ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Постење - ДА или НЕ ?

I дел


Post - da ili ne?

Кога ќе се постави прашањето за вредноста на постењето како метода за слабеење и подобрување на здравјето , воглавно се појавуваат две остро конфронтирани страни .Целта на следните текстови е да ги изнесат размислувањата на оние кои се ЗА и на оние кои се ПРОТИВ постењето , нивните аргументи и теориии – а на вас е да просудите што е за вас најкорисно.

Во првиот дел за постот своето мислење го даваат диетичарите.

Основни прашања од кои поаѓаме се : Дали постот ќе ги забрза напорите на поединецот при слабеењето ? И дали постот стварно носи здравствени бенефити ?

Одговор на диетичарите: Постењето е намерно воздржување од храна.Долго време се сметало дека постењето носи многу бенефити како што се чистењето на телесните системи , ослободување на телото од таканаречните токсини , процес кој е е добар за интенстиналниот тракт , го забрзува метаболизмот и го потикнува губењето на телесната тежина.Меѓутоа , ниту еден од овие појмови не е точен ниту е поткрепен со медицински истражувања.

Додека краткотрајниот пост најверојатно нема да им нашкоди на повеќето луѓе , тој сепак може да биде опасен за поединци со полоша здравствена состојба , со подолга историја на болеста и на користење на лекови.Затоа се советува таквите лица да се консултираат со лекар пред да започнат со постење.

Во текот на нормалните метаболички состојби ( не – постење), телото својата енергиа ја зема во главно од гликозата и маснотиите ( во крвта) кои се добиваат од јаглено хидратите и маснотиите кои ѓи внесуваме низ исхраната.И мозокот и нер – вниот систем користат гликоза за енергиа и правилно функционирње .Вашето тело исто така складира енергиа во мускулите и црниот дроб во облик на гликоген..

Во рок од само неколку часа од почетокот на постот , кога гликозата внесена со храната е искористена , телото посега по сопствените резерви на гликоген ,но тоа не трае долго затоа што резервите се ограничени.Кога овие резерви се истрошат , вашето тело влегува во метаболичка состојба за тревога.Тоа почнува да го претвора сопствениот протеин и дел од маснотиите во гликоза потребна за мозокот и нервниот систем.Ова доведува до озбилно пореметување на мускулите и масното ткиво и доведува до создавање на кетони.Оваква состојба не се смета за здрава ниту пожелна.Како резултат , можете да изгубите на тежината , но тоа е поради губењето на вода - дехидрација , трошење на мускулното ткиво и обично е следено со замор и вртоглавица.

Значи , можете да разберете дека после години на злоупотреба на телото со сиро – машни диети и со вишок на маснотии и калории , постењето не е начин за подобру – вање на здравјето.Вашето тело едноствано бара соодветна исхрана која вклучува интегрални житарќи , свежо овошје и зелнчук , ниско масни млечни производи , здрави маснотии , не масно месо ,риба , махунќи и останатите извори на квалитетни протеини.Тогаш, и само тогаш , телесните системи работат заедно и ефикасно.Оваа диета ќе резултира со зголемување на енергијата и подобрување на комплетното здравје.

Напомена : Некои медицински процедури захтеваат од пацијентите да постат одредн период.Секогаш следете ѓи советите на вашиот лекар во овакви ситуации.

- продолжува -

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.