ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Метаболизам

 

Ах , тој метаболизам!

Во разговорите за диетите и одржуваето на линијата,стално се наметнува прашањето дека постојат луѓе кои имаат "таков метаболизам што што и да јадат ништо не им се фаќа" и ониe кои им се лепи храната само да поминат покрај нејзе.

Одговорно тврдиме дека витките луѓе јадат помалку и се движат повеќе од покрупните луѓе во текот на целиот ден.Не постои тело кое може да издржи внесување на многу слатки и грицки без движење на подолг временски период а да не се здебели.И обратно никој не се здебелил од воздух и секој кој има вишок на килограми,ако е искрен спрема себе разбира дека тој вишок е од претераниот внес на храна.

Меѓутоа индивидуалните разлики постојат,а постојат и промени која една особа може сама на различни начини свесно или несвесно да ги потикнува во своето тело.

Колку е брз метаболизмот односно колку еден организам троши во стадиум на мирување во текот на денот се изразува со BMR број,односно број на калории кои го трошат базалниот метаболизам.На BMR влијаат следниве фактори:

  • Генетика - некои луѓе се раѓаат со брз а некои со спор метаболизам.
  • Пол - Машките имаат поголема мускулна маса и низок процент на телесни масти,што значи дека нивниот BMR е повисок.Освен тоа тестостеронот - хормон кој кај машките се лачи во многу голема количина него кај жените е задолжен за убрзувањето на метаболизмот.
  • Години -BMR се намалува со текот на годините,после 20 година опаѓа во просек за 2% по деценија.
  • Тежина - колку сте потешки толку BMR е повисок,бидејќи во телото е потребно многу повеќе енергија за да се пумпа крвта и да се одржува температурата,тие разлики се многу големи,на пример ако витка жена има за 25%помал BMR од иста жена на исти години која има 30 килограми повеќе.
  • Површина на телото - колку е поголема површината толку е поголем BMR.Голем број на луѓе имаат поголем BMR,па така ако ги споредите две особи со иста тежина и години,таа особа ќе има поголем BMR.
  • Процент на телеси масти - колку е понизок процентот на телесните масти толку е поголем BMR,бидејќи мускулите трошат калории во мирување.
  • Диета - Гладувањето или озбилно намалениот внес на калории може драматично да го намали BMR,дури и за 30%.Тоа важи и за повеќе дневно ,еднодневно или повеќесатно гладување.Особите кои јадат еднаш или два пати дневно имаат помал BMR од особите кои јадат 5/6 пати на ден.
  • Телесна температура - здравје - секој пат кога внатрешната температура се зголеми за 0,5 степени,BMR се зголемува за 7%.Хемиските реакции во телото се побрзи на поголеми температури,така да пациенти со голема телесна температура BMR го зголемуваат за 50%.
  • Надворешна температура - таа исто така влијае на базалниот метаболизам.Излегување на превисока или прениска температура го зголемува BMR,бидејќи во телото треба повеќе енергија за да ја задржи интерната температура на одговарачкото ниво.
  • Жлезди со внатешно лачење - Тироксин (хормон на штитната жлезда) е главен регулатор на метаболизмот,колку се произведува повеќе тироксин толку е поголем BMR.Поред тироксинот на организмот влијае и адреналинот,тестостеронот, и другите хормони.
  • Вежбање - физичката активност влијае на телесната тежина со потрошувачка на енергија, но исто така влијае и на зголемување на BMR со создравање на додатна мускулна маса и намалување на процентот на мастите во нашето тело.Така да кога вежбаме во текот на денот согорувате повеќе калории и кога спиете.

Неадекватното намалување на внесот на храна,брзите диети и гладување доведуваат до озбилно намалување на BMR.Заради намалениот BMR ефектите на диетата се послаби од очекуваноти а по завршувањето на диетата и со повраток на нормалната исхрана изгубените килограми брзо се враќаат,дури и се зголемуваат бидејќи BMR е понизок пред диетата.И така доаѓаме до јо-јо ефектот на диетата.

Заради тоа ви препорачуваме стимулирање на метаболизмот на два најздрави и најсигурни начини - воведување на физичка активност и зголемување на број на оброците по 5/6 мали оброци.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.