ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

МЕДИТАЦИЈА


Медитацијата е врста на ментална дисциплина со која с надминува нивото на размислување и се постигнува подлабока состојба на свесност и релаксација.Спаѓа во групата на докажаните алтернативни терапии и може воопштено да се разбере како медицина за умот и телото. Неизоставен дел е од многубројните холистички
системи на исцелување,системи на исхрана и системи за личен развој.Се повеќе лекари ја советуваат медитацијата како средство за да се регулира зголемениот крвен притисок,да се подобрат физичките способности,да се олесни дишењето на луѓето кои имаат астма,да се победи несоницата,да се ослободиме од стресот и да се релаксира телото.

Медитацијата е едноставен начин за да се балансира физичката,менталната и
емотивната состојба и секој може да ја користи во согласност со своите потреби.
Вредноста на медитацијата како начин на лекување и намалување на тегобите била
позната и користена со иљадници години.Научно е докажана користа на медита –
цијата што придонело да стане се по популарен начин за лекување,релаксација и
духовен развој.

Постојат разни системи на медитација а најпозната е секако Трансцендентната
медитација ( ТМ ) ,Таоистичка медитација, Зен медитација и Будистичката медитација и секој ја бира врстата на медитација према личните потреби и афинитети.

Медитацијата може да се врши на разни начини :

  • Седење во медитативна положба ,без поместување и со контрола на вниманието
    како што е Vipassana .
  • Експресивна пракса на медитација во која се дозволува телото да биде слободно и може сешто да се случи.Во оваа врста спаѓа Siddha joga и Radjnes медитацијата.
  • Праксата да еднаш дневно активностите се вршат со подполна усмереност
    на умот кон тоа што се работи како што е Mahmudra, или Gurdijevleva
    медитација.

На сите овие медитативни пракси заедничко им е едно – фокусирање и смирување
на секогаш немирниот ум.Не е намерата да се тргнат стимулациите туку вниманието
да се усмери на еден исцелителен елемент- еден звук,еден збор ( мантра ) една слика
или дишење.Кога умот е исполнет со чувство на мир и опуштеност тогаш нема
место за грижи,стрес и депресија.

Последните неколку децении се работени многу истражувања за влијанието на
медитацијата на психофизичкото здравје на човекот.Резултатите покажале дека во
текот на медитацијата телото достигнува состојба на длабоко опуштање и одмор.
Во исто време мозокот и умот се многу по одморни и по подготвени така да се
наоѓате во состојба на “ опуштена будност “.

Медитацијата ја намалува активноста на нервниот систем.Парасимпатичкиот дел
на мозокот на автономниот нервен систем или неволниот нервен систем е
доминантен.Овој дел е одговорен за смирување.Кога личноста е анксиозна и под
тензија се зголемува нивото на лактати во крвта.Лактатот е продукт на метаболиз-
мот на скелетната мускулатура.Во текот на медитацијата нивото на лактат ви крвта
се намалува четири пати по брзо отколку што се намалува во состојба кога не
медитирате туку само опуштено лежите на грб или кога сте во предмедитивна
состојба.Така драматичното намалување на лактатот во текот на медитацијата
индицирало понатамошно изучување и во подоцнежните истражувања е потврден
по брзиот проток на крвта во текот на медитацијата.Benson и Wallace забележиле
дека за 32 % се забрзува протокот на кртва во телото во текот на медитацијата.
Така забрзаната циркулација по брзо го доведува кислородот до скелетното
мускулно ткиво кое тогаш произведува лактати во намалена количина.

Dr Borsjenko, пионер во изучувањето на медитацијата вели – со смирување на умот
медитацијата може да го доведе човекот во контакт со неговиот внатрешен
исцелител,дозволувајќи да се слушне внатрешната мудрост.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.