ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 


11 Причини зашто не ги губите масните наслаги на стомакот


11 razloga zašto ne gubite salo na stomaku

Губењето на масните наслаги (да не кажеме сало) од стомакот е повеќе од задоволство на суетата. Сите тие маснотии а поготово тие кои ги обвиткуваат внатрешните органи ( висцералните ) може да предизвикаат разни заболувања како што се ( срцеви заболувања, дијабет тип 2, инсулинска резистенција, некои видови на рак и др).
Ако со помош на диетата и вежбањето не го стопивте салото од стомакот , тогаш вашите хормони, години , и други генетски фактори можат да бидат причина зашто вие не успевате. Прочитајте ги 11 причини зашто не успевате во тоа ...

 

Стареење

Со стареењето се менува начинот на кое како вашето тело ја добива тежината. Метаболизмот се намалува и кај машката популација и кај женската, се намалува и бројот на калориите кои му се потребни на телото да функционира нормално. И секако жените мораат да се носат и со менопаузата. Ако жената добие тежина после менопаузата тоа ќе биде воглавно во пределот на стомакот ни објаснува Др. Majkl Džensen кој воедно е и професор на медицина на Мајо клиниката на оделението на еднокринологија. Во менопаузата се намалува произвотството на естроген и прогестрон. Исто така и нивото на тестостерон почнува да се намалува но споро. Овие хормонски промени влијае на тоа кај жените да се создава сало околу стомакот. Добра вест е што можете да се изборите со овој процес . Како ? Продолжете со читање и корегирајте ги и другите фактори кои допридонесуваат за создавање на тврдокорното сало.

 

Планот по кој вежбате е многу погрешен

Трчањето е добро за вашето срце но само кардиотренингот нема да ви помогне многу за обликување на вашиот струк. Треба да ги комбинирате со вежби со тегови или кардиотренинг. Тренингот со сила ни ја зголемува мускулната маса , што го потикнува вашето тело да согорува маснотии. Мускулите согоруваат повеќе калории во текот на денот ако имате повеќе мускули. Се препорачува 250 минути вежбање со умерен интензитет или 125 минути вежбање со висок интензитет неделно .

Јадете премногу обработена храна

Рафинираните житарици како што се бел леб, крекери , чипс , рафиниран шекер во сакови и слатки ни го зголемува ризиокот од таложење на салото околу стомакот. Маснотијата на стомакот е причина за конзумација на голема количина процесирана храна и самиот организам нема способност да ја согори . Природната храна како што се овошјето , зеленчукот и интегралните житарици се полни со антиоксиданси кои имаат антиинфламаторно дејство и затоа може да го спречи создавањето на салото на стомакот .

 

Јадете погрешни маснотии

Телото не реагира на сите маснотии на ист начин. Истражувањата покажаа дека поврзаноста на внесот на големи количини на заситени маснотии ( оние кои ги има во месото и млечните производи ) и зголемените висцерални внатрешни маснотии ( кои ги има во маслинките и авокадото ) и специфичната врста на полинезаситени масти ( омега 3 кои се наоѓаат во оревите, семките од сончоглед и лососот ) имаат против воспалителен ефект во телото ако се конзумираат во правилни количини и добро влијаат на нашето тело, но ако се конзумираат премногу може да го внесете калорискиот внес и може да ја зголемите тежината , така да мастите мора да ги конзумирате умрено.

Вашиот тренинг не е доволно интензивен

За ја да отстраните маснотијата од стомакот , морате да го зголемите тренингот, луѓето кои имаат тренинг со висок интензитет побрзо ги губат маснотиите на стомакот за разлика од тие кои вежбаат со помал интензитет, вежбањето со помал интензитет не дава некоја значајна промена , секогаш треба да вежбате со појак интензите бидејќи само така ќе ги потрошите калориите и ќе добиете подобар ефект. Интензивниот тренинг подразбира да вежбате со сила онолку колку можете.

 

Правите погрешни вежби

Доколку сте фанатик и правите по 1000 стомачни и назад - престанете со тоа веднаш. Кога ќе ви остане да ги намалите уште неколкуте сантиметри маснотија на стомакот , многу стомачни кои ги вежбате нема да допринесат за вашата линија да изгледате супер , треба да правите и други вежби, функционални кои ќе ги активираат сите мускули на телото , правете вежби за обликување на грбот и карлицата и другите делови од телото , со помош на тие вежби ќе потрошите повеќе калории додека вежбате. Склековите се одлична функционална вежба бидејќи ги стимулира не само стомачните туку и мускулите на рацете, нозете и колковите.

 

Постојано сте под стрес

Доколку постојано сте под стрес, имате премногу обврски или некои други ситуации кои предизвикуваат напнатост и премногу сте изложени на стрес , тешко дека ќе се ослободите од вишокот на килограми особено ако сте во средната животна доба. Причина за тоа е кортизолот , тој е хормон на стрес кој ја зголемува количината на масти која се лепи и ги зголемува вашите масни клетки. Високото ниво на кортизол се поврзува и со високи висцерални маснотии.

Не спиете доволно

Доколку спиете помалку од 6 саати ноќе , еве еден едноставен начин да го намалите струкот : едноставно додајте уште 2/3 саати повеќе и салото ќе почне да се топи . Една студија која траела 16 години и е спроведена на 70.000 жени покажала дека жените кои спиеле помалку од 6 саати добиле повеќе килограми во однос на оние кои спиеле 7 и повеќе саати. Вишокот на килограми воопшто не бил мал точно 15 кг. Затоа внимавајте на сонот , обезбедете си добар сон и секогаш потрудете се да биде минимум 7 саати .

 

Вашето тело има облик на јаболко

Ако имате тенденција масните да ви се лепат во средниот дел наместо на колковите и бутините ,тогаш вашето тело ќе има облик на јаболко. Оваа генетска предиспозиција значи дека потешко ќе се ослободите од масните наслаги на струкот .

Доколку сте болни

Ако нивото на тестостерон ви е висок , тоа е состојба која ја пратат полицистични јајници и можеби потешко ќе ги намалите килограмите. Ако вашето тело има облик на јаболко ќе биде добро да се посоветувате со вашиот доктор бидејќи може да биде предзнак за состојба на пред дијабетно или дијабетна состојба. Со адекватна терапија и промена на животниот стил - во таквите ситуации можете да се збогувате со вишокот на килограми.

 

Не сте мотивирани

Бидете искрени - колку сте одлучни и посветени на работата да се ослободите од вишокот на абдоминалните масти ? Намалувањето на салото на стомакот подразбира комбинација на ниско калорична диета богата со диетни влакна и малку јаглено хидрати и шекери и кардио тренинг комбинирани со вежби со тегови . Ако сте упорни и имате и имате воља , ќе успеете да го надминете генетското наследство и ќе се ослободите од досадните маснотии на стомакот.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.