ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ШОК ДИЕТА ! 5 кг помалку за 7 дена

 

Шок диетата се разликува од другите диети по тоа што е многу едноставна и за разлика од другите “ брзи “ диети може да се држи повеќе од 3 дена без негативни последи-ци.Самата диета е направена за 7 дена и е избалансирана со добра комбинација на маснотии,протеини, јаглено хидрати , мине-рали и витамини,што ќе го намали вашиот струк без да трпи вашето тело.

Суштината на шок диетата се состои во дневниот внес до 1000 – 1200 калории , поделен на 5 оброци и така цела седмица. Единствен услов за оваа диета е да имате доволно време кое не е преоптеретено со обврски туку во мирен ритам да може да се посветите на самите себе.

НАПОМЕНА : Ако имате било какви проблеми со ендокрилниот систем,бубрезите или
стомакот,тогаш заборавете на оваа диета како и на другите диети за интензивно намалување на телесната тежина.

Секој ден треба да конзумирате:

  1. Витамини и минерали во трагови кои што телото ги добива од овошје и зеленчук.Во текот на еден ден треба да јадете три вида од овие намирници.Дотолку повеќе ,свежо овошје и зеленчук треба да јадете помеѓу оброците а варено овошје и зеленчук да подготвувате за појадок , ручек и за вечера.
  2. 100 гр растителни или животински протеини (риба , јајца,млечни производи, житарки, тестенини,леб ,јаткасти плодови,).Кога сте на оваква диета на телото му требаат протеини затоа што го штитат од замор и губење на мускулната маса.
  3. Маснотиите ја помагаат функцијата на мозокот и позитивно влијаат на кожата и косата.Во диета треба да користите растителни масла и тоа 3 – 5 супени лажици дневно во салатите.
  4. Јаглено хидратите ќе ги имате во 100 гр леб (лебот можете да го поделите на парчиња по 20 гр по оброк),100 гр ориз или 100 гр компири или 100 гр тестенини.Јаглено хидратите и скробот се исто така потребни затоа што тие се главен извор на енергија.Но белиот шеќер треба да биде подполно и засекогаш исклучен од употреба.

Седумдневно мени за Шок диетата

Прв ден

  • Појадок: Две чаши сок од портокал и три супени лажици варен мусли.
  • Предпладневна ужина: јогурт со намалена масленост ( 2 дцл )
  • Ручек: 180 гр риба со 15 гр зелен грав и додадете 20 гр свеж леб.
  • Попладневна ужина: Изедете едно јаболко.
  • Вечера: 80 гр варена тестенина со сос од домати (50 гр ) и варено јајце.

Втор ден

  • Појадок: Чаша сок од боровница и парче свеж интегрален леб.
  • Предпладневна ужина:Една круша.
  • Ручек : Салата од два домата ,100 гр зелка, лажица обарен грашок и лажица зеље на пареа.Зачинете со масло и додадете парче леб со сирење ( 20 гр ).
  • Попладневна ужина: Јогурт ( 2 дцл ).
  • Вечера: 80 гр шпагети со свеж зеленчук.

Трет ден

  • Појадок: Јогурт ( 2 дцл ) со парче црн леб.
  • Пред пладневна ужина: две до три киви.
  • Ручек: 200 гр печена морска риба со варен зеленчук.
  • Попладневна ужина: Коктел од млеко и овошје.
  • Вечера: 70 гр ориз со 100 гр зеленчук

Четврт ден

  • Појадок: Растителен чај,тост и јаболко.
  • Пред пладневна ужина: Јогурт (2 дцл)
  • Ручек: 100гр. шкампи или морски плодови , 200 гр варен морков и зелен грав ( 50 гр )
  • Попладнева ужина: Едно јаболко
  • Вечера: 50 гр тестенини со зеленчук и 40 гр рендано сирење.

Петти ден

  • Појадок: Чаша обрано млеко со три супени лажици хељда
  • Претпладневна ужина: една круша
  • Ручек: 150гр. зелена салата со варено јајце и парче леб, половина јаболко и пет јадра орев
  • Попладневна ужина: јогурт (2 dl)  
  • Beчера:варена помала лигња (или варен пилешки копан), 50 гр. ориз, да се додаде 150 гр. рендан свеж морков и 40 гр. сирење.

Шести ден

  • Појадок: пасиран морков и чаша сурутка со неколку бисквити
  • Предпладневна ужина: коктел од млеко и овошје
  • Ручек: 150 гр. печено пилешко бело месо и салата од домати
  • Попладневна ужина: јогурт со намалена масленост (2 dl)
  • Вечера: 50 гр. варен ориз со 50 гр печурки

Седми ден

  • Појадок: еден портокал, чаша овошен чај и два бисквити
  • Предпладневна ужина: сирење со намалена масленост
  • Ручек: супа од зеленчук
  • Попладневна ужина: сок од морков и лимон
  • Вечера: 60 гр. варен ориз, пржено јајце и 100 гр. спанаќ со парче црн леб

* * *

Физичка активност: Лесна прошетка 30 минути секој ден наутро и навечер.

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.