ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Нега на кожата на лицето

 

Голем дел од луѓето се родени со здрава кожа и нив не им е потребна посебна нега за да го сочуваат убавиот изглед на кожата.Останатите , пред да превземат било што за нега на својата кожа , прво треба да одредат коj тип на кожа имаат.Важно е да одредиме дали е кожата сува ,мрсна нормална или мешовита , чуствителна.


Сувата кожа е тенка ,сиромашна со маснотии и со вода, создава првут , лесно се зацрвенува , склона кон создавање на бори ,посебно окулу очите , пукање на капи – ларите , со мали пори.Се јавува кога лојните жлезди не произведуваат доволно себум за потребите на кожата.Најчесто се сретнува кај светлите луѓе.

Мрсната кожа е последица на прекомерната секреција на лојните жлезди кои се наоѓаат во подлабоките слоеви на кожата.Мрсната кожа има помалку изразени бори и други знаци на прекумерно стареење.Пореметената секреција на кожата предизви – кува затворање на порите , појава на митисери и појава и создавање на задебелување на површинските слоеви на кожата.Кај масната кожа јасно се присутни проширени пори секаде освен на пределот окулу очите и вратот.Обично се јавува кај луѓето со потемeн тен .

Нормалната кожа е изблансирана и сите физиолошки процеси – секрецијата на маслото , циркулацијата , одстранувањето на мртвите делови на кожата се во совршена равнотежа.Нормалната кожа има сјај , нема мозолчиња , борите се минимални , порите едвај се гледаат и се со воедначена големина.Ова е најредок и најпожелен од сите типови на кожа.

Честа појава е луѓето да имаат мешовит тип на кожа , суви образи на лицето а мрсна Т зона , на телото мрсна кожа на грбот , а сува кожа на нозете ,стомакот и на рацете.

Без разлика кои тип на кожа имате , најважно е кожата да ја одржувате што е можно почиста.Редовно отклонувајте ѓи сите надворешни нечистотии , инаку порите ќе останат затнати и ќе станат погодни за настанување на бубуљици и мозолчиња.

Не заборавајте , за убав и здрав изглед на вашата кожа многу е важно како се храните.Вашата кожа е огледало на вашиот организам.


Совети за нега на сувата кожа

Најдобро е за овој тип на кожа е да се исчисти со некое благо средство наменето специјално за сува кожа , обавезно навечер , а по потреба и во текот на денот.Многу е важно да се избегнуваат сите средства кои ги стеснуваат порите.За чистење на осетливите делови окулу очите се користат посебни препарати.На сувата кожа и е потребно стално влажнење преку денот , затоа треба да се користат хидратантни креми со поголем процент на маснотии.Во текот на ноќта се користи хранлива масна крема и антирид за кожата окулу очите и вратот.Доколку користите купени козметички препарати придржувајте се кон упатствата за употреба Ако сакате можете и сами да направите природни средства за нега на кожата.

Чистење - – обично се користи сапун за сува кожа.По нанесувањето на сапунот кожата треба добро да се исплакне со млака вода .Можете да користите млеко , емулзија , пени ,желеа ,креми или масла.По употребата на некое од средствата , измијте го лицето прво со млака вода , па потоа со ладна и исушете го со крпа , но не триејќи го туку само благо притискајќи.

Ако сакате можете и сами да направите крема за чистење: добро изматете 1 жолчка со лажица јаболков оцет и 1 – 2 лажички шеќер.Додадете 8 лажици маслиново масло , непрестано мешајќи ја смесата.Добинета крема ставете ја во тегла , добро затворете ја и чувајте ја во фрижидер.За додатно чистење чистење на кожата употребете лосион кој ќе го одстрани средството за чистење.Сами направете си лосион.Сварете чај од камилица , процедете го и оставете го да се излади а потоа ставете го во стаклено шише во кое ќе го чувате лосионот.Додадете 2 – 3 зрна хиперманган и добро протресете го шишето.Рокот на употреба на вака подготве – ниот лосион е една недела.Со него се одстрануваат средствата за чистење , масноти – јата и прашината...

Тонизирање на кожата - – на исчистената кожа нанесете го тоникот што треба да ја освежи и стимулира кожата.Доколку не сте пронашле адекватен тоник можете и сами да го направите. Измешјате сок од 1 праска со 1 лажица млеко и малку ружина вода.Варете 50 листови и цветови од бел слез во 1 литар вода , процедете го и оставете да се излади.Лосионот користете го наутро и навечер:Може да го користите и како облога за лице која го намалува црвенилото – држете го 20 минути.

Како тоник може да ја користите и водата во која се варел зеленчук – спанаќ , праз , зелка или морков ( или некој друг зеленчук ).

Влажнењето на кожата е неопходно за сувата кожа за да и се врати потребната влажност и повторно да се воспостави нормален киселински омотувач кој преставува природна заштита на кожата.Влажнењето се постигнува и со маски , како и со користење на хидратантни креми.


Маски за сува кожа
Користењето на маските е важно за квалитетна нега на сувата кожа.Можете и сами да направите свежи , хранливи маски :

  • Измешајте 1 / 2 испасирана банана со малку маслиново или бадемово масло. Нанесете ја маската на лицето и на вратот и оставете да делува 15 минути. Исперете со млака вода а потоа нанесете тоник и адекватна крема.
  • Ситно изрендајте 1 поголем морков и оставете да стои во една шоља млеко најмалку 1 час.Добиената маса нанесете ја на лицето и оставете да стои 10 минути .Исперете ја кожата со млака вода.
  • Растопете пивски квасец во вода и додадете маслиново масло ,1 лажичка мед, и една лажичка р’ жено брашно.Мешајте се додека смесата добро не се изедначи . Нанесете ја на лицето и оставете да делува 20 минути.Одстранете ја маската со млака вода.

Пилинг на кожата
За пилинг на кожата можете да користите трици прелеани со вода.Добро истријте го лицето со нив и исплакнете го со млака вода.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.