ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Три причини заради кои не слабееме


Зашто слабеењето за некои луѓе претставува вистински проблем ?

Сте поминале некое време само на броење на калорискиот внес и редовно сте вежбале но не сте ги постигнале резулатите. Дали ви звучи познато ? Вашиот пријател ослабел многу повеќе правејќи исто што и вие. Тоа навистина не е фер или не сте ослабнале на делови на телото каде сте посакувале. А подоцна ќе слушнете дека има некои што јадат се без ограничување а истовремено не се дебелеат а вас ви се чини само гледајќи ги нив ќе ја зголемите телесната тежина.
Што се случува и дали може нешто да направите за да постигнете подобри резултати ?
Понекогаш постои едноставна причина зашто една особа многу побрзо слабее од другите. На пример машките имаат тенденција брзо да слабеат него ли жените, а тоа е заради тоа што машките имаат поголема мускулна маса заради нивото на тестостерон што влијае на тоа да имаат побрз метаболизам. Машките и женските имаат тенденција масните наслаги да ги таложат на различни места - машките во пределот на стомакот а жените на колковите и бутовите што е особено тешко да се симнат .

Особите кои имаат вишак на килограми можат во почетокот на диететниот план брзо да ослабат . Причина е дека што сте повеќе тешки повеќе калории ќе согорувате при било која активност. Ако сте тешки 80 кг. и ако ви е потребно 3500 калории дневно да ја одржите таа тежина намалувајќи 1000 калории дневно ќе ви овозможи да намалите по еден килограм неделно . Ако имате 80 кг. и потребно ви е 1800 калории дневно за да ја задржите посакуваната тежина и ако пробате да го намалите калорискиот внес на 800 калории дневно, вашето тело нема да има доволно калории и метаболизмот ќе се намали што ќе допринесе намалувањето на килограмите да го успори . Затоа таа особа која треба да симне помалку калограми треба да има и помала калориска разлика затоа што ќе направи потешко да ослабе.
Исто така и годините и телесната градба влијаат на тоа колку ќе слабеете. Старите луѓе слабеат поспоро, можеби заради хормонските промени и затоа имаат помала мускулна маса или заради тоа што не се доволно физички активни.
Затоа никогаш не го споредувајте слабеењето со некој друг, бидете сигурни дека тоа само повеќе ќе ве фрустрира и нема ништо корисно да ви донесе .
Понекогаш и луѓето кои имаат слична телесна градба и тежина и старосна година и исто ниво на активност не добиваат исти резултати дури и кога прават исти нешта. Исто така влијаат и болестите како и лековите кои исто така можат да го успорат слабеењето. Во тој сличај побарајте стручен совет од доктор за да постигнете подобри резултати.
Но најчест проблем за спорото слабеење е обично предизвикан од проблемите кои се поврзани со правилните промени во начинот на исхрана , вежбањето и активностите.


Прв проблем ... Вашите бројки се погрешни

Ообата која е здрава и која нормално функционира почнува да слабее кога ќе потроши повеќе енергија ( калории) него што ќе внесе во облик на храна. Калорискиот дефицит ќе предизвика телото да ги користи масните наслаги и да ги претвара во енергија која огранизмот ќе ја користи за нормално функционирање . Еден килограм на масни наслаги содржи околу 7000 калории енергија така да можете да видите дека намалениот калориски внес од 3500 калории ќе влијае да ослабнете за оклу 500 гр.
Причината заради која слабеењето го чини споро него што луѓето очекуваат не е така огромен и несовладлив како што се чини. Или не се троши онолку калории колку може да се согори или јадат повеќе него што мислат дека јадат или е комбинација од овие два фактори.
Формулата која се користи за процена на калориите потребни за одржување на постојаната тежина не е баш точна за секој - варијации има и до 30-40 % посебно ако процентот на масните наслаги е прилично висок а нивото на физичка активност е многу мал или понизок од просечното а вие пресметувате се што правите на пр. куќни работи ,пазарење, пешачење и др. лесни активности како физичко вежбање иако при тие активности не се постигнува аеробно ниво на откучување на срцето со траење на најмалку 10 минути физичка активност а тоа е ритмичко движење на големите мускули.
Можете да имате ист проблем и за калорискиот внес . Многу е вобичаено луѓето да ја потценуваат количината на храната која ја конзумираат дури и кога водат евиденција за тоа. Ако само ја погледнете вашата порција место да ја мерите или ако имате навика да ги заборавите грицките или додека ја припремувате храната и додека ја пробувате исто така внесувате калории , треба и тие да ги броите и тие ве дебелеат.
За да го надминете овој проблем потрудете се да посветите поголемо внимание и да имате точна евиденција на калорискиот внес . Пратете го внесот пажливо и детално .
Запомнете дека фитнес уредите додека вежбате ви покажуваат колку калории сте потрошиле и не се секогаш прецизни. За да имате по прецизен увид потребно е да имате прецизен уред за мерење на калориската потрошувачка при вежбање.


Втор најчест проблем е претераното губење на мускулна маса

Ние сакаме да мислиме дека секој килограм на изгубената тежина е губиток на масните наслаги , но во стварност секое слабеење е комбинација на масни наслаги и мускулна маса. За да добиете максимален резултат треба да имате максимално губење на масни наслаги и минимално намалување на мускулната маса. Најдобар начин да го постигнете тоа е да што повеќе вежбате и да вклучите тренинг со сила. Со помош на тие вежби ќе направите мускулна маса а пак тоа ќе допринесе повеќе согорување на калории.


Трет проблем е тоа што она што го јадете е еднакво на она и колку јадете ...

Начинот на кој вашето тело реагира на храната која ја јадете е сложен биохемисли процес каде се одлучува каде и кога некој калориски вишок ќе се складира и како таа енергија подоцна ќе се користи . За некои луѓе со одредена предиспозиција диетите богати со прости јаглени хидрати како што се шекери и рафинирани житарици ќе направи полесно калорискиот вишок да го претворат во маснотија и подоцна да го претворат во енергија која им е потребна на клетките. Тоа секако може да придонесе до зголемување на апетитот и поголема желба за слатки. Ако веќе подолго време имате проблеми со тежината и имате зголемен апетит и желба за слатки и споро ја губите тежината можеби е добро да пробате со диета која е богата со протеини и здрави масти а помалку со прости јагленихидрати и шекери.
На прв поглед слабеењето се чини многу едноставно ... јадете помалку и вашето тело со согорување на калориите ќе изгубите на тежината . Но за многу луѓе тој процес е многу сложен и комплициран . Немојте да ги споредувате сопствените резултати со некои други бидејќи не можете да очекувате ист резултат без обзир на тоа колку сте слични. Прифатете го слабеењето како процес и личен експеримент .
Следејќи ги овие совети се надеваме дека слабеењето ќе ви биде полесно и едноставно.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.