ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Орнишова диета

 

Пред нас е една одлична здравствена диета која ќе ви помогне да ги изгубите килограмите но и да си ја повратите и одржите здравствената состојба пред се на срцето па и на целото тело. Ајде да погледнеме како функционира оваа диета и да видиме кои се нејзините добри и лоши страни на оваа диета. Но прво да кажеме нешто за Др. Орниш , човекот кој цел живот го посветил на лечење на болести само со промената на животниот стил ( исхрана, вежбање, медитација...).

Др. Дин Орниш е претседател и основач на непрофитабилниот институт за истражување во областа на превентивната медицина, се смета за револуционерен уште на почетокот на деведесетите години, кога изнесе докази дека диетата која во основа е вегетаријанска може да ги намали симптомите на срцеви заболувања. Како додаток Орниш и неговиот истражувачки тим докажаа дека вегетаријанската исхрана во комбинација со физички вежби, може значајно да го намали стресот и да им помогне на луѓето да ги намалат килограмите. Од тој момент Орнишовата диета ја прифатиле многу луѓе и привлекла многу внимание па дури и тогашниот председател Бил Клинтон. За разлика од многуте диетски трендови многу лекари и нутриционисти ја препорачуваат баш оваа диета за оние кои сакаат да ослабат и оние кои имаат срцеви заболувања.

Популарноста на оваа диета се темели на видливите резултати. Едно испитување покажало дека оние која ја држеле Орнишовата диета во просек изгубиле 12 килограми во период од три месеци, и дека после 5 години, поголемиот дел од нив успеале да ја задржат новата тежина.

Иако оваа диета е многу добра сепак на некои е и лоша , на некои луѓе им е тешко да ја пратат бидејќи се работи за подолг временски период. Оваа популарна диета во суштина е веганска диета и на луѓето им е тешко да ги избегнуваат сите видови на месо, риба, јајца. Исто така оваа диета е екстремно сиромашна со масти (сите видови ) а всушност мастите се тие што и даваат подобар вкус на храната и ги прави луѓето сити.

Што претставува Орнишовата диета ?

За некој да ја применува оваа диета неопходно е :

  • Да ги јадете сите врсти на житарки и мешунки , зеленчук , овошје до граница каде не почуствувате ситост.
  • Да јадете млечни производи кои содржат мали количини масти како што се млеко, сирење и јогурт но во умерени количини. Само 10 % калории треба да потекнуваат од мастите.
  • Избегнувајте ги сите видови на месо, масло и производи кои содржат масло вклучувајќи авокадо, маслинки , ореви , семки , млечни производи со висока концентрација на масти и шекер.
  • Вежбајте пет пати неделно со времетраење од 30 минути или три пати неделно со времетраење од 60 минути.
  • Избегнувајте стресни ситуации , вежбајте јога , медитирајте или бидете во друштво на сакани особи.
  • Избегнувајте нездрави навики како што се претерано конзумирање на алкохол и цигари.
  • Јадете мали оброци но сепак чести, треба да внимавате да не се пренајадете.

Како функционира Орнишовата диета ?

Орнишовата диета која е наменета за губење на килограмите и за одржување на срцето здраво се базира на внес на малку калории и материи кои се штетни за срцето. Во мастите се наоѓа два пати поголема количина калории него во шекерот. Мастите имаат девет калории по грам , додека шекерите и протеините имаат по четири грама, така да ако го намалите внесот на масти ќе го намалите и внесот на калориите. Исто така е тешко веројатно дека ќе се прејадете од исхрана која се состои од свежо овошје , зеленчук и житарки.

Напоредно со диетата се препорачува и редовно вежбање , што допридонесува до губење на килограмите и зголемување на протокот на крв. Намалете го стресот и нервозата бидејќи многу особи коа се нервозни јадат.

Пример за Орнишовата диета :

Доручек: житарки со јогурт со мал процент на млечна маст и сок од портокал.

Ручек: печен компир со немасно сирење со спанаќ и брокули , компир салата или зелена салата и свежо овошје.

Вечера: леб со домат ,тестенини со зеленчук, овошје за десерт.

Дневен пијалок : вода , кафе , чај , немасно млеко и сокови .

Добри страни на Орнишовата диета :

  • Голем дел од препорачаните оброци содржат мали количини на натриум , доволно количини на зеленчук и овошје, влакна . Со помош на оваа диета го намалувате внесот на шекери и алкохол, јадете храна која има малку киселини и многу минерали , делува позитивно на коските и спречува појава на остеопороза. Редовното физичко вежбање ја подобрува работата на срцето и помага при контрола кај хроничните болести.

Лоши страни на Орнишовата диета :

  • Диетата содржи мали количини на масти и затоа е тешка да се спроведува на подолги стази . Орнишовата диета ја ограничува количината на внесот на семки и ореви, тие содржат омега 3 масни киселини кои ја подобруваат состојбата на крвните садови, исто така мора да напоменеме дека оревите во умерени количини го подобруваат квалитетот на оброкот и допринесуваат чуство на ситост но мора внимателно со нив .
    Доколку не ги планирате оброците добро може да дојде до недостаток на калории, витамин Б12 и железо. Витамините и минералите се неопходни за правилен клеточен метаболизам.

Краткорочно и Долгорочно дејство на Орнишовата диета :

Големи се шансите да ја намалите тежината ако се придржувате , намалете го внесот на масти и јадете повеќе овошје и зеленчук, можете да ги изгубите килограмите за краток период , но ќе бидете гладни заради малиот внес на масти.

Можете да ја подобрите состојбата на вашето срце со помош на оваа диета. Тестовите покажаа дека овој тип на диета го намалува или оневозможува создавањето на срцеви проблеми дури и кај пациенти кои се подолго време болни.

Исто така треба да се внимава ако диетата подолго време се применува , секогаш посоветувајте се со доктор пред да ја почнете диетата , мали деца , тинејџери , трудни жени и доилки не би требало да ја применуваат оваа диета бидејќи не содржи многу масти, витамин Б12 и железо.

Оваа диета нема одереден план за тоа колку намирници морате дневно да внесете и во кои количини , оставаме на вас сами да одлучите . Тимот на нутриционисти состави листа на најпрепорачливи диети за 2014 год . а на неа оваа диета се наоѓа во првите 10 .


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.