ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Отрови на пазарните тезги


Во спанаќот ,зелката и блитвата има пет до десет пати повеќе нитрати од дозволе – ната количина. , предупредува професорот Драги Стевановиќ од Белградскиот Земјоделски факултет.

Во пластениците и малите засади се произведува зеленчук и овошје “ збогатено “ со нитрати ,тешки метали ,олово ,кадмиум ,радиоактивен уран...Овие , по здравјето на на луѓето штетни хемиски материи , во зеленчукот и во овошјето доспеваат со минералните па и органските ѓубрива кои ѓи продаваат повеќе од 40 светски компании.Овие минерални ѓубрива се користат за сега на мали површини ( од 5 до 10 % ) надвор од контролата на државата.

Како што предупредува професорот Драги Стевановиќ .од катедрата за агрохемија и физиологиа на растенијата при Земјоделскиот факултет, и до 70% од лиснатиот зеленчук е презаситен со состојки од ѓубривото кои растенијата не ги преработуваат.
"Најмногу има нитрати кои во организмот може да се претворат во канцерогени нитрозамини ,а во спанаќот ,зелката и блитвата , ѓи наоѓаме во пет до десет пати поголеми количини од здравствено дозволените.Во лабораториите сме пронашле од два па до 200 мг уран во килограм зеленчук ,а кадмиум од 20% до 30% на килограм што е неколку пати повеќе од минимално дозволената количина - истакнува професорот Стевановиќ.

И истражувачите на институтот за технологија на нуклераните и другите минерални суровини дошле до алармантни податоци кои поакжуваат дека во ѓубривото нивото на ураниум и кадмиум е исклучително високо.Зголемена радиоактивност измерена е и на опитните полиња каде што ѓубривото се користи контролирано , но ситуацијата во пластениците и на оние места каде се употребуваат огромни количини без никакви дозволи , прописи и совети на стручни лица е подполно непозната.

"Произведувачите на зеленчук и овошје во земјата истураат огромни количини нај – често минерално ѓубриво и разни хемиски препарати кои често и не се раствараат туку хемиските состојќи остануваат во земјата и одат во плодовите , на пример на компирот кои имав прилика да го анализирам во својата лаборатотија", истакнува Стевановиќ.Тој подсетува дека пред неколку години извозот на чипс од една наша фабрика бил блокиран поради пет пати поголема количина кадмиум кој во компирот стигнал од минералното ѓубре.Имало и примери кога од граница од слични причини било враќано одредено овошје и зеленчук.

До прекумерна и неконтролирана употреба на ваештачко ѓубре дошло после воведувањето на слободниот промет на минералното ѓубре и другите хемиски пре – парати.Трговците најчесто го продаваат на земјоделските производители ,кои со ова ѓубриво ја ѓубрат земјата во количини и до шест пати поголеми од потребните. Но ,како што предупредува Стевановиќ , произведувачите зеленчукот кои го одгелдуваат на ово начин најчесто не го користат за своја исхрана туку го изнесуваат на пазарот.Овошјето и зеленчукот за сопствена употреба го одгледуваат на здрав и традиционален начин.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.