ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со свежа храна

 

Имате проблем со времето ? Убавото време пристигна и вие сакате да се ослободите од неколку килограми вишок ? Секако , тоа сакате да го направите брзо и здраво ?

Нема проблем – имаме нова диета за вас која ја креирала Siri Data – експерт за јога и која може да го направи баш тоа.Во текот на оваа диета се јаде само свежо овошје, зеленчук , семки и костенливо овошје...не може да биде полесно – нема броење на калории, нема готвење , а резултатите се фантастични!

“ Користа од свежата храна е безкрајна ! Брзо и здраво слабеење , чистење на кожата и косата , дава голема енергија и го зголемува либидото “ вели Siri. Звучи привлечно Тогаш е право време и вие да ја испробате !

Основи на диетата со свежа храна

Убавината на оваа диета е тоа што таа може да се применува по желба : 3 , 7 или 10 дена. А како бројот на денови во кој ја применувате ќе влијае на вас ? Па еве отприлика како :

Диета од 3 дена ќе ја намали надуеноста на вашиот стомак , ќе добиете нова енер – гија и ќе изгубите до 3 килограми.

Диета од 7 дена ќе ви помогне стварно да ги почувствувате благодетите .Полесно тело , по бистер ум и уште повеќе енергија.Губење на тежината до 5 кг.

Диета од 10 дена ќе ви даде доволно време за да се видат промените на кожата , плус ќе почнете да изгледате помладо и посвежо.Губење на тежината до 7 кг !

Секако , губењето килограми зависи од вашата почетна тежина , колку е поголем вишокот повеќе ќе изгубите.

 

Правила за диетата од 3, 7 или 10 дена

Не може да биде поедноставно! Јадете само свежо овошје , зеленчук , семки ,клици и оревести плодови , плус здрави масла и мед.Пијте само вода , свежи сокови и смути.

Појадок : Совршено време за појадок е помеѓу 7 и 9 часот.Почнете го денот со две чаши вода и малку исцеден свеж лимон за да го исчистите организмот .Пијте полека за да ја помогнете апсорпцијата на хранливите материи.За појадок додадете уште било кој од нашите предложени сокови ( може и сами да смислите некоја комбина – ција која ќе ви биде по желба ) или обичен свеж сок.

Ручек : Совршено време за ручек е помеѓу 12 и 14 часот.Ова би требало да биде најобемен оброк во текот на денот со многу зеленчук , салати , семки и клици.

Вечера : Совршено време за вечера е помеѓу 18 и 20 часот.Златно правило е да не јадете никогаш после 20 часот навечер.Што и да конзумирате после ова време, останува во вашиот организам , се ферментира , се претвора во масти и го потикнува дебелеењето.Вечерата е време кога треба да јадете здрави маснотии за да организа – мот може да се обнови и закрепне додека спиете.Обидете се во овој оброк да вклу – чите семќи , преливи за салати и оревести плодови.

Пијте најмалку 2 литри обична вода во текот на денот.Немојте се да испиете наутро и тогаш ништо во попладневните часови. Наскоро ќе ви припремима листа на рецепти со свежа храна ,а уште еднаш ве охрабруваме да експериментирате , експериментирате , експериментирате...

Па ако бидете посебно задоволни со некоја ваша комбинација испраетете ни рецепт и ние да уживаме...

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.