ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета за мрзелоиви - Салата диета

 

Да ,да ...до сега беа објавувани во главно брзи диети и некои со право се прашуваа:
A што е со нас кои слабо ги памтиме правилата, не мрзи да готвиме и не мораме баш
брзо да ги намалуваме килограмите – важно ни е да оди.Е кога е така,тогаш за вас оваа
диета е прав избор.Нити нешто претерано ќе се намачите,ниту ќе гладувате,ниту пак ќе
се наработите.Значи ,зборуваме за салата диетата – за чии опис доволни се неколку
реченици.

Од сите диети,салата диетата е веројатно една од најлесните диети за учење и усвојување.Таа се темели на две основни идеи,една е дека доколку сакате да изгубите на тежината морате да ги замените поголемите калориски оброци со помали калориски оброци а другата е дека со вклучување на салатата во вашите оброци можете да го намалите внесот на калории на дневна основа.

Ова не е брза диета.Следејќи ја салата диетата ,вероватно ќе изгубите негде помеѓу 1,5 и 3 кг( или,да ве мотивираме – тоа е негде окулу 18 – 36 кг на годишно ниво!!!).Колку ќе изгубите во голема мерка зависи од вашиот дневен калориски внес,кои зависи од полот, староста ,висината,тежината и секако од секојдневните активности.


Како се практикува салата диетата

Еден од добрите елементи на оваа диета е дека нема многу работи за памтење.Во суштина,може да почнете од тоа да вклучите најмалку три салати неделно.Со салата заменете ги редовните оброци кои иначе ги конзумирате.Со време работете на тоа да го зголемувате бројот на салати неделно,додека не стигнете до тоа да јадете барем еднаш дневно салата како оброк.Додатна корист од салата диетата е да можете да го намалите нивото на холестерол како и крвниот притисок.

Кога ја следите салата диетата ,вие се прилагодувате кон многу едноставниот план каде
што не треба да се изгладнувате.Наместо тоа,едноставно фокусирајте се на конзумирање
повеќе салата,кои по својата природа имаат помалку калории,а со самото тоа и вашето тело има помалку калории на располгање да потроши па ќе мора да “побара “ помош од резервите кои сигурно ги имате( иначе не би го ни читале овој текст).

Уште една работа кај оваа диета дека помага во намалувањето на количините на пржена
храна и производи со голема количина шеќер кои ги јадете.А да не спомнуваме- дека за
една просечна салата доволни се десетина минути за подготовка.

Идеални салати кај овие диети се оние од овошје и зеленчук но за почеток тоа нека не ви биде ограничување – слободно користете и сирење,понекое јајце,туна –за да полесно се привикнете на заменетиот оброк.После тоа – идеална салата е гооолема салата од разни врсти на зеленчук – од сите бои.

Како и да е ,ова е идеална диета (ако може така да се нарече?)за периоди кога не ви е до подготовки на компликувани оброци или кога имате премногу други обврски или сте-
едноставно мрзеливи.Ова е и една од ретките диети која нема никакви контраиндикации
и сите можат да ја применуваат без проблеми.

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.