ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

Водич низ природните и вештачките засладувачи


manjak fizicke aktivnosti

Изборот на засладувачи никогаш не бил побогат. Еве ги седумте најчести:

 

1. Шеќер

  • Што е тоа : Природна материја во гранули која се добива со дестилација од
    шеќерна трска или од шеќерна репка.Кафениот шеќер потекнува од истите
    извори но бојата ја добива од остатоците или со додавањето на меласа.
  • Исто така са нарекува сукроза
  • Каде ќе го најдете : во пекарските производи , цереалиите , во сладоледот и
    во сосови .
  • Што треба да се знае : една кафена лажичка има само 16 калории.Трудете се
    се да конзумирате шеќер на скоро полн стомак ,затоа што тоа ќе помогне да
    стабилизиара шеќерот во крвта, земајќи во предвид дека индивидуалното
    конзумирање на слатќи може да предизвика нагло зголемување на шеќерот
    во крвта , што доведува до чувство на замор и на уште поголема глад, тврди
    Majkl Zemel , директор на институтот за нутриционизам на Универзитетот во
    Тенеси ( Ноксвил ).Исто така ,исперете ги забите по конзумирањето на шеќер,
    затоа што го зголемува ризикот од болести на забите.


2. Течна агава

  • Што е тоа : сладок екстракт од агава ,растение богато со сокови ( од кое се
    добива и текилата ).
  • Исто така се нарекува агава нектар и агава сируп.
  • Каде ќе ја најдете : во мали шишења, во продавниците за здрава храна.
  • Што треба да знаете : агавата не го зголемува нивото на гликоза во крвта така
    брзо како кристалниот шекер , тврди Boni Taub – Diks , диетитичарка и автор
    на книгата “ Read it Before You Eat it “ ( Прочитајте пред нешто да изедете ).
    Сем тоа , послатка е за 25 %.Додате ја во чај или во кафе, или со обзир дека има
    вкус на мед, пробајте ја со јогурт.

 

3. Стевија

  • Што е тоа : подполно природен некалоричен засладувач што се добива од лист
    на растението стевија.
  • Исто така се нарекува : Reba , ребијана ,Трувијана, Пуре Виа , Енлитен, Sun Crystals.
  • Каде ќе ја пронајдете : во шејкови богати со протеини и во газираните пијалоци
    се продава како диетален засладувач.
  • Што треба да се знае : стевијата може да ја користите при печење, но најдобар
    ефект дава при средни температури.Иако Американската Агенциа за храна и
    лекови ја одобрила како безбеден засладувач, користете ја умерено , тврди
    Dzenifer Nelson, директор на клиниката за диететика од Мајо клиниката во
    Рочестер ( Минесота ).Посоветувајте се со лекар ако сте бремени.

 

4. Високофруктозен пченкарен сируп

  • Што е тоа : исклучително слатка течност која се добива од пченкарен скроб.
  • Исто така се нарекува : HFCS и високофруктозен сируп.
  • Каде ќе го пронајдете : скоро секаде , вклучувајќи преработена храна, пекарски
    производи и додатоци на храната и зачини.
  • Што треба да се знае : истражувањата покажале дека , слично на кристал
    шеќерот, HFCS може да предизвика прејадување, затоа што спречува
    организмот во подполност да ги ослободи хормоните кои ве известуваат дека
    сте сити ( па така ќе изедете цела кутија со бисквити ).

 

5. Сахарин

  • Што е тоа : Некалорично синтетичко соединение безбедно за дијабетичари кое
    што содржи натриум, водород и кислород.
  • Исто така се нарекува : Sweet N ‘ Low.
  • Каде ќе го најдете : во популарниот диететски напиток Таб, пастите за заби и во
    некои лекови.
  • Што треба да се знае : оваа замена за шеќер , која се употребува од 1879 година
    300 пати е послатка од шеќерот и тие карактеристики ги задржува и на високите
    температури, така да е добра за кафе или чај.Меѓутоа може да остави метален
    вкус во устата.Исто така ,може толку да се навикнете на многу слаткиот вкус
    на сахаринот така да ќе почнете да чувствувате потреба за слатќи.

 

6. Аспартам

  • Што е тоа : уште една синтетичка некалорична опција за дијабетичари.
  • Исто така се нарекува : Equlal I Nutrasweet.
  • Каде ќе го најдете : во диеталните напитоци и гумите за џвакање без шеќер.
  • Што треба да знаете : двеста пати по сладок од шеќерот, има благ вкус што
    се слага со зрнестото овошје или со цереалиите.При згревањето се раствара
    така да не може да го користите при печење.Некои луѓе добиваат главоболка од
    аспартамот , но и поред шпекулациите , не е утврдена конкретна врска меѓу
    врска помеѓу овој засладувач и болестите како што е Алцхајемеровата болест.

 

7. Сукралоза

  • Што е тоа : хемиски добиен шеќер кои што нема калории.
  • Исто така се нарекува : Спленда.
  • Каде ќе ја најдете : во цереалиите,пекарските производи, газирани напитоци и
    смрзнати десерти.
  • Што треба да се знае : телото не го препознава овој некалоричен засладувач
    како јаглено хидрат.Окулу 600 пати е посладок од шеќерот, ги задржува
    карактеристиките на високите температури..Кај некои лица може да предизвика
    стомачни проблеми.
Извор:
www.foxnews.com



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.