ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Окинава диета

 

Веројатно се прашувате зашто диетата окинава е сместена во делот на здравствени диети а не во обичните диети како и повеќето?Причината е едноставна:оваа диета може да биде начин на живеење ,подобрување на животниот стил,значително да ви го подобри здравјето (дури и води до излекување на некои болести) како на пример делува на крвниот притисок,диабетесот,пореметувања во метаболизмот и проблемите со варењето на храната и др.

Диетниот план на окинава диетата е базиран на образецот на исхрана на жителите на градот Окинава (кој сочинува преку стотина острови блиску до обалата на Јапонија).За овие луѓе е карактеристична долготрајноста на животниот век и дека овие луѓе не само што уживаат во долгиот и здрв живот-туку и повеќето ретко се разболуват,уживаат во одличното здравје во текот на својот живот.

Голем број на денешните студии покажуваат дека луѓето од Окинава кои се хранат на традиционален начин не добиваат на тежина како што стареат и процентот на срцеви заболувања им е за 80% понизок одколку во западните земји а процентот на заболувања од рак им е за 50% понизок.

Диетниот план на диетата Окинава ни гарантира дека оние кои ќе се придржуваат на овој начин на исхрана ќе бидат витки,ќе живеат подолго,и никогаш нема да почуствуваат глад.Затоа е потребно да се следат принципите на оваа диета и може ќе ви се случи една пропратна појава а тоа е да ги изгубите борите доколку ги имате ( се смета заради големата количина на антиоксиданси во диетата).


Основи на диетата Окинава

Диетниот план е базиран на 4 групи на храна кои се карактеристични во зависност од калориската јачина.

  • Ултра лесни на пр. зелен чај,зачини...
  • Лесни на пр.риба,кафеав ориз...
  • Средни на пр.слабо црвено месо,хумус
  • Тешки на пр. пржена храна и десерти

Концептот на диетниот план се сосотои од ограничување на калорискиот внес со зголемување на високо нутритивна храна со малку калории така да горе наведените лесна и средна храна ја преставуваат сржта на оваа диета.

Многу е важно да се ограничи претераниот внес кој е многу вообичаен во западниот стил на живот и исхрана(популарно прејадување).Еден од главните принципи на Окинава диетата е да јадете додека не бидете 80% полни а доколку после 20 минути пак сте гладни слободно можете да продолжите со оброкот.

Во оваа диета просечно се внесува 500 калории помалку дневно него кај вообичаената исхрана,меѓутоа посебно треба да се нагласи дека ова не е проста рестрикција на калориите бидејќи намирниците се висококвалитетни и високо нутритивни. Храна која се препорачува е сиромашна во калориите но богата со витамини,истотака нискиот гликемски индекс кој е вклучен во оваа диета дава долго чуство на ситост и така без проблем може да се дочека следниот оброк.

Оние кои ќе се одлучат за оваа диета обично се советуваат постепено да преминат на ова диета : постои осмонеделен диетен план кој помага во преминувањето чекор по чекор чиј план е да го ограничи чуството на фрустрација кое може да се јави доколку се премине нагло на овој за нас сепак необичен начин на исхрана.Од друга страна резултатите кои се постигнуваат со помош на оваа диета се охрабрувачки и навистина би било штета да се пропуштити нешто толку драгоцено од раце поготово ако имате плус некои здравствени проблеми.

Бидејќи Окинавата диета претставува цел систем на исхрана тука ќе ги наведеме само основните препораки ,за повеќе детали ќе ни треба повеќе време и простор.


Препорачлива храна

Се препорачува секојдневно пред оброкот да се конзумира кремаста супа која ќе допринесе да се намали тенденцијата од најадување,посебно се препорачува мисо заради минералите,ензимите и другите хранливи состојки.

Благ компир(не обичен) се препорачува заради антиоксидансите,тука е и зелениот зеленчук,тофу сирењето,риба,ориз,алги и зелен чај.


Пример за диетен план

Доручек

-палачинки од интегрално брашно со џем од боровинки
-зелен чај

Попладневна ужина

-јаболко

Ручек

-Печено тофу со сладок и кисел прелив
-варена брокула
-зелена салата
-печен сладок компир

Ужина

-стапчиња од свеж зеленчук

Вечера

-Мисо супа
-мешан варен зеленчук со морски плодови

Како што гледате оброците се едноставни,брзо се припремаат и имаат мал број на состојки.


Препораки за вежбање

Не постои посебна препорака за вежбање т.е можете да вежбате ако сакате.



Зашто да ја практикуваме оваа диета?

  • Калориската рестрикција за внес на оптималност е поврзана со зголемување на животниот век
  • Може да го намали ризикот од заболувања поврзани со дебелеење и стареење
  • Вклучува одличен баланс на сите видови на групи на храна со низок гликемски индекс,есенционални маснотии, и протеини од месо и соја.
  • Обезбедува оптимална количина на зеленчук и овошје дневно.
  • Постои опција за вегетаријанците и веганите .
  • Базирана е на повеќе научни трудови.
  • Може да биде употребена како начин на животен стил т.е може да се користи неограничено.


Зашто да не ја практикуваме оваа диета?

  • Нема доволно физичка активност
  • Некои од намирниците може тешко да ги набавиме или да се чудни за нашето поднебје
  • Многу намирници не се вклучени во оваа диета


Заклучок

Ова е сјајна диета за упорните,и желните за подобро здравје и долговечност.Она што е потребно е добро познавање на наирниците и секако упорноста.Што се однесува на додатниот матријал постојат обилни студии за оваа диета,книга со рецепти а исто така и на интернет постојат многу сајтови каде можете да најдете нешто повеќе за оваа диета.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.