ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

 

ГЛУВАРЧЕ во борба против килограмите



Сонцето грее , цвеќињата цветаат , птиците пеат , пролета е со нас.Време е за освежување после долгата зима и празниците во кои уживавме.Да тргнеме од храната .После толку тешка , масна и зачинета храна добро би ни дошла малку пролетна салата за да организмот брзо се прочисти .За постигнување на ова верувале или не може да се препорача салата од глуварче.

Имено , старото добро глуварче ( Taraxsacum officinalis fam.Asteraceae subfam. Cichorioideae ) е одлично за подготовки на салати, слатко како и чајни смеси за, како што се вели во народот, “ чистење на крвта “.

Препаратите од глуварче , ги стимулираат сите жлезди и мускули на системот за варење.Го зајакнуваат лачењето на жлездите кои ја лачат плунката , жлездите на желудецот , на цревата , црниот дроб, жолчната кеса и гуштерачата.Исто така , глуварчето е одличен диуретик односно го помага исфрлањето на штетните материи и непотребната вода од телото.

Се користат зелените делови на глуварчето : корен ( radix ) , надземните делови ( herba ) и цветовите ( flos ) .За пролетна салата се користат зелените делови на глуварчето. Сем што заситува , оваа салата помага и во намалувањето на килограмите затоа што – го забрзува метаболизмот.Сем во исхраната зелените де – лови на глуварчето може да се користат против кожните нечистотии и како помошно средство против ревматските болки.


Салата од глуварче

Состојки :

  • Една чинија листови од глуварче
  • Две или три тврдо варени јајца
  • Сол, мирудии ,маслиново масло и оцет.

Начин на подготовка :

  1. Листовите од глуварчето исчистете ѓи добро и измијте ги.
  2. Во провриена вода ставете ги измијените листови и варете ги 10 – 15 минути.
  3. Исцедете го глуварчето , но водата не ја фрлајте
  4. Излупите ѓи јајцата и исецкајте на парчиња.
  5. Сите состојќи ставете ѓи во чинија и измешајте ...и ...пријатно!

Послужување :

Ако сте ја сочувале водата во која се варело глуварчето , можете да направите супа. Само зачините ја со маслиново масло и малку оцет.Послужете ја со коцкички препечен леб.

Ако имате вишок глуварче можете да го замрзнете.Само избланширајте го па ставете го во замрзнувачот.


Чај од глуварче

Како чај глуварчето се подготвува така што се земаат две лажичќи корен и зелените делови па се прелива со превриена вода.Чајот се пие еднаш наутро и еднаш навечер. За најдобар ефект треба да се пие половина час пред јадење.

Како мешавина со други чајни растенија помага во чистење на кожата ,цревниот тракт и на органите за лачење , со други зборови се добива комплетно внатрешно перење на организмот.Смесата се подготвува на следниот начин :

  • Корен и зелени делови од глуварче ( Taraxsaci radix cum herba ) 20 гр
  • Цвет од суручица ( Spireae flos) 20 гр.
  • Зелени делови од обична очајница (Marrubi herba) 20g
  • Ризом од перевина 20g

Две лажичќи чајна мешавина одат на една шоља вода , се остава да одстои 6 – 8 часови и после тоа се проврива.


Еликсир на животот

Наберете глуварче во природата ,на ливада која е далеку од патот по кои се движат автомобили.На глуварчето се е корисно – од коренот до цветовите.Исцедете сок од глуварчето и измешајте со иста количина шеќер.Додадете една десетина од вкупната количина вотка. По две недели сирупот е готов, кои што можете да го чувате во фрижидер и до две години.Пијте 2 – 4 лажици дневно.Првата лажица наутро на празен стомак а останатите во текот на денот пред јадење.Овој сируп е познат под името “ еликсир на животот “.


Слатко од глуварче

Наберете поголема количина цвет од глуварче и сомелете го.Потоа наредете во тегло : ред мелени цветови , па преку тоа мед , се додека не го наполните теглото. Добро затворете го.По две недели ќе добиете чудесно слатко од глуварче.Јадете по една лажица дневно пред јадење , со шоља чај или или вода.Го лечи црниот дроб и ја поправа општата состојба на организмот.


И за крај ...

Најдобра работа кај глуварчето е што го има во изобилство и достапно е на сите. Нема податоци за евентуални непожелни дејства на коренот и листовите.Готови матерјали за нивно подготвување може да се најдат во продавниците за здрава храна , може да се земат готови смеси или само матерјал така да задоволството на мешањето останува за вас.

 

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.