ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Односот на обемот на струкот и висина подобар од БМИ ?

Според новото неодамнаешно истражување кое е презентирано на една научна конференција - односот помеѓу обемот на струкот и висината е подобар индикатор за срцеви заболувања и дијабетес од индексот на телесна маса (БМИ) !

Лидер на студијата д-р Маргарет Eшвел ( Маргарет Ashwell ) , независен консултант и поранешен научен директор на британската Фондацијата за нутриционизам, ги презентираше резултатите на 19 Конгрес на Дебелината во Лион, и како што пренесува весникот Телеграф изјавила дека: . ,, Одржувањето на обемот на струкот помалку од половина од висината може да помогне во зголемување на животниот век за сите луѓе во светот ''.

Значи човек кој е висок 183 см треба да има обем на струкот помалку од 91 см, а жена висока 163 см треба да има обемот на струкот помалку од 81см .

Ешвел изјавила дека оваа мерка треба да служи како средство за следење.

Идејата да се користи односот на обемот на стукот и висината , со цел да се предвиди ризикот од кардиометаболички болести не е нова, но станува се повеќе актуелна и се повеќе нови студии го потврдуваат нејзиното тврдење.

На овој состанок Ешвел презентираше резултати од една студија во која го анализирале здравјето на 300.000 луѓе и откриле дека односот меѓу обемот на струкот и висината го предвидува високиот крвен притисок , срцевиот удар и мозочниот удар отколку индексот на телесна маса .

Индекс на телесната маса стандардно се употребува за да се утврди дебелината. Овој индекс се однесува на односот на телесната тежина на лицето во килограми и висина во метри на квадрат . Сепак, тој не го смета распоредувањето на телесните масти.

Стомачните масни наслаги повеќе негативно влијаат на органите како што се срцето, црниот дроб и бубрезите од масните наслаги на колковите и задникот во однос кардиометаболичниот ризик..

Минатата година Ешвел беше коавтор на работата на зголемување на важноста на користење на односот на обемот на струкот и висината за проценка на кардиометаболичниот ризик и апелираше до научниците да користат конзистентна терминологија за истражување овој однос , за тој лесно да може да се користи во литературата.

Предноста на односот на обемот на струкот и висина лежи во едноставноста на пораката важна за здравјето на која пишува : задржување на обемот на струкот под половина од висината .'' Ова е многу полесно да се запамети од индексот на телесна маса , каде што не само што треба да се пресмета односот на тежината на тело во килограми и висина во метри на квадрат , но , исто така, треба да се запамети и на кој опсегот на овој однос се подразбира здрав човек.

За да се обезбеди точна евиденција во обемот на струкот , Ешвел вели дека треба да се измери струкот меѓу последното ребро и на врвот на илиачните коски ( врвот на карличнта коска на колкот ), како што е препорачано од страна на Светската здравствена организација.

 

Извор:
www.medicalnewstoday.com


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.