ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

SOUTH BEACH ДИЕТА

 

 

...или диета на “ јужните плажи “

Автор на оваа многу полуларна диета е кардиологот Д-р Artur Agastaton кои работејќи со голем број на пациенти во праксата ја утврдил неопходноста на правилнта исхрана кај луѓето кои боледувале од болести на срцето и крвотоот.По долгогодишното применување на овој систем на исхрана ја напишал книгата “South beach diet” коjа од првото издание станала светски хит.

За др.Агастатон правилната исхрана која ја дефинирал како “South beach diet” представува сојузник во превенцијата и лечењето на болестите. Меѓутоа ова е и одлчна диетална препорака на угоените поединци кои сакаат да изгубат на тежината а тоа да биде на природен и здрав начин. Токму популарноста на оваа диета не наведува да ја сврстиме во општи диети а не само во здравствени.

Клучен збор – умереност

Принципите на оваа диета се базирани на умереноста и филозофијата дека во ништо не треба да се претерува ниту по секоја цена да се избегнува.Не постојат ограничувања во внесот на одредени нутритиви (масти,јагленихидрати...) туку препознавање кои од нив се корисни за нашиот организам а кој не.Да речеме,шеќерот е како и кај повеќето диети на црната листа и се препорачува негова замена со вештачки засладувачи,а посебен акцент е на доволниот внес на антиоксиданси како и омега-3 масни киселини (преку морска риба или рибино масло.)За да се избегне прејадување авторот препорачува повеќе мали оброци во текот на денот.


Спроведување на диетата South Beach

Диетата се спроведува во 3 фази од кои секоја има точно одредена улога:
- првата е влегување во диетата и прилично е предизвикувачка,
- втора фаза е стабилизирање односно држење на диетата и
- третата фаза која почнува по достигнувањето на сите дефинирани цели и представува
зачувување на тежината и на новостекнатата виталност.

А сега малку пошироко за секоа фаза:

1.Фаза – траење 14 дена

Првата фаза е осмислена така што нагло се губи тежината,се засилува вољата на поединецот да ја држи диетата и ја совлада евентуалната глад.Потоа,учи како да се одберат правите намирници,како без многу стрес од исхраната да се исфрлат штетните намирници како што се разни слатки,леб,пециво и сличните лоши јагленохидрати.Кога подобро ќе се погледа-оваа фаза прилично личи на диетата на др Аткинсон. Се препорачува живинско месо(без маснотии),риба,белки,јатласти плодови и сосем малку јагленохидрати и тоа оние со низок гликемички индекс.Со месото се јадат и големи количини зеленчук:спанаќ,домати,блитва и др.Од маснотиите се користи маслиновото масло како прелив за салата.Вообичаен губиток на тежината во првата фаза е помеѓу 4-7 кг.

Пример на ручек:

Исецкана салата South Beach со туна

Салата:

- 1 конзерва туна во вода (180 г)
- 1/3 исецкана краставица
- 1/3 шоља домати
- 1/3 ситно сецкан целер
- 1/3 сецкано авокадо (замена : иста количина несолено младо сирење)
- 1/3 шоља исецкани ротквици
- 1 шоља исецкана марула.

Прелив:

- 4 лажици ладноцедено маслиново масло
- 2 лажици свеж сок од лимон
- 2 главици уситнен лук
- ½ лажичка пипер.

Начин на подготовка: Сложете ја по слоеви туната, краставиците, доматите, авокадото, целерот и ротквиците во стаклен сад.Помешајте маслиново масло,сок од лимон,лук и црн пипер. Прелијте преку салатата.

2. фаза

Оваа фаза се карактеризира со постепено воведување на намирниците кои беа забранети во фазата 1.Веќе ништо не е забрането ,само се води сметка за количините кои се внесуваат во организамот.Се зголемува внесот на овошјето и житарките (внимателно)Се јадат житарки како што се јачмен,зоб,пченка ,ориз и се од зеленчукот.Акцентот и понатаму е на протеинските намирници како што се месо,риба,сирења,јајца во комбинациа со доста зелнчук.За чудо – тежината во оваа фаза оди по надолна линија.Доклоку сепак почнете да добивате на тежината
или стагнирате во губењето на тежината – знајте дека веројатно сте претерале во внесот на житарки и/или овошје – па вратете се два чекори наназад односно намалете ја количината на овие намирници.

Пример на оброк во втората фаза :

Појадок

- ½ свеж грејпфрут
- 1 парче тост од интегрален леб со парче немасно сирење (окулу 30 г тежина)
- кафе без кофеин или чај со млеко со намалена масленост и засладувач

Ужина

- 125 мл јогурт со намалена масленост

Ручек

Медитеранска салата од пилешко месо

Салата :

- ½ кг пилешки гради без кожичка и коски
- 2 лажици маслиново масло
- 2 шољи подготвен бунгур (излупено и издробено пченично зрно – се купува во продавници за здрава храна)
- 1 и ½ шоља на коцкички исецкани краставици
- 1 и ½ шоља на коцкички исецкани домати
- 1 шоља ситно сецкан млад кромид
- ½ шоља насецкан магдонос
- листови зелена салата

Прелив:

- ½ шоља прелив за салата (мешавина од маслиново масло,изгмечен лук и 1 шоља зачински растенија).
- ½ лажички кари
- ½ гранкички исушени листови на нане
- 1 лажичка сенф.

Подготовка : Во тавче печете го пилешкото на масло на средно јак оган осум до десет минути, односно додека месото не омекне и ја изгуби црвеникавата боја.Превртувајте го често за да добие рамномерна кафена боја.Извадете го пилешкото од тавчето,исецкајте на танки коцкички со големина на залак .Нека се излади а потоа ставете го во фрижидер.

Кога сосема ќе се излади,пилешкото измешајте го со бунгурот, краставиците, доматите , лукот и магдоност во чинијата.Послужете на листови зелена салата и налијте го преливот.


3. фаза

Оваа фаза представува зачувување на постигната тежина а би требала да трае цел живот.Е сега, и самиот творец на диетата др. Агатстон ,свесен дека тоа и не е баш лесна работа,советува ко ја “ кршите “ диетата тоа да биде реткост и да бидете свесни што и која храна значи за вашата тежина и вашето здравје.Значи, може парче торта но еднаш во неколку недели,може и сладолед но заборавете го во следните месец дена...

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.