ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Ве мрзи да вежбате ? Еве неколку совети како да го промените тоа !


 

Знаете дека треба да вежбате и тоа е добро за вас ! Зашто е тогаш толку тешко да останете активни?

Изгледа причините се поинакви од тоа што го мислите. Еве список на работи кои ве спречуваат да бидете истрајни во вежбањето и неколку совети како да останете подолго мотивирани.

1. Вежбате за да изгубите неколку килограми

Еден од главните фактори со започнување на вежбање е слабеењето. Тое е изненадувачки лош мотиватор ....

Во една студија една група на жени вежбале за да ослабнат а другата за да се почувствуваат подобро и да се ослободат од стресот... тие вежбале повеќе.

Треба често да се потсетувате за сите причини кои при вежбање прават да се почувствувате подобро како што се на пр. подобар сон, повеќе енергија, а кои немаат никаква врска со слабеењето ни советува диететичарот Maryann Jacobsen.




2. Претерувате

Нема сомнеш дека вежбањето може да предизвика голема промена во вашиот живот но секако таа промена не мора да биде драстична.

Луѓето обично стартуваат со сета сила, претеруваат и подоцна прекинуваат бидејќи им доаѓа премногу не советува др. Leslie Becker-Phelps. Нејзиниот совет е ... не претерувајте со вежбање, почнете полека , можеби со 5 минути одење дневно ако не сте активни.

3. Не ви се допаѓа сопственото тело

Можеби ви смета стомакот кога ги правите стомачните или не ви се допаѓа како изгледате во трењерки или можеби е нешто повеќе од тоа .

Кај некои луѓе вежбањето може да предизвика непријатни сеќавања од детството , кога не го вклучувале во спортските тимови не советува Rich Weil кој е директор на програмата за слабеење во Центарот за истражување на дебелината и нутриционизам во Њујорк. Негова препорака е да побарате група за заеднични активности на интернет . Многу фитнес центри и теретани ви ја нудат оваа врста на вежбање.

Вежбање во сопствен дом е уште една опција . Пронајдете вежби кои ви одговараат на интернет .

4. Сте избрале погрешни вежби

Dr Mišel Kliri кој е спортски психолог се сеќава на вежбањето со една жена која навистина не сакала да вежба и му рекла дека ја мрзи траката и дигањето на тегови

Ја прашал дали се сеќава кога последен пат се забавувала кога вежбала а она одговорила дека тоа било кога возела ролери ... во рок од една недела го сменила начинот на вежбање и го правела тоа што и се допаѓа.

Доколку сте во слична ситуација расмислете добро и пробајте нешто што отсекогаш сте посакувале или никогаш не сте имале прилика да пробате а сте заборавиле на тоа дека некогаш сте уживале .

Возењето на точак , играње кошарка , танцување . Се се тоа работи кои кога ги правевме порано ги правевме со голема страст но сме заборавиле на тоа .



5. Чувствувате болка

Болката во грб, повредено колено или артритис може да предизвикаат потешкотии при вежбањето. Меѓутоа доколку имате хронична состојба веројатно уште повеќе треба да вежбате.

Замолете го вашиот доктор да ви препише физикална терапија . Многу луѓе не ни помислуваат да направат нешто толку едноставно. Може многу да ви помогне а и е прикриено со осигурувањето . Физикалниот терапевт ќе ве научи како на безбеден начин да бидете во топ форма и посилни .

6. Мислите дека е прескапо

Точно е дека можете многу да платите за вежбање . Секако дека личните тренери , опремата со потпис и часовите за пилатес можат многу да чинат . Но и не мора да се ставите во голем трошок . Веројатно веќе имате удобна облека за одење и можете да пешачите и брзо да одите и ќе ви донесе голема предност која ја дава и вежбањето .

Истражувањата покажале дека пешачењето со времетрање од 30 минути дневно го намалува ризикот од дијабетес за 58 %.


извор: http://www.webmd.com/fitness-exercise/features/hate-to-exercise



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.