ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Протеинска диета – до 6 кг помалку за 12 дена

 

Како инспирација за оваа диета послужила Аткинсовата диета чии основни принципи
допринеле за настанување на една оваква брза а сепак ефикасна диета без премногу
навлегувања во начините на “работа”,фази и слично.Се што треба да се направи е да се
испочитува дванаестодневното мени а килограмите брзо ќе си заминат (секако колку ќе
ослабете зависи од почетната тежина – што е таа поголема – поголем број килограми ќе
заминат).

Протеинската диета не само да помага во брзото слабеење туку и во зголемувањето на
мускулната маса.Лицето кое се храни према оваа диета не чувствува глад затоа што
проетеините брзо даваат чувство на ситост.Оваа диета пред се е за луѓе кои се многу
активни и имааат малку време за комплицирани оброци.Меѓутоа,како и секоја друга диета,и оваа има свој предности и недостатоци:

Предности :
- Многу брзо слабеете без премногу труд:
- Поради долготрајното чувство на ситост,нема потреба за ужина

Недостатоци :
- Кога ја применувате оваа диета,нивото на шеќерот во крвта е намален и недоволен за нормалнофункционирање на телото.Тоа нарочито влијае врз мозокот така да не може да ја испочитувате оваа диета доколку сте ментално многу активни.



Како изгледа протеинската диета по денови

Прв ден

Појадок: Црно кафе без шеќер, шоља млеко.
Ручек: Чаша сок од домати;1 јајце,салата од варена зелка со малку растително масло.
Вечера: Порција варена или пржена риба (250 гр) ,салата од сезонски зеленчук.

Втор ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек: Салата од зелка и свеж зеленчук со растително масло,порција риба (варена или пржена).
Вечера: Чаша кефир,200 гр варено јунешко или говедско месо.

Трет ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек: Парче тиква ( окулу ½ кг) печена во рерна.Количината која ќе ја изедете не е ограничена.
Вечера:Салата од свежа зелка со растително масло,две јајца,200 гр варено говедско или јунешко месо.

Четврт ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек:150 гр тврдо сирење,3 големи варени моркови прелиени со растително масло, едно меко варено јајце.
Вечера: Овошје по избор (250 гр)




Петти ден

Појадок: Рендан морков со сок од лимон,чај.
Ручек: Една шоља сок од домати,една голема риба (пржена или варена).
Вечера: Овошје по избор (до 250 гр).

Шести ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек: Салата од зелка и моркови,250 гр варено пилешко.
Вечера: Две јајца,шоља исецани моркови прелиени со масло.

Седми ден

Појадок: Чај,1 меко варено јајце.
Ручек: 200 гр варено говедско или јунешко месо,овошје.
Вечера: Шоља јогурт.

Осми ден

Појадок: Чај,100 гр немасно сирење.
Ручек: 200 гр варено говедско или јунешко месо,овошје.
Вечера: Меко варено јајце,сезонска салата.

Девети ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек: Салата од зелка и морков,250 гр варено пилешко месо.
Вечера: Две јајца,шоља исецкан морков со малку путер.

Десети ден

Појадок: Рендани моркови со сок од лимон,чај.
Ручек: Пржена или варена риба (250 гр),шоља сок од домати.
Вечера: Овошје по избор.

Единаести ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек:150 гр тврдо сирење,3 големи варени моркови прелиени со масло,едно меко варено јајце.
Вечера: Шоља јогурт.

Дванаести ден

Појадок: Црно кафе без шеќер,шоља млеко.
Ручек: Една голема тиква динстана на путер,2 јаболка.
Вечера: Шоља јогурт.

Додатни напомени

  • Доколку имате редовни физички активности пред и после нив би требало да пиете јогурт ( по 2 дцл ).
  • Секој ден треба да испиете по една чаша млеко во периодот кога сакате(најдобро кога ќе почувствувате глад.).
  • Доколку ви се појави желба за намирници кои содржат јаглено хидрати едноставно во следниот оброк додајте плодови со јадро (30 гр) или 50 гр махунки.
  • Главен извор на протеини треба да биде посното месо и нискомасни млечни производи.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.