ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

MAСАЖА-ИСЦЕЛИТЕЛ НА ТЕЛОТО И ДУХОТ

m
  Marketing

Современиот начин на живот ја разоткрил големата заблуда која за масажата долго време кружеше на нашите простори.Расфлани со хроничен премор и симптоми на најразлични болести кои ни ги носи модерното време,доаѓаме до знаење дека масажата не е луксуз туку е неопходна потреба.Се повеќе се оние кои во масажата бараат и наоѓаат лек за своето нарушено физичко и психичко здравје: поучени со искуството на древните цивилизации,масажерот го гледаат како пријател кој од неговото тело ке ги излечат пореметувањата кои ги осеќаат,или ги наговестуваат.

Изгледа дека благотворните дејства на масажата и нејзината неопходност во нашите животи ги запознаваме дури сега, под терет на секојдневните психо.физички напори на кои сме осудени.Стресните ситуации во кои најчесто несвесно навлегуваме предолго седење пред компјутер или во кола ,дебелина како последица на такви навики,а со тоа и угрозеност на многу витални функции на нашиот организам, не водат да зачекориме во таа оаза на спокојот и позитивна енергија,и се препуштиме на вештините на нашиот масажер.


Научниците уште одамна докажале дека повеќе од 90% болести во човечкиот организам настануваат како последица на честа или константна вознемиреност на нашиот нервен систем.Таа појава во жаргон ја нарекуваме стрес.Денес сосема сигурно може да се каже дека стресот е еден од водечките причинители на малигни и кардиоваскуларни болести,од кои умира поголемиот дел на човечката популација.Имајки го тоа во предвид,не е тешко да се заклучи по кој пат треба да се оди со цел на зачувување на најголемото богатство кое го имаме- нашето здравје.Зошто,како и се останато на земјава,и човековото тело е изложено на премор од кој и страда,па затоа,поради обврска кон самите себе и своите најблиски,должни сме секојдневно да му посветуваме внимание и нега.Во спротивно,тоа,како и се останато во природата,ќе ја доживее судбината на билката која не редовно се полива со вода и храни: брзо ќе овене и исчезне и тоа многу порано ,а не тогаш како што треба според законите на природата.

Иако во последните години луѓето на нашиот простор се повеќе се одлучуваат за посета на салоните за масажа отколку порано,искуствата на масажерот укажуваат дека еден просечен клиент кој се препушта на неговите вешти раце не е сосема запознаен во што се состои благотворното дејство на оваа вештина ,за да ви помогнеме ќе споменеме само неколку од бројните корисни ефекти на масажата.

Кога станува збор за кожат,со масажа најефикасно се отстрануваат изумрените клетки,кои го успоруваат или оневозможуваат стварањето на нови ,односно го блокираат подмладувањето на кожата.Освен тоа,се отстранува и секретот на потните и лојните жлезди,а и на присутните бактерии.Се отвараат порите и се подобрува респирацијата на кожата,а со масажата во кожата се подобрува создавањето на хистамини и слични супстанци кои ги шират крвните садови(активна хиперемија) и ја активираат резервната капиларна мрежа,се убрзува циркулацијата,го подобрува метаболизмот и ја подобрува исхраната на кожата.Се зголемува нејзината еластичност и исчезнуваат брчките: по повеќе третмани кожата станува нежна,свежа и сјајна.

Под дејство на масажа во мускулите се забрзува приемот на енергетски и градливи материи,кои овозможуваат присуство на голема количина на крв обогатена со кислород,брзо отстранување на согорените продукти во метаболизмот,што е последица на забрзаната циркулација и активирањето на резервната капиларна мрежа.Се зголемува тонусот и еластичноста на мускулите,што значи дека се подобрува нивната контрактилна способност.

Со правилна техника на масажа се опуштаат и истегнуваат мускулите и меките телесни ткива,смалувајќи ги грчевите и тензијата на мускулите.Истражувањата покажале дека кратката масажа побргу ги опоравува изморените мускули отколку одмор од 10-20 минути.Причината за тоа е брзото отстранување на насобраните млечни киселини и останатите крајни производи на метаболизмот во мускулите.Кај повредените мусули се успорува процесот на мускулната атрофија,а веќе атрофираните мускули побргу се опоравуваат.

Влијанието на масажата на коските е индиректен:Тие зајакнуваат затоа што масажата допринесува нивна подобра исхрана и развој.Во случаеви со артритис,на пример,се намалува укоченоста на зглобовите,движењето е олеснето,а општата состојба на организмот е попријатна.

Благотворните дејствија на масажите се забележани и кога станува збор за кардиоваскуларниот систем,кој е посебно загрозен од современиот начин на живот.Со правилни масерски техники се доаѓа до промена на лумените крвни садови и до подобрување на тонусот до нивните ѕидови.Се отвараат нови капилари,а пропустливоста на веќе постојаните се зголемува,па и циркулацијата се зголемува 7-8 пати без напрегнување на срцето.Докажано е дека и еден час после масажа во крвта се зголемува бројот на еритроцити,леукоцити и процентот на хемоглобинот.Работата на срцето станува поправилна: брзината на неговата работа е помала, а се смалува и крвниот притисок.

За модерниот човек од посебна важност е корисно дејството на масажата за нервниот систем,пред се раздразнувањето на разгранетиот респираторен апарат сместен во кожата,длабоките ткива и нашите внатрешни органи.

Со масажата на стомакот и грбот,добар масер ќе ги поттикне активностите на бубрегот,со што се забрзува елиминацијата на отпадните материи и го намалува задржувањето на течностите.Но,со масажата на грбот и стомакот се поттикнува уште нешто: решавање на менструалните проблеми,како што се болни и нередовни менструации,предменструален синдром или симптоми на менопауза.Во денешно време луѓе од различни возрасти се повеќе се стремат кон природни терапии за да се чувствуваат добро и задоволно!Масажата е една од тие терапии-и превентивни и исцелителни,кои ни овозможуваат здрав,среќен и хармоничен живот лишен од присуство на болести.Таа стимулира и смирува,ослободува од напнатост, ја опушта мускулатурата,дава чувство на сопствена сигурност,воспоставува психофизичка и енергетска рамнотежа и ја враќа животната сила на организмот.Добра масажа остварува чувство на задоволство, меѓусебно поверение и радост.

Во Македонија за жал нема многу места каде тајните на масажата можат да се научат до професионално ниво. Доколку одлучите масажата да ви стане професија или корисно хоби,ве советувме да пред конечната одлука во одбирањетно на некој од специјализираните курсеви,обратете внимание на следниве детали: колкаво е искуството на инструкторот кој ја води обуката, дали се работи во мали групи, а не е безначајно и прашањето дали дипломите на дотичните училишта се меѓународно признаени.Едно од ретките училишта кое според наши сознанија,ги задоволува овие услови е Централноевропското училиште за масажа “ diferenttly“ од Будимпешта (www.skolamasaze.com). Таа установа од скоро време стручно оспособува идни масажери и во своето Белградско одделение.
Сите кои барем еднаш уживале во некоја врста на стручно изведени масажи се согласуваат дека таа е спој на телесното и духовното.Имајќи во предвид во каков свет живееме,не не чуди што оваа вештина стара илјада години,многу ја гледаат како професија на иднината.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.