ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Притикинова диета - 3 Дена

povezano sa: pritkinova dijeta, pritkinovi recepti 1, pritkinovi recepti 2

НАПОМЕНИ

Менито за секој ден се состои од два дела :

1. Списокот на јадења се однесува на одреден ден ( се однесува за 1 особа )

2. Рецептите на некои поединечни јадења ( се однесуваат на 4 особи ). Рецептите за вообичаените јадења ( да речеме пире од компир, динстан зеленчук и сл. ) и нивна припрема .

Зачини

Количината на зачини не е точно утврдена и е оставена засебно по вкус. Битно е да се запомени дека при зачинувањето и припремувањето на храната никогаш не се користи масла и шекер како и производи како на пример : мајонез, кечап.

Мерки

Единици мерки се:

- една шоља е околу 2,5 dl.
- лажица - стандардна супена лажица
- мала лажица - стандардна мала лажица

Ужина

Ужината е цело време иста :

- парче овошје, овошјето генерално може да се јаде три пати дневно или
- порција свежа салата
- 30 гр. грицки ( семки, суво овошје, мешунскасти плодови

1. ДЕН

Доручек
сок од морков - 1,5 dl
3-4 кришки тост од црн леб со намаз од соја 20-25 гр.
една супена лажица пченични снегулки натопени во јогурт 2 саати во 1 dl.

Ручек
пченкарна чорба со кисело млеко (види рецепт)
компир пире без масло
грашок и морков динстани со вода и зачинети со соја сос или билен сос
100 гр. варена риба или печена на скара
салата од рендана зелка ( зачинета со малку сол и сок од лимон)

Вечера
Пита од зелка (види рецепт)
белка од јајце
чај од јачмен

Рецепти:

Пченкарна чорба со кисело млеко

  • 5 лажици пченкарен гриз
  • 1/2 лажица црвен пипер
  • 1/2 шоља кисело млеко
  • 1 бел лук
  • 1 лажиче ситно исецкан магдонос
  • 5 шољи вода
  • зачин
  • лист лорбер

На тивок оган , пропржете го пченкарниот брашно се додека не порумени, додадете ја црвената пиперка и лукот, налијте со вода, ставете зачин и лорберов лист и варете 20 минути. Кога чорбата е готова тргнете ја од огин додадете кисело млеко и украсете со магдонос.

[ Назад]

Пита од зелка

  • 400 гр. тенки кори
  • 800 гр. тенко исецкана зелка
  • 1 лажица сол
  • малку бибер

Посолете ја зелката , динстајте ја на вода додека не омекне . Тргнете ја од огин , додадете бибер и оставете смесата да се олади . Земете 2 кори и по ивицата ставете од зелката и завиткајте во ролна. Повторете ја постапката додека смесата не се потроши . Ставете ги во плех и попрскајте ги со малку вода и печете на срена температура 30 минути. Извадете го плехчето од рерна , прекријате со влажна крпа и оставете 2/3 минути кората да омекне.

Напомена : На сличен начин можете да припремите и вкусни пити од коприва , спанаќ и др.

[ Назад ]

2. ДЕН

Доручек
чаша обезмастено млеко
каша од јачмен (види рецепт)
парче тост од интегрален леб со намаз од јаболки

Ручек
чорба од мешан зеленчук (види рецепт)
динстана боранија со морков (види рецепт)
обарен интегрален ориз (види рецепт)
100 гр. пилешка прса
салата од варено цвекло

Вечера
3/4 тоста од интегрален леб
50 гр. младо сирење
чаша јогурт

Рецепти:

Каша од јачмен

  • 1/2 шоља јачмен
  • 2 dl. вода
  • 2 лажици сецкано суво овошје( грозје , смокви , урми )
  • една лажица јачменов слад

Потопете го преку ноќта јачменот во вода , и утредента варете го во иста вода додека не омекне околу 40 минути , додајте сецкано суво овошје , засладете со јачменов слад и послужете .

[ Назад ]

Чорба од зеленчук

  • 1/2 главица црн лук ситно исецкан
  • 1 морков
  • 1/2 ситно исецкана зелка
  • неколку парченца карфиол
  • 1 домат
  • 2 лажици трици
  • 6 шољи вода
  • сол и зачини , малку оригано и магдонос

Ставете го зеленчукот во лонец , додадете вода и варете го додека не омекне, зачинете , додадете трици и варете 40 минути.

[ Назад ]

Динстана боранија со морков

  • 1/2 боранија
  • морков
  • 2 главици лук
  • магдонос, сол и зачини

Ставете ја боранијата , морковот , лукот додадете малку вода и динсајте додека не омекне , кога ќе биде готово , исцедете и зачинете и сервирајте .

[ Назад ]

3. ДЕН

Доручек
пола грејпфрут
палента со сок од јаболка (види рецепт)
незасладен зелен чај

Ручек
чорба од печурки (види рецепт)
Posna sarma (види рецепт)
три кришки црн леб

Вечера
пита од пченкарен гриз со печурки (види рецепт)
чаша јогурт


Рецепти:

Палента со сок од јаболка

  • 1 шоља сок од јаболко
  • 1/4 пченичен гриз помешан со 1/2 dl вода
  • 2 лажици суво грозје
  • 1/3 лажица кора од лимон
  • малку сол

Сварете го сокот од јаболки , додадете го брашното и малку сол , мешајте да не загори , после 4 минути додадете го сувото грозје , кората од лимон и гответе уште една минута и оставете да се олади .

[ Назад ]

Чорба од печурки

  • 200 гр. печурки
  • 1 главица црн лук
  • 1/3 варен интегрален ориз
  • една лажица трици
  • зачини , сол ,кари
  • 50 гр. јогурт
  • 5 шољи вода

Исецкајте ги ситно печурките , додадете ги останатите состојки , освен јогуртот и зачините , варете 15 минути на лесна температура , додадет го јогуртот, зачинете и сервирајте .

[ Назад ]

Посна сарма

  • 1 1/2 шоља ориз
  • кисела зелка
  • 1 лукче
  • 2/3 морков ситно исецкан
  • соја топчиња
  • 1 лажица црно брашно
  • една лажица црвена пиперка
  • лист лорбер, бибер во зрна , сол

Припремете го оризот по основниот рецепт , соја топчиња натопете ги со врела вода да отстојат пола саат . На вода динстајте го лукот , морковот додека не омекне , додадете го оризот и посолете , кога ќе се олади полнете ги листовите од зелка и замотајте и ставете ги во шерпа за готвење, налијте со млака вода и додадете неколку зрна бибер , лорвер и оставете да се вари, на крај направете блага запршка направена на вода .

[ Назад ]

Пица од пченкарно брашно со печурки

  • 1 1/2 шоља пченкарен гриз
  • младо посно сирење
  • 50 гр. старо сирење
  • 1 белка
  • 1 шоља печурки тенко исецкани
  • 1 црн лук
  • 200 гр. домат
  • 0,5 dl млеко
  • морска сол , бибер , оригано

Во 8 dl. солена вода помешајте го пченкарниот гриз, припазувајќи да не се направат грутчиња. Ставете ги на рингла и варете ги 5 минути , тргнете ги од огин и ставете ги во тепсија, формирајте облик на пица со благо издигнати ивици .


На лесна температура динстајте го лукот и печурките на вода додека не омекнат, смесата ставете ја преку пченкарната кора и распоредете ја преку цела површина, ставете и младо сирење, а над него и кругови од домат . Ставете да се пече 15 минути на средна температура , кога е готово ставете над него сирење и прелијте со белка и млеко и продолжете да печете уште 10 минути .

[ Назад ]

Основен рецепт за готвење на интегрален ориз

  • 1 шоља интегрален ориз
  • 3 шољи вода
  • на врв морска сол

Во сад ставете ги оризот и водата на јака температура и оставете да зоврие, додадете сол и преклопете и гответе се додека не ја снема водата , приближно 1 час. Тргнете од огин и оставете вишокот на вода да испари.
Интегралниот ориз можете да го готвите и во експрес лонец , но тогаш ставете 2 шољи вода и варете 45 до 50 минути, тргнете го од огин , оставете притисокот сам да опадне. Варениот ориз може да ви биде главен оброк и да додадете и малку зеленчук .


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.