ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

МЛЕЧНА ДИЕТА

 

mleko

Ако сакате за кратко време да ја намалите тежината при тоа да не потрошите премногу денови ( значи пак брза и кратка диета),можете да ја користите млечната диета.Ефектот од оваа диета е намалување на околу 2 кг за три дена. Диетата со кисело млеко која веќе ја запознавме ( а некои од нас и ја пробале ) донекаде е слична на млечната диета,но е наменета да се држи повеќе денови- 10.

Да почнеме од основното прашање:Што е млеко ?

На прво место млекото е важен и корисен производ за човекот.Во составот на млекото се наоѓаат витамините А,Б,Ц,Е ,калциум како и многу минерали и протеини.Пиењето на 1 литар млеко дневно,во потполност ги задоволува потребите на организмот за протеини.Млечните производи исто така позитивно влијаат на целиот систем за варење па било да го користите млекото со цел на намалување на килограмите или превенција – тоа би требало да биде застапено барем во еден оброк во некоја од различните форми (сирење,кисело млеко,јогурт...).

Млечната диета го намалува нивото на холестерол во крвта,ги јакне коските,нервниот систем, ја нормализира функцијата на цревата и ја унапредува микро флората.Исто така ,оваа диета ја подобрува кожата,па дури и помага за ослободување од акните.Затоа млечната диета е многу популарна.

Со користењето на млекото и млечните производи во текот на оваа диета не само што ќе намалите од вишокот на килограмите, туку и ќе го снабдите своето тело со корисни материи, со што ќе го подобрите своето здравје.


Млечна диета – пример на мени

Пред секој оброк,да се испие чаша негазирана минерална вода.

Појадок : 1 јогурт, 1 банана ,чај со мед или кафе со млеко ,без шеќер.

Ручек : 100 гр зобена каша во вода или млеко,200 гр сирење ,1 шоља млеко.

Вечера : 1 варено јајце, салата од краставици прелиена со природен јогурт или свежо сирење со овошје, 1 шоља кисело млеко.

Вечерен оброк : 1 круша , 2 дцл јогурт.


Упатства и совети

  • Во текот на млечната диета треба да ги намалите физичките напрегања и да престанете да се занимавате со спорт ( што и не е некоја голема пауза со оглед на тоа што диетата трае 3 дена )
  • Кога сте на млечна диета капете се почесто,Така може да го ослободите стресот од чувството на глад а водата ќе измие се што доаѓа од организмот бидејќи се интензивира чистење на организмот по пат на кожата.
  • Млечната диета може да ја повторите 7 – 10 дена после тридневниот циклус.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.