ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Минерали и олигоелементи

Izvor:
Knjiga "LEK IZ PRIRODE" (prva knjiga)
autorke Dušanke Savić

Минералите и олигоелементите поволно делуваат на организмот.И здравите и болните луѓе би требало да обрнат внимание на внесот на овие супстанци.Тие се земааат низ исхраната или во диететските додатоци.Минералните материи се неопходни на организмот , а нивниот недостаток може да биде причина за многу болести, но како и се друго тие треба да се земаат со мерка.

Недостатокот на минерали и олигоелементи , заедно со другите неповолни фактори може да доведе до срцеви заболувања ,малигни болести ,дијабетес од типот 2 или до зголемен крвен притисок.Поради тоа се повеќе се изучува составот на разните намирници и се препорачува оптимална исхрана.

Сите минерали и олигоелементи се во равнотежа и доколку нивниот баланс се поре- мети во корист на еден можен е губиток на другиот.Најдобар пример за ова е калциумот. Преголема количина на калциум ја намалува ресорпцијата на цинкот за 50 % , а губитокот на цинкот е посебно важен за дијабетичарите , затоа што учест- вува во создавањето на инсулин:На појавата на дијабетесот влијаат и магнезиумот, хромот и фосфорот.

Калциумот е неопходен за правилен развој на коските , им дава цврстина и влегува во составот на забите и коските, но влијае и на згрутчувањето на крвта.Недостатокот на калциум предизвикува застој во растењето кај децата , а кај возрасните разреду – вање на коските и доведува до остеопороза.Најдобар извор на калциум се млекото и млечните производи , а дневните потреби за калциум се од 350 мг за деца ,до 700мг за возрасни.

Калиумот е неопходен за одржување на кисело – базната равнотежа во организмот. Дневните потреби за калиум изнесуваат 590 мг, но може да бидат и поголеми дури и до 3500 мг.Најмногу калиум има во зеленчукот ,компирот , доматите ,овошјето, печурките, кафето и чоколадото.Недостатокот на калиум причинува хипертензија, срцева аритмија, мускулна слабост , ментална конфузија,намалена покретливост на цревата.Вишокот на калиум се излачува преку здравите бубрези.Доколку вишокот на калиум не се исфрли може да направи пречки во спроводниот систем на срцето.

Железото влегува во составот на хемоглобинот , миоглобулинот и на респиратор – ните ензими.Искористливоста на железото од храната зависи од присуството на витаминот Ц , пиродиксинот и хлороводородната киселина од сокот на желудникот. Апсорпцијата на железото ја отежнува големата количина на фофсор и фитинските киселини во храната.Од внесената количина на железо организмот апсорбиара само 10 %.Апсорбираното железо организмот го користи за синтеза на хемоглобинот а еден дел се депонира во слезенката и црниот дроп.Железото ја зголемува отпорноста кон болестите , спречува заморување , ја спречува и ја лечи анемијата и на кожата и дава убав изглед.Најдобро е потребните количини на железо да се внесат преку храната.На мажите дневно им е потребно 1 мг ,а со храната може да внесат уште 10. На жените им се доволно 2 мг а низ храната може да внесат од 10 до 20 мг.Децата до 9 години низ храната треба да внесат 5 – 10 мг , а тинејџерите од 9 до 18 . Најголеми потреби за железо имаат трудниците и младите мајки.Нивните дневни потреби изнесуваат 9 мг а од храната уште 90 мг.Железото е неопходно за правилен метаболизам на витаминините од Б комплексот.За да железото правилно се апсор – бира потребни се бакар , кобалт, манган и витамин Ц.

Бакарот е неопходен за правилна синтеза на хемоглобинот.Се смета дека бакарот има улога на катализатор во процесот на врзување на железото за хемоглобинот и битна улога во создавањето на еритроцитите.Сем тоа , бакарот влегува во состав на ферментите кои се неопходни за клеточното дишење , помага организмот подобро да ја искористи амино – киселината тирозин која делува на пигментирачкиот фактор на кожата и косата.За одбрамбената способност на организмот бакарот е од големо значење затоа што го помага искористувањето на витаминот Ц.Дефицитот на бакарот е реткост , но доколку сепак се појави доаѓа до анемија и тумор.Дневните потреби изнесуваат 0,6 до 2 мг, а некои стручњаци препорачуваат и 7 мг.

Цинкот е битен олигоелемент затоа што учествува во работата на ензимските реакции.Влегува во состав на инсулинот и е важен за метаболизамот на шеќерот и белковините .Најновите истражувања укажуваат и на неговата важна улога во функционирањето на мозокот и лечењето на шизофренијата.Докажано е дека е потребен за синтезата на ДНК а има и голема улога во развитоткот на органите за репродукција.Претераното потење може да предизвика губиток и до 3 мг цинк. Светската здравствена организација препорачува да возрасните дневно внесуваат до 15 мг цинк.Голема количина цинк се губи со преработката на храната, а во некои намирници воопшто го нема затоа што земјиштето е сиромашно со цинк.Затоа треба да се обрне внимание на доволен внес на цинк и на подготовката на храната.Цинкот го зголемува бројот на одбрмабените Т клетки и нивната ефикасност, помага во лечењето на неплодноста, менталните пореметувања, чир на желудникот, го забрзува зараснувањето на раните , го помага растењето и бистрината на умот.Ако цинкот се зема како додаток се зголемуваат потребите за витаминот А , а инаку најдобро делува со калциумот ,фосфорот и витаминот А.

Јодот е неопходен за функционирањето на штитната жлезда.Две третини од јодот се наоѓаат во тироидната жлезда.Бидејќи тироидната жлезда има улога во сите метаболички процеси, последиците од недоволното земање на јод може да бидат успорено умно реагирање, зголемување на тежината и губење на енергијата.Јодот е битен затоа што го согорува вишокот на масти , го помага правилното растење, ја потикнува менталанта активност и придонесува за здравјето на кожата , косата и забите.Најмногу јод има во алгите , кромидот, во сите плодови на морето и во зеленчукот кои е одгледуван на земјиште богато со јод.Поради недоволно внесување на јод доаѓа до гушавост и хипертироидизам.

Хромот го зајакнува дејството на инсулинот а со тоа и влегувањето на гликозата во клетката.Дневните потреби изнесуваат 35 мг на килограм телесна тежина.Хромот се наоѓа во пивскиот квасец, семките ,грашокот , гравот и оревите.Се користи и во таблети.Во тривалентен облик хромот не е шкодлив или тоа е минимално, додека шестовалентниот хром исклучително е штетен и предизвикува пропаѓање на црниот дроб и бубрезите.Ако е неопходно додадете и на своата исхрана хром во таблети , водете сметка да купувате само од оние препарати на кои на пакувањето пишува дека хромот е органски врзан во тривалентна форма.Искуствата покажуаваат дека употребата на хромот во органскиот комплекс спречува појава на дијабетес од типот 2.Препаратите на хром се препорачуваат на старите и угоените лица, луѓе со претклинички знаци на дијабетес , а користен е и кај пореметувањата на глико – регулацијата во бременоста.

Селенот се наоѓа во сите клетќи и ткива на човекот.Има важна улога во синтезата на многу ензими битни за растење и за плодноста.Делува како антиоксиданс, посебно со витаминот Е и го подобрува имуносистемот.Селенот има битна улога во неутрализцијата на извесни количини канцерогена материја, штити од некои врсти на рак , има антиканцерогено дејство и имуностимулативно својство , помага во одржувањето на еластичноста на телото, ги намалува симтпомите на менопаузата и помага во лекувањето и спречувањето на првут .Мажите би требало да земаат 75 µг селен а жените 60.Ако во организмот има помалку од 12 µг селен ,тоа е погодно за појава на дијабетес, опаѓање на имнунитетот , пореметување во работата на тироидната жлезда и зголемување на маснотиите во крвта.Селен има најмногу во месото , маснотиите и зеленчукот , а посебно во лукот, кој меѓу нашите намирни – ци е најбогат со селен.Селенот треба да се зема внимателно, затоа што помеѓу токсичните вредности распонот на вредностите е мал.Количината поголема од 75 µг има токсични ефекти а претераната количина може да предизвика малигни тумори.

Магнезиумот учевствува во метаболизмот и е неопходен за многу биохемиски процеси во организмот, како што е метаболизмот на калциум,витаминот Ц ,фосфор, натриум и калиум.Важен е за добро функционирање на мускулите , на нервниот систем и согорувањето на шеќерот.Познат е и како антистресен минерал и затоа е значаен во исхраната за подобрување на одбрамбените способности.Магнезиумот исто така придонесува на здрвјето на кардиваскуларниот систем и помага во превенцијата на срцевите напади, ги одржува забите, го олеснува системот за варење , спречува таложење на калциум и создавање на камен во бубрезите и во жолчката.Во комбинација со калциум делува како природно средство за смирување.

Дневните потреби се раликуваат за мажите и жените.Магнезиумот се наоѓа во лебот, цереалиите, кафето , зеленчукот , компирот , месото и млекото.Недостатокот на магнезиум предизвикува хипертензија , и срцева аритмија.Ако се функциите на бубрезите и на надбубрежната жлезда намалени , се создава вишок на магнезиум во организмот и тогаш тој е токсичен.

Земањето на потребните минерали без елиминирање на другите штетни фактори како што се недоволната физичка активност ,алкохолот и пушењето, не е доволно за да се спречи настанување на болести.Фармацеутските препарати се прецизно дозирани,но сепак , пред употребата на некој од нив ,треба да се посоветувате со лекар, затоа што во форма која не е адекватна и во преголеми количини ,некои минерали може да бидат штетни:За да на природен начин се задоволат потребите на организмот за минерали ,олигоелементи и антиоксиданси , без употреба на фармацеутски препарати, во исхраната треба дабидат застапени овошјето и зелен – чукот со темна боја ,црното грозје, лукот и кромидот, рибата, ладно цеденото масли - ново масло и други врсти на масла.

Витамини >>>



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.