ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ПСИХОДРАМА И ДИЕТА


   

Психодрамска група за подршка ( на лицата на диета)

Групата која ги опфаќа лицата кои се на иста задача со своите правила на функционирање овозможува создавање на сигурно место за истражување ,доволно за подршка на секој член,единствен со сите свои недостатоци и доблести. Почитувањето на различностите и отвореноста за слушање и разбирање на другите кои имаат сличен проблем, но подполно поинаква причина и пристап кон решавањето на проблемот може да покрене на размислување за себе и сличностите на различните.

Улогата на психодрамската група за подршка на лицата кои се на диета произлегува од потребата да на едно место се најдат оние кои имаат заедничка цел: пронаоѓање здрави начини на задоволување на потребите ,по здрави форми на однесување овозможува расветлување на индивидуалните причини за угоеност и пронаоѓање на решенија на проблемите на индивидуален начин и за конкретно лице.Група луѓе на заедничка задача може да пружи многу подршка ,но и да му овозможи на секого да ги пронајде сопствените патишта за раешавање на проблемите и можности за прифаќање на себе “ онаков каков сум “.

Групата за подршка ,која е воедно и психодрамска искуствена група – за психолошка
помош и подршка на лицата кои сакаат да го променат својот начин на исхрана, да
ја регулираат телесната тежина ,држат диета...Заеднички именител на сите членови
на групата би била желбата да со помош на лицата со слични интересирања ја
достигнат целта која се однесува на решавање на проблемите вразани за исхраната.
Групата на лица кои имаат слични искуства може да биде од пресудна важност за
лицето која се соочува со одреден проблем.Самото сознание дека не си сам и дека
не е тоа само твој проблем ја намалува тензијата и овозможува пристап кон
проблемот од некоја друга страна.Разбирањето,подршката и помошта на групата
го олеснува соочувањето со погрешните начини,нуди нови видувања и патишта за
решавање на проблемите.

Проблемите и пореметувањата на исхраната скогаш имаат психолошка заднина.
Храната добива значење кое стварно го нема и представува некаква релативно
успешна замена за “ психолошката глад “ .Лицата се обраќаат за стручна помош
тогаш кога задоволувањето на “ гладта “ , ќе стане есетски,здравствен проблем
или едноставно ќе престане да функционира во психолошка смисла.Некогаш
лицата едноставно сакаат да јадат,им недостасува умереност и сакаат својот
хедонизам да го помират со реалните телесни и здравствени потреби.

Заедничко на овие лица можат да бидат многу работи,но и самата потешкотија во
регулирањето на телесната тежина.

Основањето на групата за подршка за лицата кои сакаат да ослабат и сакаат да ја
користат помошта на оние кои имаат иста цел,сакаат да со нивна помош работат на
себе ,на увојување на нови,по здрави начини на исхрана и однос кон своето тело,
како и на воочувања на погрешните или нездравите досегашни начини на решавање
на проблемите од психолошка природа.

Групата за подршка често ја предводат лица кои имаат лични искуства во решавање
на проблемите со кои се соочуваат членовите на групата , со посебна едукација за
групна работа.Наше мислење е дека работата на групата за подршка е на граница на подршката,затоа е најбезбедно лидерот на групата биде лице кое е психотерапевт,посебно сензибилизиран за групна тематика и стручен во областа на советодавната и психотерапетската групна работа.Терапевтот води сметка за воспоставување и одржување на границите на групата,воспоставување на групни правила кои обезбедуваат создавање и одржување на атмосферата на доверба,кохезија,блискост и отвореност за сите членови на групата.

Потребно е да се овозможи на секој член на групата сигурно место за психолошко истражување,пронаогање и добивање на помош и подршка,без опасност од повредување во секоа смисла-опасноста групата да истражува и она за што не е наменета.Групата за подршка,како и советодавните групи можат да се занимаваат,и често тоа и го прават со психотерапија во права смисла на зборот,иако не се наменети за тоа.Сепак е важно и во ситуациите на добивање на дополнителна корист да се знае и да се остане во областа договорена со основање на групата.

Иако групата која се основа е наменета првенствено за психолошка подршка на нејзините членови,овозможено е и продлабочување на работата со теми блиски на останатите членови.

Психодрамскиот пристап овозможува оживување,утврдување и проработка на проблемите и испробување на нови начини,пристапи и решенија со помош на членовните на групата.Фокусот е на односите со важни лица и воспоставување здрави форми на однесување и повторна изградба на односите со другите на по здрави основи.

Групата обично се состанува еднаш неделно,во време кое му одговара на секој од членовите на групата и трае секогаш 2,5 часа.Групата функционира како полуотворена,односно со стални членови.Кога еден член ќе замине,се упразнува место за нов член.

Присуството е обавезно ,односно секој член мора доколку не доаѓа да го извести лидерот на групата затоа што групата смета на него.Напуштање на групата се најавува и се проработува и на следните 4-5 сеанси.Не е дозволено повремено доаѓање или само посетување на групата.Лидерот на групата ги проценува идните членови дали можат да бидат во групата,колку можат да придонесат на работата на групата и колку тие можат да добијат од групната работа.После проценката од страната на терапевтот потенцијалното членство се најавува на групата која одлучува за неговото примање. Можно е групата да усвои некои правила на функционирање со кои мораат сите да се сложат и да ги почитуваат : на пр : нема пушење,телефонирање,јадење во текот на групната работа и сл.

Psihodramsku grupu podrške osobama koje drže dijetu vodi ECP psihoterapeut Nataša Veselinović, psihoterapeut i edukator psihodrame Instituta za psihodramu i psihoterapeut Pedagoškog savetovališta.

Prijava za članstvo u grupi i dobijanje svih potrebnih informacija se obavlja na tel:
064/22 95 405 ili na Email natalijaivanovna@gmail.com




 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.