ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ПРОГРАМА ЗА СЛАБЕЕЊЕ МОНТИЊАК

 
Program za mršavljenje Montinjak

Творец на оваа специфична програма е францускиот нутриционист Мишел Монтињак кој,
експериментирајќи на себе ,дошол до тоа за што ( веројатно ) секој од нас мечтае: Да се
јаде ( скоро ) се а да се губат килограми! Дотичниот нутриционист тврди дека ова му
успеало а сите принципи на својата програма ги опишал во книгата : “ Да се ослабе
засекогаш а да се јаде нормално “.


Единствена работа за која се води сметка во овој систем на исхрана е гликемичкиот индекс
( ГИ ),односно се јадат намирници со помал ГИ и со тоа се спречува концентрацијата на
поголема количина шеќер во крвта, кој секако се претвара во телесни маснотии.Значи,оваа
диета ги исклучува од исхраната “ лошите “ јаглено хидрати (лебот и тестенината од бело брашно,оризот и компирот) , а ги препорачува само оние намирници со гликемиски индекс понизок од 35 ( тиквички,јаболка ,круши ).Ако сте заборавиле што беше гликемички индекс- подсетете се - затоа што има се повеќе докази дека баш намирниците со висок ГИ имаат битна улога во здебелувањето!

Да се вратиме на нашиот драг нутриционист – тој храната ја поделил на четири основни
групи – во зависност од гликемичкиот индекс,односно со која брзина го дигаат нивото на
шеќер во крвта:

1. Јаглено хидратикои вклучуваат разни шеќери и шеќери присутни во тестото,лебот,
пецивата,колачите,слатките...
2. Масти кои вклучуваат маснотии и месо.
3. Мешавини на јаглени хидрати и масти кои вклучуваат јаткасти плодови,бело месо.
4. Влакна кои вклучуваат житарки со полно зрно и зеленчук.

Според оваа диета постојат некои лоши јаглени хидрати кои имаат висок гликемички индекс ( нагло не заситуваат па потоа сме пак брзо гладни) и кои никогаш не смеат да се мешаат со мастите.

Основен принцип на оваа диета е формулација на два плана за исхрана.Првиот се фокусира на тоа како да се намалат килограмите,а вториот како да ја задржиме состојбата која сме ја постигнале.Низ првата фаза се детоксифицира панкреасот што влијае на подобра толеранција према гликозата и врши превенција од прекумерното лачење на инсулин.Оваа фаза трае минимално два месеци.Втората фаза е трајна и се бави исклучиво со одржувањето на тежината која сте ја постигнале на почетокот.

Основни правила на Монтињаковата диета

  • Добрите јаглено хидрати (кои имаат низок ГИ – гликемички индекс ) се јадат самостално и треба да се избегнуваат намирници со лоши шеќери – бел рафиниран шеќер,бели тестенини ,гликоза,компир...
  • Масти и шеќер не се конзумиараат заедно,во ист оброк.Ако јадете маснотии треба да причекате барем 4 часа пред да конзумирате други јаглено хидрати.
  • Алкохолот е дозволен во мали количини – една чаша вино или пиво во денот е
    дозволено.
  • Помеѓу оброците треба да се пие доста вода.
  • Треба да се јаде многу храна која содржи влакна.
  • Дозволени се до две кафиња дневно – секако – без шеќер.
  • Јадете во еднакви интервали секој ден.Избегнувајте ги сите грицки и оброци после
    20 часот.
  • Овошјето не се јаде заедно со останатата храна ( исклучок се јагодите).Овошјето да се јаде како посебен оброк помеѓу оброците.
  • Се препорачуваат незаситени масти како што е маслиновото масло.
  • Се препорачува умерена, секојдневна активност.
  • Диетата е врз основа на конзумирање на намирници со низок гликемички индекс.
  • Се препорачува храна која содржи многу влакна.
  • Диетата е генерално базирана на француската кујна и дозволува намирници како што се чоколадото,сирењето и виното,кои се обично забранети во други диети.

Пример на мени за една недела

Понеделник

  • Појадок : (секогаш ист ) кафе без кофеин и лесен чај со фруктоза или засладувач,свежо овошје , снегулки од интегрални житарки или парче интегрален леб, џем без шеќер, јогурт со минимум млечна маст.
  • Ручек : бифтек на скара,салата од печурки,обарени брокули,благо сирење.
  • Вечера : риба со рокула,интегрални шпагети со домати,посен јогурт.

Вторник

  • Ручек : салата од пилешко бело месо,обарен ослич,карфиол со зелена салата,благо сирење
  • Вечера : боранија со лимон,тврдо варено јајце,посно бело сирење.

Среда

  • Ручек : телешки џигер на тефлон,запечени тиквички,зелена салата,благо сирење.
  • Вечера : чорба од зеленчук,крем од праски.

Четврток

  • Ручек : Салата од краставици,рагу од месо,спанаќ,бело сирење.
  • Вечера : Чорба од праз,кајгана,бело сирење,салата.

Петок

  • Ручек : салата од зелка,телешко печено,посно сирење.
  • Вечера : рибина чорба,харинга и зеленчук на скара.

Сабота

  • Ручек :скуша на скара прелиена со масло и со лук,струган целер со пармезан, сирење
  • Вечера : запечен интегрален ориз со црн патлиџан,салата со лимон,посно бело сирење.

Недела

  • Ручек : омлет со тиквички, пилешко со грав,зелена салата,овошна салата.
  • Вечера : јајца со шунка,мешано обарено овошје,салата,посно сирење.

Напомена :Иако на прв поглед оваа диета може да изгледа комплексна – многу е едноставна, и права штета е да не ја пробате барем 2 недели!



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.