ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА


Оваа страница е наменета за вашите позитивни искуства.Многу негативни искуства имаме сите , зарем не ? Затоа ,на овие страници сите ќе бидеме позитивни и ќе ги читаме искуствата само на оние кои успеале да го намалат вишокот на килограми.

Доколку имате слични искуства на некое од доле наведените ,опишете го и помогнете им и на другите да се мотивираат и да бидат истрајни.Затоа што ,денес во изобилството на се и сешто изгледа дека мотивацијата е најголем проблем

Значи. следуваат позитивни искуства :

Милена

Висока сум 163 цм, моментално имам 54 кг.Многу сум наклонета кон гоење,така да
од секогаш морав да водам сметка за тежината, така да имам стварно богато искуство со разни диети.

Она што сакам да го споделам со вас еден сосема нов пристап,благодарејќи на него
сега сум конечно вита и сита.Се работи за концепција на интолеранција на храната,
која на кратко се темели на тоа дека една одредена врста на храна не гои, а друга не,
без обзир на нутритивните и калориските вредности на поедини намирници.Денес
во поголемите градови се работат тестови за интолеранција со анализа на крвта,со
што добивате список на намирници кои треба за одредено време да се исфрлат
од исхраната.Оваа врста на анализи ја изработуваат приватните лаборатории.
Доколку не сте во можност да ја изработите,просторно или финансиски сте
ограничени, како груба ориентација може да ви послужи исхраната према крвните
групи.

Мене лично многу ми е жал што порано не сум знаела за интолеранција,би заштедела многу труд и малтретирање кои ги следеа бројните диети кои сум ѓи
држела.Значи, мојот предлог ви е да одберете некоа умерена диета и да ја прилагодите со изборот на намирници кои на вас лично ви одговараат.Среќно !

[ назад на врвот ]

Јокица

Јас сум висока 163 цм и имав 94 килограми, а сега имам 59 кг! Да ,да ...тоа беше
само мојата упорност, а ослабев со помош на Аткинсовата диета...Како прво,оваа
диета не се темели на гладување!Можеш да јадеш и пет пати во денот ,но битно е
тоа да биде месо!Пржено,варено, само не похувано.Можеш да јадеш и сувомеснато
и јајца,а месото е битно сам да го приготвуваш затоа што по ќевапџилниците му
ставаат соја !

Мојата диета изгледа овака :
Појадок: пржени јајца со шунка и салата ,
Ручек: 2 парчиња месо на тефлон тава (пилешко,телешко ) и салата,
Вечера: јајца или месо со салата.

Пиев кафе со засладувач, а и лимонада,исто така со засладувач.Пиев и цедевита
поради витамините...Најмногу ослабнав во почетокот,кога имав доста да намалам,
но кога дојдов на 65 кг многу време ми требаше да намалам и по 2кг...Од 65 кг на
59 кг дојдов со вежбање и со корекција на исхраната,а не со Аткинсовата диета,
иако 30 кг намалив баш со оваа диета !Битно е само да бидете упорни и да не се
откажувате,затоа што ако барем една недела се придржувате ќе ги видите резултатите.Иако, не е добро да престанете со диетата кога гледате како ѓи снемува килограмите...Јас бев упорна и ја држев 3 месеци,па имав проблеми ,затоа
што подполно престанав да јадам,имав само еден оброк дневно! Јас не се уплашив,
ми беше супер,но докторката на систематски,кога виде разлика 94 – 65 кг се уплаши дека ќе станам анорексична и ја повика мојата мајка ,па настана општ хаос.По некое време почнав да јадам и овошје и се живо,но, верувале или не,леб
не јадам веќе 2 години,евентуално по некогаш интегрално печиво,слатко јадам
еднаш во месецот.Јас сега имам цел да со вежбање и со некоја мала диета ,можеби
онаа со суви сливи, дојдам до 53- 54 кг ,за да бидам на идеална тежина...

Верувајте, и вие може да успеете ,само ппотребно е да имате цел пред себе!
Најпроблематични се првите 3 дена,но кога тоа ќе го претуркате,нема да имате
никакви проблеми !Потребна е подршка на опкружувањето,на семејството пред се,
затоа што тешко е да јадете дома,а вашите да јадат слатки и грицки,а вие не смеете
ни да помислите! Составете мени со оној кој ви приготвува и обавезно имајте во
СЕКОГАШ во фрижидерот салати за да грицнете нешто кога ќе почувствувате глад.
Поздрав на сите !

[назад на врвот ]

Александра

Јас од 10.07.2006,до денес намалив од 109 кг на 75 кг,висока сум 173 цм.Не користев никави рецепти,таблети и сл.Бев кај доктор кои што како прво утврди дека не е во прашање хормонално пореметување ниту некоја болест,а потоа ми го препиша следниот режим на исхрана :

Појадок: 09 00 – 09 30 ч 2 исти овошја ( првите 2 месеци без банани )

Ручек: 13 00 ч шоља бистра супа,порциа зеленчук ( првите 2 месеци без компири
и ориз ) со посно месо (пилешко бело месо,јунешко риба ) и порциа салата.

Вечера: 19 00 шоља јогурт со најмалку маснотии и парче кравјо сирење немасно.а
по два месеца ,може и две супени лажици качамак како замена.

Сите јадења се прават исклучиво со варење на вода ,без динстање ,пржење и похување.Нема леб,тестенина,слатко и сокови.дневно најмалку 2 л течност и
природен сок ( лимон,грејп или портокал ).Кафе обично црно незасладено.

Резултатите се вредни за да се потрудите,во просек се намалуваат 3 кг месечно
а за физичка активност користам само вечерна прошетка од 6 км со малку по брзо
одење.Од лично искуство знам дека ништо не може да се постигне преку ноќ, а
посебно ако е потребно да се намалат повеќе килограми така да треба да се
решите за здрав начин на исхрана кои со тек на времето носи резултати без страв
дека килограмите ќе се вратат.Кога ќе навикнете да јадете ниско калорична храна
имате по мала потреба да пиете сокови,немате киселина во желудникот,што е
последица на конзумирање јака храна а не сте гладни затоа што имате 3 оброка во
денот во кои се застапени сите намирници потребни на организмот.Кога ќе купите
рибини филети и ѓи испржите на загреано масло или кога ѓи испечете во фолија во
рерна без масло ,разликата е огромна во поглед на калориите а вие сте сити како и
да ги подготвите.Треба здраво да подготвувате ,здраво да јадете и во паметно време а килограмите сами ќе се намалат и нема да се вратат.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.