ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Пет слатки кои не гојат




Ретки се оние луѓе кои што можат да им одолеат на слатките, или они кои воопшто не ги сакаат. Веројатно ни тие не се свесни колку се поради тоа среќни затоа што слатките се најголемите виновници за прекумерната телесна тежина.За сите вас сладокусците , за среќа , има неколку решениа со помош на кои може да јадете
слатко а да не се здебелите.

Сте добиле невероватна желба за слатќи ? Наместо да изедете огромно чоколадо,
задоволете ги вашите гладни очи со следните по здрави верзии на вкусни десерти :

Рум топчиња од снегулки се одлична посластица во која наместо чоколадо и шеќер имате здрави замени.Ви требаат 5 супени лажици разни снегулќи ( јачмени,
зобени, соини ,пченични ), оревести плодови , разно суво овошје ( додајте ја
количината по желба ) ,половина литар млеко , 2 лажици мед, какао и рум.Варете
ѓи снегулките и сувото овошје само 5 минути во млеко..Оставете ѓи уште малку да
набубрат окулу 15 минути.После тоа процедете ѓи и уфрлете ѓи во блендер па потоа додате ѓи останатите состојќи и измиксјте ѓи.Доколку смесата биде пречврста
додадете уште млеко , а ако се многу меки додадете уште снегулќи или оревести
плодови.Од смесата правете мали топчиња кои можете да ѓи валкате во рогачи или
во мелени оревести плодови.Доколку сакате кокос , цимет можете да ги комбинирате
и нив наместо рум и какао и ќе добиете одлични вкусни колачиња.Овие слатќи не
мора да бидат во облик на топчиња.Можете да го излиете во тепсија и да го израв –
ните , па кога ќе се исуши на собна температура или во фрижидер , сечете го на
коцки .

Интегрални медени плочки се домашна верзија на бонжито.Ова се малку по
калорични слатќи но без страв може да ѓи конзумирате а да не се здебелите.Стопете
80 гр путер , со 80 гр кафеав шеќер ( или фруктоза ) , па во тоа додадете 2 лажици
мед.Во поголем сад ставете 130 гр разни снегулќи , 100 гр сецкани бадеми, 30 гр
семќи од тиква , 100 гр суво грозје ,100 гр сушена брусница , 30 гр кокос и 30 гр
сушени сецкани кајсии.Оваа смеса измешјте ја со онаа влажната ( стопен путер и
шеќер . Сето тоа измешајте го добро и ставете во тепсија која е прекриена со хартија за
печење.Добро изравнете ја површината , најдобро би било смесата да ја изгмечите
со гмечалка за пире компир.Во загреана рерна на 180 степени запечете окулу 15
минути.Додека се уште жешки исечете ѓи на плочки но не ги вадете од тепсијата,
сам оставете ги да се изладат.

Домашен овошен јогурт или сладолед ќе ви биде одлична замена за висоско
калоричните ледени десерти во летниот период.Подгответе 500 мл јогурт , 100 гр
било кое сушено овошје и свежо овошје по избор.Најубаво е со јагоди , вишни ,
банани , кајсии.Изберете ги омилените комбинации и ставете колку што сакате.
Сето тоа заедно измиксајте го во блендер и додадете 2 супени лажици мед, или
фруктоза..Ставете во фрижидер малку да се згусне и јадете кога ќе посакате нешто
слатко.Оваа смеса може да ја замрзнете и да добиете одличен сладолед.Во текот на
денот промешајте го неколку пати за да не се создадат леденици.

Печено јаболкое одличен есенски десерт но вкусен е и во секое годишно доба.
Подгответе 5 – 6 јаболка ,излупете ги и издлабете им ја средината.Наредете ѓи во
тепсија обложена со хартија за печење.Оревасти плодови ( окулу 100 гр ) сомелете
ѓи или исецкајте, па со тоа наполнете ѓи јаболката во издлабената средина.Посипете
ѓи со цимет и ставете во загреана рерна на 200 степени окулу 10 минути.Во
меѓувреме ,подгответе 2 јајца , издвоете ја белката.Изматете ѓи со две лажици
фруктоза во цврст снег.Извадете ги јаболката од рерната и покријте го секое јаболко
со снег од белки.Вратете ѓи во рерната.Доколку вашиот шпорет има програма со
врел воздух ќе биде одлично ако го вклучите за да белките добијат убава кафеава
боја.

Чоколадо со 70 % какаое слатко кое е подобро да го конзумирате ако немате
желба ни време нешто да правите.Со него треба да се биде внимателен, затоа што
чоколадото е сепак чоколадо , иако е ова помалку калорично и по здраво.Најдобро е
да го изберете најскапото и најквалитетното затоа што кога добро ќе почувствувате
по џебот ќе ви биде жал целото да го изедете одеднаш.Кога е поскапо по тешко ќе
се решите да го купите а така ќе научите да се контролирате и да јадете само еден
ред чокалодо дневно.

На крајот запамтете дека понекогаш “ забранетите “ намирници ќе ги избегнете
така што ќе престанете да ѓи купувате, ставете ѓи на некое тешко достапно место
во кујната, или обидете се со прошетка ,телефонски разговор или со нешто друго
да го одвратите вашето внимание од овој предизвик.Бидете појаки од краткотрајното
уживање , тежнтејте кон долготрајни задоволства.Сетете се уште еднаш на оној
прекрасен фустан од излогот која ќе можете со задовоство да го носите ако внимавате на исхраната.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.