ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со домати

 
Paradajz dijeta

Свеж,варен,цеден…-доматите се прави бисери меѓу зеленчукот кои ќе ви – ако им дадете шанса
и ја испробате доле наведената диета – помогнат да изгубите неколку килограми и прописно да
го протресете вашето тело и барем малку го исчистите од разните токсини.

Диетата која е пред вас нуди можности за пет дена да изгубите до 3 килограми и згора на тоа
да се чувствувате одлично.Диетата е строга, дотолку повеќе што за (скоро ) секој оброк треба да се јадат домати и тоа во нешто поголеми количини отколку што е вообичаено.Оптимално е да се јаде свеж и варен домат (пире и сок):Причината е едноставна : свежиот е богат со витамин Ц кој во најголем дел се губи при термичката обработка но затоа пак варените домати содржат материи кои се одлична заштита од слободните радикали.

Домати диета – Петодневно мени

1. ден

Појадок

- 2 парчиња тост од црн леб со малку маргарин и лажичка мед.
- чај или кафе без шеќер.

Ручек

Голема салата од домати со сирење

Во голема чинија направете салата од следните состојки :

  • 150 гр немасно сирење (издробено)
  • 350 гр свежи домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • ½ лажичка зачински растенија по вкус (одлично оди босилок како и оригано).

Се добро да се промеша и додадете на поголеми парчиња искршени парчиња тостиран интегрален леб.Салатата пред да ја јадете ,петнаестина минути изладете ја во фрижидер.

Ужина

- 1 нектарина

Вечера

Тестенина во сос од домати

Два моркова исецкајте ги на коцкички и пропржете ги во маслиново масло,додадете 50 мл сос од домати и пржете уште 5 минути.Додадете 400 гр домати поситно исецкани,посолете, зачинете со црн пипер и со лажичка павлака ( 12 % мм).Варете десетина минути на умерен оган.Овој прелив истурете го преку свежо варена тестенина (најдобро овесна или од јачмен)
Количината на варената тестенина (пред варењето ) е 60 гр.


2. ден

Појадок

- 200 гр полумасен јогурт (1,5 % мм) измешајте со лажица мед и додадете две големи лажици овесни снегулки.

Ручек

Грчка салата

Лукот исечете го на округли парчиња,додадете два варени домати исечени на поголеми парчиња,поголема краставица исто така исечена на поголеми парчиња,две лажички сок од лимон,лажица маслиново масло,сол,црн пипер,малку мајчина душица и 2- 3 црни маслинки.Сето тоа добро измешајте го и оставете состојките да “ одлежат “.Украсете со 30 гр овчо сирење (издробено) и со коцкички од едно парче р,жен леб.

Ужина

Парче овошје или шоља кафе со 2 – 3 бисквити од интегрално брашно.

Вечера

Супа со ослиќ

Две главици кромид испржете ги на малку масло,додадете два поголеми домати исечени на покрупни парчиња и 2,5 дцл супа од зеленчук.Сето тоа варете го на тивок оган окулу 10 минути.Смесата процедете ја низ ситно сито,додадете сол,црн пипер,на врв на ножот шеќер,125 гр варен ориз и печено филе ослиќ.Украсете го тоа со лажица кисела павлака.


3. ден

Појадок

-Интегрално пециво со две лажици полумасно сирење.На едната половинка пециво намачкајте го сирењето и ставете парче домат и малку исецкан млад кромид, другата премачкајте ја со мед.

Ручек

Тортиља

Исечете 300 гр домати и 100 гр печурки на поголеми парчиња.Две јајца,четири лажици минерална вода, две лажици зеленчук,сол и црн пипер измешајте .Печурките и доматите ставете ги во загреана и малку намастена тава,преку тоа ставетег ги јајцата и на тивок оган оставете да се спои.Сервирајте го топло или ладно на подлога со две парчиња р,жен леб.

Ужина

- два моркова исечети ги на две стапчиња и завиткајте ги во 30 гр шунка од мисирка.
- 1 дцл сок од домати (свеж или варен).

Вечера

Месо со домати

Испечете 125 гр говедски шницли во тава без додавање на масло и зачинете ги по вкус. Половина главица кромид испржете ја на малку маслиново масло. Додадете 400 гр домати исецкан на коцки и малку мајчина душица и сето тоа пржете го на јак оган неколку минути.Оброкот комплетирајте го со еден тост од р,жен леб.

4. ден

Појадок

- две парчиња тост намачкајте ги со лажица крем сирење и одозгора ставете по едно парче шунка.
- 2 дцл сок од домати ( свеж)

Ручек

Ладен гаспачо

Сварете 500 гр домати, пиперки и поголема краставица исечете ја на коцкички и измиксајте со лажица маслиново масло,лук и две изронети парчиња тост. Додадете сол и црн пипер и оладете го пред да се сервира.

Ужина

Направете сендвич од парчиња тост со сусам,парче димено месо од мисирка и одозгора ставете домати исечени на подебели парчиња.

Вечера

Домати со ориз

Исечете го врвот од два домата,издлабете ги и ставете ги во огноотпорен сад.Смесата за полнење направете ја од 50 гр полумасно сирење и 125 гр варен ориз,малку босилок, домати исецкани на коцкички и лук.Наполнете ги доматите и посолете со сирење.Печете во загреана рерна 15 минути.

5. ден

Појадок

- 2 дцл сок од домати (варен).
- 2 тенко премачкани тостови со топено сирење со парчиња домати одозгора.

Ручек


Италијанска салата

Исечете на коцки тост леб и 400 гр домати,додадете малку зелена салата.Прелијте со две лажици маслиново масло и оцет,додадете сол и црн пипер.Преку тоа посипете ги коцкичките тост

Ужина

Јаболко,киви и нане

Кивито и јаболкото исечете ги на коцки и помешајте со неколку капки мед.Додадете неколку ливчиња свежо нане.

Вечера

Рататули

За оваа јадење потребно е на коцки да се исечат 200 гр компир,четири моркови,два праза, 100 гр печурки и четири стебленца целер.Исецкајте две главици кромид и две лук, загрејте две мали лажици масло и додадете го зелнчукот и компирот.Зачинете со сол,црн пипер и оригано.Долијте 100 мл супа од зеленчук и сето тоа варете го поклопено окулу 10 минути.
Додадете шоља (2,5 дцл )варен домат.Сето тоа варете го на тивок оган 15 минути.

Додатни напомени :

-доколку сте гладни помеѓу оброците можете слободно да конзумирате 2 дцл сок од домати (свеж или варен).


- постојат извештаи (сеуште се во доменот на гласини) дека сокот од домати има поголема тенденција на согорување на масните наслаги ако му се додаде на врвот на ножот црн пипер.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.