ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Пореметувања во варењето

 

Режим на исхрана кај болни со стомачни тегоби

Варењето е процес со кој храната се разложува на најситни делчиња така да организмот може да ја користи за изградување и исхрана на клетките и произвотство на енергија неопходни за работата на мозокт и срцето,бубрезите,црниот дроб и останатите органи.
Современиот начин на живот,неадекватна исхрана,стрес,нервоза се најчест предизвикувач на болести на дигестивниот тракт.

Зголемено лачење на желудечната киселина - се јавува често со чир на желудник или на дванаестопалачното црево,но може да биде и независно заболување.Болните се жалат на печење во желудникот,имаат чуство на надуеност и притисок под градите,неретко подригнуваат на кисело и повраќаат.

Намалено количество на желудечната киселина - се јавува како последица на недоволно варење заради слаб апетит а болниот чуствува напетост и често подигнува на распани јајца,во потешките случаеви се јавува и пролив.

Како со исхрана да ја подобрите состојбата додека не добиете адекватна помош?
Пред се избегнувајте свежа храна (салати,овошје)намирници кои содржат многу целулоза(грав,ротквици),димено месо.
Доколку прометите дека ги имате симптомите потребно е одма да се јавите на лекар,а додека не закажете преглед можете да се придржувате на следниов начин на исхрана:

РЕЖИМ НА ИСХРАНА КАЈ БОЛНИ СО СТОМАЧНИ ТЕГОБИ

1.Ден: внесете 2/3 литри течност,благ руски чај со малку шекер или лимун во мали количини,голтка по голтка,соленки,двопек.

2.Ден: варен ориз,варен морков,варен компир,дозволено е додавање на сол,вегета супа без тесто,солени стапчиња и двопек.

3.Ден: Ако состојбата се подобри,може да се конзумира тврдо варено јајце,свежо кравјо сирење,свеж јогурт,јаболко печено во рерна.

4.Ден: посна пилешка супа,варено пилешко месо и зеленчук кое е спомнато.

5.Ден: постепено преминување на нормална исхрана,но на почетокот без запршка ,печено месо,сосеви.Една недела треба да избегнувате црно кафе,овошни сокови.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.