ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

МОТИВАЦИЈА


Во сите сфери на животот ,било што да работиме, ни треба мотивација.Кога ќе го промените начинот на исхрана и почнат чудни мисли да ви се движат низ главата-следните реченици нека ја вратат вашата желба да истраете :

1.Цел
Поставувањето на целта е почетна точка а тоа значи да се ослободи творечкиот
инстикт кои те води на патот на остварувањето на твојата мисија.Пронајди што стварно сакаш да работиш и усмери ја енергијата кон тоа.Животот треба да има свој смисол.Што посакуваш од животот на емотивно, матерјално, физичко и духовно ниво.Поставуавањето на целта обавезно запишано во “ Kнигата на соништата “ со јасна визија на остварување е како да се има светилник кон кого тежнееш. Човечкиот ум е најголем филтер на светот и кога се користи на соодветен начин тој го отфрла сето она што го смета за небитно и ти ѓи дава оние информации кои
ги бараш во тоа време.

2.Создавање на позитивен притисок на самиот себе.
Еден од начините е јасно да се обврзете.Еднаш кога на светот ќе му ја објавиш
својата цел, тоа стално те притиска да работиш на нејезиното остварување,зато што
никој не сака да изгледа како губитник.

3.Рок
Никогаш не си одредувај цел а да не си си поставил рок за нејзино реализирање.За
да целта оживее мораш да си одредиш прецизен рок.

4.Магично правило 21
Новата форма на однесување треба да се спроведува во пракса 21 ден по ред,за да
прерасне во навика ( за да се создаде нов нервен пат во мозокот потребен е 21 ден).
Лошите навики не може да се избришат но може да се заменат со нови.

5.Никогаш не работи нешто затоа што мораш
Единствена причина за да нешто го сториш , е затоа што го сакаш,затоа што е тоа
вистинска работа за тебе.Трчај ја својата сопствена трка.Горливата страст е
најмоќната придвижувачка сила на твоите соништа.Верувај си на себе,организирај
си го животот на начин кој ќе те чини среќен цел живот.Вистински извор на среќа
може да се изрази со еден збор :ОСТВАРУВАЊЕ

Извор на трајна среќа е упорната работа на исполнувањето на своите цели и сигурно
напредување во правец на остварување на смислата на животот.Среќата за која
трагаш доаѓа како одраз на посветеност кон вредните цели и секојдневните
активности на нивното остварување и унапредување.” Јас сум уметник на живеењето
моето уметничко дело е мојот живот “.Имаме нескршлива сила и неограничен
потенцијал .Забавувај се додека напредуваш кон своајата цел.Ден бе смисол или
ден без љубов е ден без живот.Секој ден живеј го како да е последен.

Напиши список на своите слабости.Среќно !



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.