук за време на секој оброк.

Немојте да јадете помеѓу оброците.Течноста после оброците земајте ја во минимални количини(само голтка-две).Течност во поголеми количини пијте 3 часа после оброкот и до половина час пред оброкот , како и на празен стомак (исто е и со овошјето).

Физичка активност

Се препорачуваат вежби со истегнување и раздвижување,како и вежби со брзи движења (аеробик и сл.)со тоа да тие мораат да бидат такви да додека вежбате се задишете и испотите.Кога после ова вежбање се туширате-користете луфа.

Внесување на што повеќе течности

Минимално два литри течност на ден и тоа никако газирано-се препорачува обична вода и билни чаеви без шеќер.

Посебни додатоци во третманот

Масажи,вежби за правилно дишење и опуштање – претставуваат одлично решение за што подобар успех во сите антицелулитни третмани.

 






 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.